Контакт

Забава

Мила Јовович откри непознати детали за своето семејство

Објавено пред

Актерката Мила Јовович на својот профил на „Инстаграм“ ја сподели фотографијата на својата баба Татјана Ивановна со трогателна приказна, која не ѝ беше позната на јавноста.
Актерката на вчерашниот ден, кој се слави во светот како Денот на победата во Втората светска војна, сакаше да ѝ оддаде почит на својата баба.

Мила беше покрај својата баба до нејзината смрт. Секој ден во последните месеци од животот на баба ѝ, која била медицинска сестра за време на Втората светска војна, Мила ја водела на прошетка и разговарала со неа за животот, а сега се сеќава на една од нејзините приказни.

View this post on Instagram

Today, May 9 is WW2 Victory Day and I would like to honor my grandmother Tatiana Ivanovna, may she Rest In Peace, who at 16 years of age, joined the army as a nurse and made it all the way to Berlin. She saved lives and barely escaped with her own, hiding under dead bodies at times to survive. This little girl went through such a hard life seeing death every day. She then came back and started her life all over from nothing, raising two kids as a single parent. I will always remember how amazing she was. I was lucky enough to be with her in the months before she passed, taking her for walks in her wheelchair everyday and talking with her about her life. Those moments are so precious to me. I love you Babushka! We miss you so much!🙏🏼🙏🏼🙏🏼 С Днём Победы!!!🌟🌟🌟

A post shared by Milla Jovovich (@millajovovich) on

Покрај фотографијата што ја објави Мила напиша:

„На 16 години таа отиде во војска и како медицинска сестра дојде во Берлин. Таа спасуваше животи, а одвај и својот. Понекогаш се криеше под телата на настраданите за да не ја најдат. Оваа девојка имаше тежок живот, секојдневно се среќаваше со смртта. Кога се врати, почна нов живот гледајќи смрт секој ден. Потоа таа се врати и почна да живее од нула и подигна две деца како самохран родител“, напиша Мила.



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Естрада

Неизвесно е дали ќе се одржи концертот на Енрике Иглесијас во Загреб

Објавено пред

На само 20 дена пред да се одржи, најавениот концерт на Енрике Иглесијас во Загреб е под знак прашалник.

Најпрвин на интернет се појавиле информации дека концертот е откажан, но како што дознава Индекс.хр, сè уште не се знае дали концертот ќе се одржи или не.

„Настанаа организациски промени“, рекле од агенцијата која го промовира концертот во име на организаторите.

„Билетите не можат да се купат во моментов, како резултат на организациските промени поврзани со концертот на Енрике Иглесијас. Ние ќе се обидеме да обезбедиме нови информации што е можно поскоро“, е објавено на веб-страницата за продажба на билети Eventim.

Од друга страна, најавата за концертот во Загреб исчезна од официјалната веб-страница на Иглесијас. Индекс.хр наведува дека официјално е само дека конечната одлука за концертот треба да се знае утре.

Иглесијас одржа концерт во Загреб во мај 2016 година.

Прикажи повеќе...

Забава

Заради здравјето на вработените, во продавница нема да се пуштаат модерни божикни хитови

Објавено пред

Заради здравјето на вработените, во продавница во Велика Британија нема да се пуштаат модерни божикни хитови.

Менаџерката на продавницата, Ема Годивала, смета дека модерните божикни хитови би можеле да им ги расипаат празниците на вработените затоа што ќе бидат принудени да ги слушаат секој ден за време на работното време од осум часа.

Годивала верува дека и купувачите ќе бидат среќни поради промената затоа што повеќето трговци на мало веќе почнале да ги објавуваат вообичаените божикни хитови, пренесуваат британските медиуми.

Таа исто така вели дека таквата модерна музика се чини дека во никој случај не е погодна за продавница сместена во зграда од 16 век од времето на Тудорите.

„Но, исклучок би бил ако Мараја (Кери) се појави во нашата продавница, на пример. Тогаш ние би направиле исклучок, ќе ја игнорираме забраната и кратко ќе ја пуштиме All I Want For Christmas is You. Но, тоа не значи дека нема да има божикна атмосфера во продавницата. Ќе пуштаме музика од „Оревокршачката“ во изведба на Бинг Крозби, Френк Синатра и Ела Фицџералд “, рече таа.

Прикажи повеќе...

Забава

Девојката на Кијану Ривс ја споредуваат со Хелен Мирен

Објавено пред

Дали Кијану Ривс излегува со Хелен Мирен?

Се чини дека ова беше првото прашање во главите на многу луѓе кога 55-годишниот актер се појави во јавност со својата девојка, визуелниот уметник Александра Грант, во Лос Анџелес минатата сабота.

Корисниците на интернет бргу ја забележаа сличноста помеѓу сребренокосата Грант (46) и Мирен, која освои „Оскар“ за најдобра актерка за улогата на кралицата Елизабета Втора во филмот „Кралицата“ (2006), пишува The StraitsTimes.

Mирен (74) на премиерата на новиот филм The Good Liar рече дека воопшто не ѝ пречат споредбите со Грант.

„Ги видов коментарите,“ рече таа. „Тоа ми ласка затоа што таа е прекрасна“.

Мирен, која е во брак со американскиот режисер Тејлор Хакфорд од 1997 година, рече: „Јас многу добро го познавам Кијану. Тој направи филм со мојот сопруг и тој едноставно е најсимпатичната и најпрекрасна личност“.

