Контакт

Забава

Михаела Коел триумфира на наградите „Бафта“ за телевизија

Објавено пред

Некои од најголемите sвезди на британското телевизија се собраа во Лондон во неделата на доделувањето на наградите „Бафта телевижн авордс“, најпрестижната церемонија во календарот на индустријата.

dobivaj vesti na viber

Мултиталентираната Михаела Коел е избрана за најдобра актерка на синоќешната церемонија, откако пред две недели исто така освои две „Бафти“ за сценарио и режија на нејзината драма I May Destroy You („Можам да те уништам“).

Коел триумфираше во категоријата најдобра актерка, како и најдобра минисерија на свечената церемонија.

Ова се случува две недели откако таа доби две „Бафта крафт“за сценарио и режија за I May Destroy You, награди кои се доделуваат за таленти зад сцената.

Меѓу другите добитници се Пол Мескал, ѕвездата на Normal People („Нормални луѓе“), кој беше прогласен за најдобар актер, и танцовата група „Диверсити“.



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Забава

(Видео) „Човекот по име Ото“ пристига во киносалите

Објавено пред

Филмот „Човекот по име Ото“ со Том Хенкс во главната улога, еден од најомилените актери на денешницата и двократен оскаровец, конечно, доаѓа во домашните кина.

dobivaj vesti na viber

Ото Андерсон, кого го глуми Хенкс, е 60-годишник кој планира да стави крај на својот живот по смртта на сопругата и присилното пензионирање, но, наместо тоа, се спријателува со своите весели соседи и почнува да го гледа животот низ позитивна призма.

Овој римејк од шведскиот филм „Човекот по име Уве“ ќе ве расплаче и насмее истовремено.

Иако неодамна почна со светска кинодистрибуција, оваа хумористична драма во режија на Марк Форстер (Monster’s Ball, Finding Neverland, Quantum of Solace, World War Z) веќе заработи речиси 75 милиони долари на благајните.

Новата комедија драма е адаптација на извонредната книга на Фредрик Бекмен, „Човекот Ове“, бестселер на „Њујорк тајмс“.

Филмската адаптација со години е голема желба на главната ѕвезда Том Хенкс.

Нашироко признатиот шведски оригинал од 2015 година ја постави скалата високо бидејќи, меѓу другото, беше номиниран за „Оскар“ во категоријата за најдобар странски филм. Предизвикот беше прифатен и имајќи ја предвид реакцијата на публиката, филмот целосно ги исполни очекувањата.

Според „Ротен томатос“, специјализирана веб-страница позната како агрегат на рецензии, A Man Called Otto држи импресивни 97 % според гледаноста на публиката, а и критичарите одлично ја примија оваа американска верзија на прославениот оригинал.

Интересно е да се истакне дека младата верзија на Ото ја глуми синот на Хенкс, Труман, а песната од филмот со наслов Till You’re Home ја отпеа сопругата на Том, Рита Вилсон.

Прикажи повеќе...

Забава

Остри критики за Spare: дали Хари бил под притисок да исфрли отров во своите мемоари?

Објавено пред

Во мемоарите на принцот Хари има некои откритија, кои јавноста и печатените медиуми во Британија не ги прифатија благонаклоно.

dobivaj vesti na viber

Габи Хинслиф, писателка за британски „Гардијан“, вели дека книгата се оддалечува од прашањата од незгоден јавен интерес и се претвора во перење валкани алишта во јавност. Но, тука се отвора прашањето дали принцот бил под притисок да исфрли отров, како што сугерира една критика.

Хари и Меган му се отворија на светот преку книги, серии и интервјуа за да ја објаснат својата страна на приказната. Ова се некои од најжестоките критики за војводата и војвотката од Сасекс.

Мемоарите на Хари беа објавени на 10 јануари. Но, во Шпанија книгата прерано беше ставена на полиците. И, така, штетата беше направена и луѓето имаа добар увид во нејзината содржина пред таа да излезе во светски рамки.

Што кажа јавноста?

„Мирор“ направи анкета барајќи од своите читатели да гласаат. Прашањето беше дали ќе ги читате мемоарите на принцот Хари?“ Резултатите беа, без сомнение, јасни – не.

