Контакт

Забава

Миа Калифа за малку ќе се задавела, момчето го скрил прстенот во колач

Објавено пред

„За малку ќе го проголтав прстенот“, рече  возбудено  некогашната порноѕвезда  Миа Калифа (26), која се пофали дека е свршена со Швеѓанецот Роберт Сандберг (28).

Роберт, инаку по професија готвач, одлучил дијамантскиот прстен да го сокрие во јадење. А Миа веднаш почнала лапливо да го јаде колачот и за малку ќе се задавела. Оваа Либанонка не очекувала дека ќе се сврши. Всушност, како што самата напиша, тој ден се шетала низ трговски центар и од забава пробувала прстени.

„Јас навистина не го очекував тоа. Веднаш тој ден Роберт се врати во трговскиот центар и ми купи прстен, со кој ме изненади“, рече Калифа. Веста дека се свршила ги погоди нејзините обожаватели кои се надеваа дека таа ќе се врати во порноиндустријата. Но, ништо од тоа. Барем засега.

Сексапилната Миа денес ја гради кариерата како спортска коментаторка. На еден од нејзините први преноси таа имаше ужасна несреќа. На хокејски натпревар Миа ја погоди пак во градите и го скрши нејзиниот имплант. Една година таа мораше да чека да го извадат, а потоа го замени со уште поголем.

Ова за Миа нема да биде прв брак. Како 18-годишна девојка, таа се омажи за средношколската љубов, но тој брак не издржа.

Забава

Храбро скокна во реката и го спаси девојчето што се давеше

Објавено пред

„Еден мал сосед дојде до нас и почна да вика: ‘Мало девојче падна во водата!’ Веднаш се стрчав кон реката, и кога го видов девојчето, ми помина низ главата дека неколку деца веќе се удавија и скокнав. Таа веќе беше побледена, тонеше, ја зграпчив за косата и ја повлеков“, за „Далматински портал“ изјави Јосип Црљен, 37-годишен херој кој во неделата попладне го спаси девојчето од реката Руд.

Јосип скокна во надојдената река кај Триљ, и тоа каде што има вирови и е многу тешко да се плива.

„Бевме во блискиот ресторан за да го прославиме крштевањето на детето на мојот кум, кога одеднаш Матео почна да вика дека девојче се дави во реката. Брзо се стрчавме кон тоа место и видовме девојче кое беше малку под вода, малку над водата, се давеше. Јас веднаш скокнав во водата за да ја извлечам, но водата беше зелена и јас не можев да ја видам. Мислев дека нема да успеам, ќе ја изгубам. Со бескрајни напори, за среќа, ја фатив за косата и некако успеав да ја повлечам на брегот. Морам да признам дека беше многу тешко. Бог ми даде сила да ја извлечам и да ја спасам, рече Јосип.

Тој вели дека не можел да спие цела ноќ и сега оди на лекар, бидејќи сè го боли, особено грлото, но тој е среќен што го спасил девојчето во последен миг.

„Горд сум и на мојот сосед, малиот Мата Тадиќ, кој го виде сето ова и не повика. Подоцна го видов девојчето, дојде мајка ѝ и фала му на Бога, сè заврши добро“, рече Јосиф.

Прикажи повеќе...

Забава

Салма Хаек во потрага по тартуфи во близина на Ровињ

Објавено пред

Актерката Салма Хаек (52) од Ровињ им го честита Велигден на своите обожаватели. Претходно таа позира на фотографија со зајаче, а сега се пофали и со лов на тартуфи. Колку актерката ужива во Истра, покажуваат фотографиите што редовно ги објавува на социјалните мрежи.

Дека се забавува и ужива во пријатно друштво, таа и овој пат покажа со фотографиите на кои позира со Зара и Малa, кучиња трагачи по тартуфи.

„Овој Велигден, наместо во лов на јајца, отидов во потрага по тартуфи“, напиша убавата Салма покрај фотографијата на својот инстаграм-профил.

Нејзиното објавување имаше повеќе од 180.000 допаѓања. „Уживај во Хрватска“, „Прекрасна си, Салма“, се само некои од коментарите на обожавателите.

Прикажи повеќе...

Забава

Николас Кејџ во барањето за развод по само четири дена од бракот: Бев премногу пијан

Објавено пред

Во своето барање за поништување на бракот, кој траеше само четири дена, холивудскиот актер Николас Кејџ тврди дека бил премногу пијан кога се согласил да се жени со Ерика Коике судејќи по документите од судот. Коике, наводно, сега бара пари од него.

Глумецот во барањето вели дека немал можност да размисли за своите дела кога стапил во брак со помалку познатата актерка, дека не бил способен до таа мера да се согласи на брак, пренесе „Јуес викли“ цитирајќи ги документите од судот.

„Пред добивање на дозволата за венчаница и учество во церемонијата на венчавката пиеле многу и се опијаниле“, се наведува во судските документи, во кои се додава дека Кејџ, поради алкохолизираната состојба, кога таа сугерирала да се венчаат, тој импулсивно реагирал без способност за препознавање или разбирање на своите постапки.

Педесет и петгодишниот актер навел дека Коике не ја открила целосната природа и опсегот на својот однос со друга личност, како и целосната природа и опсег на своето криминално минато, кое, наводно, вклучува дополнителни активни кривични постапки. Во судот Кејџ направил сцени, а „Дејли мејл“ успеал да направи видеоснимка од инцидентот.