Таа мислеше на филмот „Адвокатот на ѓаволот“ од 1997 година, во режија на Хакфорд. Во филмот играат Кијану Ривс и Ал Пачино.

Ривс порано беше во врска со актерката Џенифер Сим, која почина во сообраќајна несреќа во 2001 година.

 

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија1 час

Макрон го пречека Пендаровски во Париз

Претседателот на Франција, Емануел Макрон, го пречека македонскиот претседател Стево Пендаровски во Париз. „Вечерва имав чест да присуствувам на вечерата...

Свет2 часа

(Видео) Грета Тунберг има двојничка во Русија која сака да ја исчисти планетата

Говорот на активистката Грета Тунберг (16) за климатските проблеми наиде на силен одѕив во светот. Два месеца по нејзиниот говор...

Македонија7 часа

(Видео) Постигнат е договор за зголемување на платите на здравствените работнии

Постигнат е договор за зголемување на платите на здравствените работници и соработници, почнувајќи од февруари в година. Платите на лекарите...

Економија8 часа

Горивата поскапуваат

Бензините и дизелот од ноќеска на полноќ ќе поскапат за половина и за еден денар, соопшти Регулаторната комисија за енергетика....

Македонија8 часа

Забрана за работење на компанијата што го загадуваше воздухот во Кочани

Државниот инспекторат за животна средина го забрани работењето на компанијата што учествуваше во загадувањето на воздухот во Кочани. Инспекторатот на...

Македонија9 часа

Заев: Жал ми е ако обвинетиот добие казна бидејќи има малолетни деца, но таа вечер други деца можеа да останат без родител

„Му се извинувам и на премиерот и на сите загрозени таа вечер во Собранието на 27 април 2017 година. Бев...

Македонија9 часа

Одговорните и натаму бараат решение за најопасниот отпад што се чува во ОХИС

Винилхлоридот, една од најопасните материи, се чува на специјална температура, под 20 степени, затоа што е лесно запалива. Има физичко...

Македонија10 часа

Тимоние: До крајот на годината Франција ќе го ратификува протоколот за НАТО

Франција до крајот на годината ќе го ратификува протоколот за членството во НАТО, изјави францускиот амбасадор, Кристијан Тимоние. Одговарајќи на...

Македонија12 часа

Анализите покажаa метил акрилат мономер, но не во воздухот, туку во цевките

Во воздухот нема отровни супстанции, покажаа анализите на штипскиот универзитет по истекувањето во фабриката ОХИС. Траги од метил акрилат мономер...

Свет12 часа

(Видео) Хаос во Хонгконг: запален човек, полицијата пука со вистински куршуми

Еден постар маж е запален во Хонгконг, каде што полицијата претходно пукаше на демонстрантите за време на ескалацијата на насилството...

Македонија13 часа

Заев: Во Охрид договоривме мерки за подобар Западен Балкан

Во Охрид договоривме мерки за олеснување на движењето и брз проток на трговијата, услугите и граѓаните во сите земји од...

Економија13 часа

Истражување: Министерството за здравство потрошило 39 милиони евра за јавни набавки

Министерствата, владините секретаријати и Собранието просечно исполнуваат 55,2 отсто (од максимално можни 100 отсто) од критериумите за транспарентност, отчетност и...

Македонија13 часа

Одложено судењето за „Монструм“ поради смртен случај на поротничка

Во Кривичниот суд утрово беше одложено судењето за случајот „Монструм“ поради отсуство на поротничка што имала смртен случај. Судијата Огнен...

Европа13 часа

Руски историчар свирепо ја убил 40 години помладата љубовница

Познат руски историчар признал дека ја убил својата 23-годишна љубовница кога полицијата го фатила како под дејство на алкохол се...

Свет14 часа

Неколку земји го осудија пучот против Моралес, Мексико му нуди и азил

Претседателот на Венцуела, Николас Мадуро и шефот на мексиканската дипломатија Марсело Ебрард го осудија пучот против боливискиот претседател Ево Моралес....

Свет15 часа

(Видео) Вонредна состојба во Австралија поради пожарите во кои загинаа три лица

Властите во австралиските држави Квинсленд и Нов Јужен Велс прогласија вонредна состојба поради пожарите кои избија за време на викендот,...

Македонија15 часа

Пендаровски во посета на Франција, утре ќе разговара со Макрон

Претседателот Стево Пендаровски од денеска до 13 ноември ќе престојува во Франција каде што ќе учествува на Парискиот мировен форум,...

Европа1 ден

Бугарите и Хрватите се најнезадоволни граѓани во ЕУ

Бугарите и Хрватите се најнезадоволни граѓани во Европската Унија, покажа најновото истражување на Евростат. Просечната општа оценка на квалитетот на...

Свет1 ден

Демонстранти во Боливија запалија куќи на политичари

Претседателот на Народното собрание на Боливија, Виктор Борда, поднесе оставка откако демонстранти ја запалија неговата куќа. „Поднесувам оставка на местото...

Економија1 ден

Дубровник воведува петгодишна забрана за отворање нови ресторани

Градот Дубровник воведува петгодишна забрана за отворање нови ресторани, потврди градоначалникот, Мато Франковиќ. По ограничувањето на бројот на крузери во...

Досие