Контакт

Забава

Мекензи Филипс откри дека семејството ја отфрлило затоа што била во љубовна врска со својот татко

Објавено пред

Мекензи Филипс (59) ја шокираше јавноста пред неколку години кога во шоуто на Опра Винфри откри дека е во врска со нејзиниот татко, покојниот пејач на „Мамас и Папас“, Џон Филипс. Исто така, таа призна дека нејзиното семејство ѝ забележува што ги открила деталите за нивната инцестуална врска во јавноста.

Актерката во својата нова книга пишува за лекувањето од зависности, откривајќи дека нејзиното семејство верувало дека самата е виновна за сè што ѝ се случило.

„Не ме канат на роденденски забави, лути ми се и ми кажуваат дека не се подготвени да ми простат. Тие не сакаат да ми простат што сум малтретирана како дете, но и за фактот што зборував за сè во јавноста“, рече таа.

Мекензи ја откри страшната тајна во 2009 година во книгата „High on Arrival“, во која напиша дека нејзиниот татко ја силувал кога имала 19 години, додека и двајцата биле под дејство на дрога и алкохол. Таа исто така во книгата напиша дека нејзиниот татко ја силувал ноќта пред нејзината венчавка и дека подоцна тие доброволно започнале врска која траела десет години, сè до 1989 година кога забременила, но не била сигурна дали очекува дете со нејзиниот татко или со сопругот. Филипс го платил абортусот, а Мекензи открива дека по тоа не сакала никој да ја допира.

Мекензи спиеше со Мик Џегер на 20-годишна возраст. Тој тогаш бил оженет со најбараниот модел, Џери Хол. За време на сексот им пречел нејзиниот татко, кој, како што вели, бил љубоморен.

Забава

Канје Вест најави дека ќе се сврти кон операта

Објавено пред

Американскиот рапер Канје Вест објави дека својот музички репертоар го проширува со опера и дека неговата следна продукција ќе се вика „Набукодоносор“, а ќе биде изведена во Лос Анџелес на 24 ноември.

Вест најави оперска продукција во текот на викендот, во која ќе настапи госпел-хорот Sunday Service, со кој пејачот годинава изведе многубројни духовни христијански песни.

Операта, која ќе се изведе во калифорниската сала „Холивуд боул“, е во режија на италијанската концептуална уметница Ванеса Бекрофт, порано десна рака на Вест, која работеше со него на модниот бренд Yeezy.

Канје најде инспирација за името на операта во вавилонскиот крал Набукодоносор Втори кого неодамна го спореди во едно интервју споменувајќи дека антички крал како него страдал од биполарно растројство.

„На Набукодоносор му беше дијагностицирано биполарно растројство, но тоа не го спречи да стане крал“, изјави американскиот рапер, кој неодамна се прогласи за најголем современ уметник.

Прикажи повеќе...

Забава

Џејмс Корден преправен во модната икона Ана Винтур

Објавено пред

Домаќинот на Тhe Late Late Show Џејмс Корден приреди изненадување кога на црвен тепих на гала настан се појави преправен во модната икона Ана Винтур.

41-годишниот комичар најпрво се појави во традиционален смокинг, но направи изненадувачка промена на костимите на сцената.

Тој реши да ја имитира Винтур,  долгогодишен главен уредник на „Вог“, на црвениот тепих за време на свеченоста National Portrait Gallery Gala.

Корден излезе на сцената со стилизиран перика со потписот на Вентур, црни очила за сонце и долг црн крзнен капут.

Корден се пошегува дека Ана Винтур „немаше толку влијание врз мојот живот додека бев на сцената облечен како неа да ја презентирам наградата Портрет на нацијата“.

Џејмс како Ана: 41-годишниот комичар излезе со перика што потсетува на фризурата на Винтур, црни очила за сонце и црн крзнен капут.

Корден се пошегува: „Никогаш не сум се чувствувал помоќно од шетањето зад сцена облечен вака. Неверојатно е. Чекорам и сум во стилот  ‘Безос, донеси ми кафе’“, рече тој, алудирајќи на основачот на „Амазон“, Џеф Безос, на кого му беше врачен Портрет на нацијата.

Комичарот на крајот го соблече костумот и откри дека за првпат се запознал со Винтур во 2012 година, додека глумел на Бродвеј.

Винтур е главен уредник на „Вог“ од 1988 година и уметнички директор na Condé Nast. Од 2013 година е исто така и издавач на списанието. Со својата заштитен знак – пејџбоб фризура и темни очила за сонце – Винтур стана важна фигура во големиот свет на модата, особено ценета по острото око за модните трендови и нејзината поддршка за помладите дизајнери.

Со нејзиниот наводно тежок карактер, таа го доби прекарот „Нуклеарна Винтур“.

Прикажи повеќе...

Забава

„Луцифер“ обновен за петтата и последна сезона на „Нетфликс“

Објавено пред

Хит-серијата „Луцифер“ е обновена за петта и завршна сезона на „Нетфликс“. Таа претходно се емитуваше на Фокс три сезони пред „Нетфликс“ да ја оживее четвртата, што дебитираше на услугата стриминг на почетокот на мај годинава.

Иако не е потврден датумот на премиерата на Сезона 5 на „Нетфликс“, неофицијално тоа најверојатно ќе се случи во мај 2020, истиот период од годината како и Сезона 4.

„Воодушевени сме што љубителите на ‘Луцифер’ ширум светот ја прифатија оваа серија на ‘Нетфликс’, а ние се радуваме што ќе им ја дадеме големата завршница на сите кои ја очекуваат“, рече портпаролот на „Нетфликс“.

