Контакт

Забава

Меган Маркл од поранешниот сопруг баралa да ѝ плати личен тренер и нутриционист за да остане во форма ако остане бремена

Објавено пред

Војвотката од Сасекс, Меган Маркл (37), од својот прв сопруг побарала да потпише т.н. договор за бременост, со кој ќе си осигури дека ќе ѝ плати личен тренер, нутриционист и дадилка за да може да остане во форма по породувањето, открил близок пријател на Меган за „Дејли мејл“.

Тогашната актерка во подем била толку загрижена за тоа дали ќе се врати во старата форма каква што ја имаат повеќето славни личности ако остане бремена и кога се породи, па побарала од екссопругот Тревор Енгелсон да ѝ плати за личен тренер и нутриционист.

Војвотката од Сасекс исто така сакала да се осигури дека Енгелсон, со кој се венча во 2011 година, ќе ѝ плати дадилка за да ѝ помогне за бебето.

Изворот рекол дека Меган била исплашена познавајќи ја историјата на склоноста кон дебелеење во нејзиното семејството, особено поради фактот што тогаш нејзината кариера одела по нагорна линија во телевизиската серија „Костуми“.

Ваквите информации доаѓаат само неколку дена откако Меган и принцот Хари открија дека го очекуваат своето прво дете.

Изворот исто така открил дека во договорот не бил вклучен адвокат, но сепак Енгелсон се согласил да го потпише. „Таа рече дека го натерала да потпише нешто, можеби било само рачно напишано, но со тоа можела подоцна да му се качи на глава“, рекол изворот.

Меган и Енгелсон беа во брак од 2011 до 2014 година.



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Забава

(Видео) Во Кина родена првата клонирана мачка

Објавено пред

Клонирањето миленичиња добива сè поголема популарност во Кина. Според информациите од компанијата „Синоген“, која се занимава со клонирање животни, во 2018 година биле направени 20 клонови од кучиња и уште толку во првиот квартал од 2019 година. Компанијата планира во рок од пет години да почне да клонира по 500 кучиња на годишно ниво.

Неодамна беше објавено дека компанијата „Синоген“ е прва во земјата која клонирала мачка. Мачето Чеснок на 21 јули било родено од сурогат мајка, а тоа носи ДНК на мачка која умрела.

【Video】

【Video】Cat lovers mourning the death of their beloved felines may soon be able to bring their pets back to life, following the birth of China's first cloned #kitten (Video: Courtesy of Sinogene) http://www.globaltimes.cn/content/1161960.shtml

Posted by Global Times on Понеделник, 19 август 2019

Претседателот на управниот одбор на компанијата „Синоген биотехнологии“, Ми Џидунг, за „Спутник“ изјавил дека во Кина е сè поголема побарувачката за клонирани животни. Според него, тоа е во корелација со зголемената побарувачка за домашни миленици.

„Пазарот за миленичиња во Кина се развива многу брзо, и сега околу 100 милиони луѓе чуваат куче или мачка. Токму оваа група луѓе ја формира побарувачката за клонирани животни, затоа што милениците живеат во семејства многу години и се формира посебна емотивна приврзаност. Многу луѓе не можат да се справат со загубата на мачката или кучето кое го чуваат како миленик или, пак, со фактот дека животното има здравствени проблеми. Всушност, гледано на овој начин, веројатно од секогаш би имало голема побарувачка, само порано технологијата не можела да ги задоволи ваквите желби“, изјавил Џидунг.

Цената за клонирање на домашно милениче изнесува околу 250.000 јуани (32.000 евра), што значи дека не секој човек може да си ја дозволи оваа необична услуга.

Прикажи повеќе...

Забава

Квентин Тарантино во шестата деценија од животот првпат ќе стане татко

Објавено пред

Познатиот холивудски режисер Квентин Тарантино (56) и неговата сопруга Даниела Пик (35) го очекуваат своето прво дете, пишуваат американските таблоиди.

„Даниела и Квентин се многу среќни што може да потврдат дека го очекуваат своето прво дете“, изјави портпаролот на реномираниот режисер за списанието „Пипл“.

Веста дека славната двојка очекува принова дојде девет месеци по венчавката. Минатиот ноември Квентин и Даниела решија да стапат во брак по девет години врска. Тие организираа интимна еврејска церемонија во Лос Анџелес за семејството, најблиските пријатели и соработниците.

Прикажи повеќе...

Забава

Актерот Бардем ја пофали Грета Тунберг истакнувајќи дека таа е промената

Објавено пред

Шпанскиот актер, оскаровецот Хавиер Бардем (50), во говорот одржан во понеделникот во ОН ја пофали младата активистка Грета Тунберг, која се залага за заштита на климата нарекувајќи ја составен дел од општествените промени.

„Таа е промената“, рече Бардем.

Гласот на 16-годишната Швеѓанка е значаен во дискусиите за климатските промени токму поради нејзината возраст, знаење и посветеност, рече тој. Тунберг е инспирација за нејзината генерација затоа што, повикувајќи на протести, предупредува на опасностите од климатските промени, рече актерот.