Првиот брак на Николас Кејџ траеше шест години, од 1995 до 2001 година, вториот брак со ќерката на Елвис Присли, Лиса Мари, во 2002 година, траеше само 107 дена. Штом официјално се развел, Кејџ повторно се оженил. Неговиот трет брак е со Алис Ким, кој траеше најдолго, дури 14 години, и со неа има син, Кал-Ел. Кејџ има и син со поранешната девојка, актерката Кристина Фултон.

Прикажи повеќе...

Најново

Свет58 минути

В четврток прва средба меѓу Путин и Ким на рускиот Далечен Исток

Севернокорејскиот лидер, Ким Џонг-ун, в четврток ќе се состане со рускиот претседател, Владимир Путин, на рускиот Далечен Исток, објави советникот...

Свет4 часа

(Видео) Камерите снимија терорист кој влегува во црквата непосредно пред масакрот

Медиумите на Шри Ланка објавија снимка од надзорните камери снимена непосредно пред еден од нападите. Како што известува „Гардијан“, се...

Македонија5 часа

Северна Македонија или Македонија? Караџовски и Адеми расправаa како да ја пишува државата на извештајот

Членовите на Судскиот совет го изгласаа годишниот извештај за работата за 2018 година, но претходно претседателот Зоран Караџовски и членот...

Топ6 часа

Мицкоски: Не е до чистката, туку проблемот е до тој што треба да исчисти

По најавите на премиерот Зоран Заев дека власта ја примила пораката од граѓаните и дека ќе следуваат кадровски промени, лидерот...

Топ6 часа

Поднесено обвинение против родителите чии деца загинаа во пожар во Велес

Против мајката и таткото, чии деца во јуни минатата година загинаа во пожар во куќа во Велес, е поднесено обвинение...

Македонија7 часа

(Видео) Таткото на Саздовски: Родителите да кажат каде е третиот осомничен, кој е во бегство

Ни една мајка не треба да го закопа својот син, казната е толкава колку што е предвидено во законот. Не...

Македонија7 часа

(Видео) По 19 години затвор за убијците на Никола Саздовски

Кривичниот суд во Скопје им одреди по 19 години затвор на Бесим Беља и Скендер Демири, кои на 29 јуни...

Свет8 часа

Евакуирана Сиднејската опера поради истекување гас

Стотици луѓе се евакуирани денес од Сиднејската опера и околината поради истекување гас, а раководството на куќата објави дека настапите...

Регион9 часа

Убиецот на бугарската телевизиска новинарка осуден на 30 години затвор

Бугарскиот суд го осуди Северин Красимиров на 30 години затвор за силување и убиство на телевизиската новинарка Викторија Маринова. Телото...

Свет9 часа

(Видео) Базен на врвот на висококатница се излеа за време на земјотресот во Манила

Филипините вчера ги погоди силен земјотрес со интензитет од 6,3 степени според Рихтер поради што се тресеа многу згради, а...

Свет9 часа

Најмалку 11 жртви и 24 исчезнати во земјотресот во Филипини

Најмалку 11 лица загинаа, 24 исчезнати, а повеќе од 80 се повредени во земјотрес со јачина од 6,1 степен, кој...

Топ20 часа

(Видео) Дац му подари метла на Заев, премиерот возврати – чистка ќе има

Актерот Драган Спасов Дац на вечерашната трибина на СДСМ во Карпош му подари метла на премиерот Зоран Заев, порачувајќи му...

Европа23 часа

Курц ја осуди песната во која мигранти се споредуваат со стаорци

Aвстрискиот канцелар, Себастијан Курц, побара од помалиот партнер во владејачката коалиција, десничарската Партија на слободата на Австрија, да се дистанцира...

Избори 201924 часа

(Видео) Поништено гласањето на избирачко место во Ѓорче Петров, имало вишок гласачки ливчиња во кутијата

Три гласачки ливчиња повеќе во кутијата од бројот на гласачи нотира Државната изборна комисија во едно избирачко место во општина...

Свет1 ден

Кои се жртвите во Шри Ланка: Деца, познати готвачи, келнери, политичари…

Во терористичките напади во Шри Ланка загинаа најмалку 290 луѓе, а повеќе од 500 се повредени. Меѓу нив, повеќето луѓе...

Избори 20191 ден

ОБСЕ: Изборите беа добро спроведени, но потребна е реформа на изборното законодавство

Во првиот круг на претседателските избори гласачите беа во можност да се информираат пред да го направат својот избор помеѓу...

Македонија1 ден

(Видео) Николоски го наклеветил Вице Заев, но нема да му плати 30 илјади денари отштета

Судијката од Основниот суд Скопје 2, Кети Германова, заедно со двајца судии поротници, донесе пресуда со која утврди дека потпретседателот...

Избори 20191 ден

(Видео) Јанушев: Со постигнатите резултати ВМРО-ДПМНЕ би освоила 53 пратенички мандати, а СДСМ – 41

Вчера се потврди дека кај граѓаните има апатија поради криминалот, корупцијата и сиромаштијата, порача генералниот секретар на ВМРО-ДПМНЕ, Игор Јанушев,...

Избори 20191 ден

(Видео) Пендаровски: Не сум изненаден од резултатот, ја разбрав пораката на граѓаните

Претседтелскиот кандидат Стево Пендаровски вели дека не е изненаден од резултатите од гласањето и дека ја разбрал пораката на граѓаните....

Избори 20191 ден

Река: Нема да тргуваме со гласовите

Од изборниот штаб на претседателскиот кандидат Блерим Река, по вчерашните повикувања и на двајцата кандидати, Силјановска и Пендаровски, кои се...

Досие