„Луцифер“ се фокусира на Том Елис – паднат ангел и Господар на пеколот –  кој работи со полицијата во Лос Анџелес и помага при фаќање на криминалците на Земјата. Во серијалот играат и Лорен Герман, Кевин Алехандро, Д.Б. Вудсајд, Лесли-Ен Брант, Скарлет Естевез и Рејчел Харис.

„Ние сме им неизмерно благодарни на ‘Нетфликс’ што го оживеа нашиот серијал минатата сезона и сега ни дозволија да ја завршиме приказната на Луцифер по наши услови “, изјавија фронтмените на серијата, Хендерсон и Модрович.

„Што е најважно, сакаме да им се заблагодариме на фановите за нивната неверојатна страст и поддршка. Најдоброто допрва доаѓа !“

Прикажи повеќе...

Најново

Регион3 часа

Мигрант силувал две студентки во Љубљана

Триесет и осумгодишен државјанин на Мароко е уапсен под сомнение дека силувал две студентки во Љубљана. Како што пренесуваат локалните...

Македонија4 часа

Хрватска го поддржува писмото за Северна Македонија, но нема да го потпише

Хрватска го поддржува писмото кое во врска со Северна Македонија и Албанија на Европската комисија ѝ го испратија министрите за...

Европа5 часа

Членките на ЕУ поделени за предлогот на Франција

Земјите членки на Европската Унија се поделени за предлогот на Франција, некои од нив изразиле поддршка, а други се воздржани...

Македонија6 часа

(Видео) Катица Јанева спроведена во домашен притвор

Поранешната специјална обвинителка, Катица Јанева, од затворот во Шуто Оризари беше спроведена во домашен притвор во стан во Скопје кога...

Македонија8 часа

(Видео) Мицкоски: Најавеното покачување на пензиите е лажно ветување на Заев

Владата на СДСМ и Зоран Заев не ги зголемија пензиите 700 денари, туку, напротив, ги намалија 400 денари, изјави на...

Свет9 часа

Шведска ја прекина истрагата за силување против Асанж

Шведското обвинителство ја отфрли истрагата поради обвинение за силување против основачот на „Викиликс“, Џулијан Асанж, покренато уште во 2010 година....

Македонија9 часа

Екоактивистите ќе протестираат итно да се одземе концесијата од „Еуромакс ресурсис“

Се ближи датумот кога оваа влада нема да може да донесува и спроведува одлуки, а Министерството за економија сè уште...

Македонија11 час

(Видео) Дуковски: На Боки 13 не му работи бубрегот и мокри крв

Адвокатот на обвинетиот Бојан Јовановски, Сашко Дуковски, на наменска прес-конференција за јавноста рече дека е загрижен поради здравствената состојба на...

Топ11 час

(Видео) Во камион пронајдени над 100 килограми марихуана, приведен маж од Валандовско

Граничната полиција на преминот Табановце ноќеска во камион со приколка со бугарски регистарски ознаки пронајде 100 килограми марихуана. Приведен е...

Македонија12 часа

Тупураинен: ЕУ нема да му го сврти грбот на Балканот

Претседавачката со Советот на ЕУ, финската министерка за европски прашања, Тити Тупураинен, порача дека министрите на ЕУ од денешниот состанок...

Македонија13 часа

Дисциплинска за адвокатот Даути зашто бараше да бидат преведени сите списи на албански во ТНТ

Адвокатската комора со допис го известила судот дека повела дисциплинска постапка пред дисциплински обвинител за адвокатот на обвинетата во ТНТ...

Топ13 часа

Дрога и муниција пронајдени во куќа на 25-годишник во Ѓорче Петров

Полицијата уапси двајца скопјани на возраст од 25 и 32 години при извршен претрес во дом во населбата Ѓорче Петров....

Интервју/Дебата15 часа

(Интервју) Италијанскиот амбасадор Ромео: Ќе сториме сè за да ја поправиме историската грешка за вашата држава

На денешниот редовен Совет за општи работи во Брисел, на кој по иницијатива на Италија ќе се расправа за прашањата...

Економија15 часа

САД одново ги одложија санкциите за „Хуавеј“

Администрацијата на американскиот претседател Доналд Трамп ја одложи забраната за продажба на американски производи на кинеската компанија „Хуавеj“ за уште...

Европа16 часа

Во Советот на ЕУ дискусија за реформата за проширување

На состанокот на Советот за општи работи денеска во Брисел, министрите на ЕУ ќе разговараат за ситуацијата во областа на...

Свет1 ден

Три лица убиени во пукање во супермаркет во САД

Најмалку три лица се убиени во пукање во супермаркетот „Волмарт“ во Данкан, Оклахома, објавија американските медиуми. Од локалната полиција наведоа...

Македонија1 ден

Османи се сретна со Тимоние: „Процесот на интегрирање во ЕУ не е запрен“

Вицепремиерот задолжен за европски прашања, Бујар Османи, денеска оствари средба со францускиот амбасадор во земјата, Кристијан Тимоние, на која главна...

Економија1 ден

Бензините поевтинуваат

Бензините од ноќеска на полноќ ќе поевтинат за половина денар, додека цената на дизелот ќе остане иста, соопшти Регулаторната комисија...

Македонија2 дена

(Видео) Таткото на Боки 13 осуден на шест месеци затвор

Миле Јовановски, таткото на Бојан Јовановски, познат како Боки 13, е осуден на казна затвор во траење од шест месеци,...

Македонија2 дена

Серија земјотреси ја погодија Битола

Вчера и денеска регистрирани се серија земјотреси со епицентри во пограничното епицентрално подрачје Битола – Лерин во Грција, соопшти Сеизмолошката опсерваторија...

Досие