Гласниот поборник за заштита на животната средина, Бардем, зборуваше во ООН како претставник на „Гринпис“, кој се залага за договорот за океаните да се дискутира во Обединетите нации.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија3 часа

Заев: Ова се мачни и тешки случаи, но секој што се огрешил треба да одговара

Горди сме дека како власт овозможивме услови независниот правосуден систем да работи и да го врати владеењето на правото, изјави...

Македонија5 часа

Жалбата на Јанева одбиена од судот, обвинителката останува во притвор

Кривичен совет од тројца судии ѝ ја одбил жалбата на специјалната јавна обвинителка Катица Јанева за определениот 30-дневен притвор, потврдија...

Свет6 часа

Сточари и дрвосечачи поттикнати од бразилскиот претседател ги прават пожарите во Амазонија, тврдат еколозите

Пожарите во Амазонија ги предизвикале сточари и дрвосечачи, кои, охрабрени од политиката на бразилскиот претседател Жаир Болсонаро, сакаат да ја...

Европа7 часа

Макрон: Нема време за нов договор, Британија ќе стане вазал на САД

Францускиот претседател Емануел Макрон непопустливо му порача на британскиот премиер Борис Џонсон дека нема доволно време да се преговара за...

Топ12 часа

2019 е најцрна година на патиштата во земјата – за шест месеци загинале 70 лица

Декларативни заложби, намален интизитет на активности и реформи, никакви суштински и системски промени. Искршени возила, семејства што живеат во трагедии...

Топ13 часа

(Видео) Очевидци раскажуваат: Возачот се обиде да го изгасне пожарот во автобусот, но огнот бргу се ширеше

Двокатниот автобус со број 5 на ЈСП, кој гореше во близината на Oпштината Ѓорче Петров, се запалил пред автосервис. Возачот...

Македонија13 часа

Фатиме Фетаи: Секој што згрешил мора да одговара

„Никој не е недопирлив“, вели обвинителката Фатиме Фетаи по проширувањето на истрагата за случајот „Рекет“ и приведувањето на шефицaта на...

Македонија14 часа

(Видео) Се запали автобус на ЈСП во Ѓорче Петров, нема повредени патници

Автобус на ЈСП со број 5 утрово се запали во близина на Општината Ѓорче Петров. Од ЈСП информираат дека при...

Македонија15 часа

СДСМ: Правната држава функционира, законите важат за сите

Правната држава функционира, а законите важат за сите еднакво, коментира СДСМ преку соопштение кога вчера беше приведена специјалната обвинителка во...

Свет15 часа

Во Тексас извршена смртна казна, осуденикот тврдел дека е невин

Во Тексас е извршена смртна казна над Лери Сверинген (48), кој беше осуден на смртна казна во 2000 година за...

Македонија16 часа

„Ла Верита“: Катица Јанева е осудена да стане громобран за сите судии и политичари вклучени во системот за изнуда

Италијанскиот весник „Ла Верита“ најавува дополнителни докази кои потврдуваат директна контрола од страна на државниот врв врз активностите за изнудувањето...

Европа16 часа

Меркел и Џонсон се уверени дека ќе се најде решение за брегзитот

Британскиот премиер, Борис Џонсон, и германската канцеларка, Ангела Меркел, во Берлин изјавија дека се убедени дека ќе се најде решение...

Македонија1 ден

(Видео) Русковска: Не би барала притвор за Јанева без доволно докази

Обвинителката Вилма Русковска по одлуката на судот да ѝ одреди 30-дневен притвор на Катица Јанева, вели дека нејзината колешка претхдно...

Македонија1 ден

(Видео) Триесет дена притвор за Катица Јанева

Од вечерва шефицата на СЈО, Катица Јанева, е во истражниот затвор „Скопје” во Шуто Оризари. Судија на претходна постапка ѝ...

Регион1 ден

Закани за бомби испратени до редакции и аеродроми во Бугарија

Бугарската полиција почна да истражува неколку закани за бомби испратени преку е-пошта до медиумски куќи во Софија и до најголемите...

Македонија1 ден

Павлески: Јанева е жртва на случајот „Рекет“

Адвокатот Стеван Павлески кој ја застапува шефицата на СЈО, Катица Јанева, за случајот „Рекет“ вели дека таа е жртва на...

Македонија1 ден

(Видео) Влада: Одговорност мора да има за сите инволвирани во случајот „Рекет“.

Од Владата соопштија дека отворениот случај „Рекет“, во кој сега осомничена е и првата специјалната обвинителка Катица Јанева, потврдува дека...

Македонија1 ден

Катица Јанева донесена во Кривичен суд на распит

Специјалната јавна обвинителка Катица Јанева попладнево откако беше уапсена, однесена во специјалното јавно обвинителство и во нејзиниот дом, спроведена е...

Македонија1 ден

Заврши претресот во куќата на Јанева, со полиција однесена на распит во суд

По два часа заврши вториот претрес во куќата каде што живее шефицата на СЈО, Катица Јанева. Таа по претресот во...

Македонија1 ден

Обвинителството бара притвор за Јанева, стекнала имотна корист од 298.000 денари

Јавното обвинителство бара притвор за специјалната јавна обвинителка Катица Јанева по проширувањето на истрагата за случајот „Рекет“ и попладнево беше...

Досие