Забава
Мекензи Скот се разведува од вториот сопруг

Ниту вториот брак не ѝ донесе среќа на една од најбогатите жени во светот.
Поранешната сопруга на Џеф Безос, милијардерката филантроп Мекензи Скот, поднесе барање за развод од вториот сопруг по помалку од две години брак.
Мекензи минатата година се омажи со професорот по наука Ден Џевет од Сиетел, набргу по разводот од основачот на „Амазон“, Џеф Безос, во 2019 година.
Таа во понеделникот поднесе барање за развод во Врховниот суд на округот Кинг во државата Вашингтон. Според документите, кои новинарите на „Њујорк тајмс“ имаа можност да ги видат, сопругот не го оспорил разводот, а поделбата на имотот веќе била одредена со предбрачен договор.
Мекензи и Ден се венчаа во тајност во март 2021 година, а се шпекулираше дека има проблеми во нивниот брак кога таа престана да го користи неговото презиме во своите потписи. На страницата Giving Pledge, каде милијардерите се обврзуваат да дадат дел од своето богатство на други, неговото презиме повеќе не се појавува покрај нејзиното.
И во нејзината официјална биографија повеќе не се споменува нејзиниот втор сопруг, иако претходно беше наведено дека Мекензи живее во Сиетл со своите четири деца и сопругот Ден.
Да потсетиме, Џеф Безос и Мекензи во 2019 година објавија крај на нивниот брак.
„Решивме да се разведеме и да продолжиме со нашиот живот како пријатели“, беше наведено во објавата, потпишана од двајцата.
Нивниот брак траеше 25 години и тие се родители на четири деца – три сина и една ќерка.
Безос и Мекензи имаа три сина. Но, и двајцата отсекогаш сакаа ќерка. Како и многу други Американци кои во тоа време доаѓаа во Кина да посвојат деца, парот Безос реши да посвои и девојче од Кина.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Забава
По 27 години во Лас Вегас уапсен маж за убиството на раперот Тупак

Полицијата во Лас Вегас уапси маж поврзан со убиството на раперот Тупак Шакур пред речиси три децении.
Дуан Дејвис призна дека бил на местото на пукањето пред 27 години во кое беше убиен Тупак Шакур, и утрово беше приведен, пишува „АП“.
Според „АП“, Дејвис одамна им бил познат на инспекторите и самиот признал во интервјуата и во своите мемоари од 2019 година, „Легендата за улицата Комптон“, дека бил во автомобилот од марката „кадилак“ кога се случило пукањето во септември 1996 година.
Легендата на хип-хоп беше застрелан четири пати во пукање во Лас Вегас во 1996 година. Неговиот убиец никогаш не беше пронајден.
Загина на 25 годишна возраст.
Забава
Ед Ширан ќе објавува албум за секое годишно време

Ед Ширан планира да издаде албум за секое од четирите сезони во годината како што направи за својата математичка серија, но претстои голем поп-албум пред да продолжи со Autumn Variations („Есенски варијации“).
Добитникот на „Греми“ им откри на фановите какви му се плановите откако ќе го издаде „Есенски варијации“, првиот од сезонската колекција албуми, чие објавување е најавено за денес (29 септември).
Британецот им се обрати на своите фанови: „Планирам да направам Summer Variations (летни варијации) и Spring Variations (пролетни варијации), а ќе има и Winter Variations (зимски варијации).
Но, тоа не е сè што доаѓа по новиот албум. Хитмејкерот најави и ‘лајф’-албум.
Британската музичка ѕвезда неодамна откри дека има ‘лајф’-верзија на „Есенски варијации“, која е снимена во домовите на фановите.
Ширан тајно го снимаше проектот додека настапуваше за фановите во нивните дневни соби.
Покрај клипот на кој тој изненади еден фан свирејќи на клавир, Ширан на својот „Инстаграм“ напиша: „Направив неколку изненадувачки попап-свирки во куќите на фановите, тајно снимајќи го ‘лајф’-албумот Autumn Variations, каде што секоја песна е снимена во дневната соба на друг фан, но сето тоа беше целосно изненадување“.
Ширан набргу ќе ја објави ‘лајф’-верзијата на албумот, а вистинскиот албум се очекува денес.
Албумот „Есенски варијации во живо“ во дневната соба на фановите, најверојатно, ќе се појави следниот месец, а студискиот албум во текот на денешниот ден.
Забава
(Видео) Мик Џегер: Каталогот на бендот нема да им го оставам на децата, што ќе им се 500 милиони долари

„Не можете секогаш да го добиете она што го сакате“ (You Can’t Always Get What You Want), гласи насловот на една песна на „Ролинг стоунс“, а се чини дека со ова се согласува и фронтменот на легендарниот бенд, кој навести дека каталогот на „Ролинг стоунс“ може да оди во добротворни цели наместо да им го остави на своите деца.
Во интервју за „Волстрит џурнал“, Мик Џегер, вели дека не планира да го продаде каталогот со песни на бендот од периодот по 1971 година навестувајќи дека, наместо тоа, би можел да го донира за добротворни цели.
„На моите деца не им требаат 500 милиони долари за да живеат добро“, вели славниот музичар. „Ако биде дониран за хуманитарни цели, можеби ќе направи нешто добро за светот“.
Џегер има осум деца. Најстариот има 52, а најмладиот шест години. Најстариот син Карис го доби во 1970 година кога беше со актерката Марша Хант. Ќерката Џејд (51) ја доби една година подоцна со поранешната сопруга Бјанка Џегер.
Тој има четири деца со актерката Џери Хол – ќерките Елизабет (39) и Џорџија Меј (31) и синовите Џејмс (38) и Габриел (25). Лукас (24) се роди додека беше во врска со манекенката Лусијана Гименез Морад, а во 2016 година го доби своето најмало дете Деверо со кореографката и поранешна балерина Мелани Хемрик.
Во истото опширно интервју Џегер препознава сличности меѓу сопственичките проблеми што Тејлор Свифт ги имаше со својата издавачка куќа и раната музика на „Ролинг стоунс“. Имено, бендот сè уште ги нема авторските права на некои од своите најголеми хитови.
„Порано индустријата беше во зародок, немаше доволно луѓе да ве советуваат како што има сега. Но, сè уште се случува. Погледнете што се случи со Тејлор Свифт. Навистина не ги знам деталите, но очигледно не била среќна“, вели Џегер.
„Ролинг стоунс“ на почетокот на овој месец го објави The Hackney Diamonds, прв албум по 18 години. Бендот ја објави и песната Angry, која исто така се наоѓа на албумот, а деновиве обелодени и дел од песната што ја снимија со Лејди Гага и Стиви Вондер.