Забава
Метју Пери ја продаде куќата во Малибу за 13.1 милиони долари

Метју Пери ја продаде својата класична ергенска куќа на плажата во Малибу за 13.1 милиони долари, помалку од една година откако ја објави на пазарот со цена од 14.95 милиони долари.
Веста ја објави „ТМЗ“ во понеделникот, додавајќи дека Пери (51) добил помалку од бараната цена, но сепак цифрата е сè уште чекор повеќе од износот што тој го платил во 2011 година.
Прекрасниот дом со поглед на океанот Пери го купи за 12 милиони долари.
Имотот од 5.500 квадратни метри се наоѓа на раскошна улица во Малибу. Има четири спални соби и четири бањи.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Забава
Багз Бани премногу реален во „Спејс џем 2“

Нови фотографии од продолжението на Space Jam покажуваат разнобоен камбек на „Луни тјунс“ на филмското платно.
Ако пораснавте со оригиналната кошаркарска авантура, може да забележите дека неколку ликови се редизајнирани. Најпрво, тие му дадоа реален лик на Черизард, а сега и Багз Бани е многу пореален.
Во ова продолжение насловено „Вселенска гужва: ново наследство“ главниот лик е ѕвездата на НБА Леброн Џејмс како измислена верзија на себе.
„Спекс џем 2“ е продолжение на вселенската гужва со Мајкл Џордан од 1996 година.
Забава
Гвинет Палтроу: Мојот сопруг немаше чувство за вкус и мирис девет месеци по заразата со Ковид-19

Гвинет Палтроу вели дека сопругот Бред Фалчук немал чувство за вкус и мирис девет месеци откако се заразил со Ковид-19.
Коосновачката на „Гуп“ и нејзиниот сопруг долго време се бореле со последиците од коронавирусот. Тие со месеци чувствувале некои од симптомите на вирусот иако инфекцијата поминала.
50-годишниот сопруг, ТВ-писател, го имал вообичаениот симптом – нарушување на осетот за мирис и вкус – речиси една година, додека таа сè уште чувствува екстремен замор.
„Тој всушност го доби назад својот вкус и мирис дури во јануари, девет месеци откако ги изгуби“, Гвинет рече во инервју за „Пипл“.
Губењето на чувството за мирис и вкус, познато како аносмија, кај некои луѓе заразени од Ковид-19 е еден од најчестите симптоми, но некои студии откриваат дека тие симптоми не секогаш се губат по закрепнувањето.
Според најнова студија, речиси 90 % од луѓето кои го изгубиле осетот за мирис и вкус како последица на коронавирусот целосно или барем делумно им се вратиле по еден месец, но 10 % од нив никогаш не го добиле назад.
Забава
Николас Кејџ се ожени по петти пат

Николас Кејџ потврди дека тој и Рико Шибата го врзале јазолот минатиот месец.
56-годишниот актер откри дека младенците биле многу среќни по нивната многу мала и интимна венчавка во хотелот „Вин“ во Лас Вегас.
Во разговор со магазинот „Пипл“ тој рече: „Вистина е, многу сме среќни“.
Ова е петти брак на 56-годишниот актер. Тој и 30 години помладата Рико (26) се венчаа на 16 февруари, еден вид симболика што го обележува роденденот на покојниот татко на Кејџ, Аугуст Копола.
Претставник на холивудскиот актер изјави за магазинот: „Датумот беше избран во чест на роденденот на покојниот татко на младоженецот“.
- Книги3 месеци
Македонски лекар ја објави последната исповед на Јосип Броз Тито
- Македонија3 месеци
(Видео) Отстранети два нелегално изградени објекта во општина Центар
- Македонија2 месеци
Возачот на „бентлито“ што „влета“ на плоштад казнет со 45 евра, објавена фотографија од записникот
- Регион2 месеци
(Видео) Прекината прес-конференција на градоначалникот на Бања Лука: „Луѓе ова е сериозен земјотрес“
- Регион2 месеци
(Видео) Снимен моментот на потресот во Петриња – луѓе не можат да се задржат на земјата
- Европа2 недели
Планот за отклучување на Германија протече во медиумите, Меркел: Имаме трет бран
- Свет1 месец
Поради примање мито во Кина погубен поранешен државен функционер
- Економија3 недели
Сите брендови на Индитекс доаѓаат во „Ист гејт мол“