Анкетата во тоа време покажа дека само 9 % од јавноста ќе ги чита мемоарите на принцот, а 91 % одбиле. Можеби ова не е вистинско претставување на британската јавност, но статистиката овде остава јасна порака.

Книгата беше во продажба на половина цена пред издавањето, што секако не е добар знак за иднината на продажбата. Можеби ова беше причината зошто бргу стана најпродавана во првата недела од продажбата во Обединетото Кралство.

Според Би-би-си, ова е најдолгата бесна порака некогаш испратена. Британската радиодифузна корпорација живописно ја опиша книгата: „Ова е делумно исповед, делумно нагодување и делумно љубовно писмо. На некои места се чини како најдолга бесна порака напишана во пијана состојба.

Критиките стигнаа и од јавноста, и од палатата и од весниците.

Исклучително остра критика дојде од Јан Моир, писател за „Дејли мејл“. Набројувајќи ги многуте интервјуа, книги и ТВ-емисии, тој книгата ја нарече „вишна на мувлосана торта“.

„Дејли мејл“ објави и колумна од А.Н. Вилсон, кој книгата ја опиша како вредна за презир и дело на злоба.

„Донесувајќи ја идиотската одлука јавно да излезе за својот раздор со кралското семејство, Хари без сомнение бил под огромен притисок… да исфрли што е можно повеќе отров… Но, тоа го исфрла него во ужасна светлина. И каква и да му била намерата, ова не нè тера да сочувствуваме со него, туку со кралското семејство“, напиша Вилсон.

Корисниците на „Твитер“ на Хари му кажаа да замолчи.

Ниту самата јавност не беше премногу среќна. Хаштагот #ShutUpHarry („Хари, замолчи“) стана популарен на „Твитер“ откога излегоа откритијата на мемоарите.

Весникот „Сан“ тврди дека пријателите на Хари го повикале да престане за негово добро.

А „Венити феар“ дознава дека Вилијам можеби никогаш нема да му прости на Хари.

Според публикацијата, палатата реагира – но засега неформално. Пријателите на принцот Вилијам рекле дека тој нема да му прости на својот помлад брат што ги открил семејните работи во јавност.

Прикажи повеќе...

Забава

На Болдвин му се заканува затворска казна од пет години

Објавено пред

Алек Болдвин е официјално обвинет за убиство од небрежност на Халина Хачинс на сетот на нивниот филм Rust во октомври 2021 година.

dobivaj vesti na viber

Обвинителите во Санта Фе, Ново Мексико, денеска официјално ги поднесоа обвиненијата.

Тие ја објавија својата намера да го обвинат Болдвин претходно овој месец, но го одложија поднесувањето на случајот за да си дадат време да ја објаснат контроверзната одлука.

Болдвин вети дека ќе се бори против обвиненијата.

Тој вели дека никогаш не го повлекол чкрапалото и дека тоа било трагична несреќа.

Доколку биде прогласен за виновен, му се заканува затворска казна до пет години.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија20 минути

Тупанчевски не негира дека ќе го сменат: Беше лиферувано дека министерството ќе биде ставено на берза

Министерот за правда, Никола Тупанчески не е загрижен доколку го сменат од функцијата, ниту негира дека тоа ќе се случи...

Европа1 час

Кремљ: Помошта од САД за Киев директен пат кон зголемена тензија и ескалација

Портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков, изјави дека нема планови за разговори меѓу рускиот претседател, Владимир Путин, и американскиот претседател, Џозеф...

Македонија3 часа

ВМРО-НП бара власта да докаже дали Ванчо Михајлов е соработник на фашизмот

„Во поглед на сè почестите нагласувања на тоа дека треба да се забрани и затвори македонскиот клуб ‘Ванчо Михајлов’ поради...

Регион4 часа

Авион принудно слета во Белград, патник починал за време на летот

Едно лице починало кога му се слошило во авион, кој синоќа принудно слетал на белградскиот аеродром, соопшти утрово итната помош....

Македонија4 часа

Грковска – Шахин: Поддршката на САД за интеграција на Македонија во ЕУ клучен сегмент за стабилноста во Балканскиот Регион

Заменичката на претседателот на Владата задолжена за политики за добро владеење, Славица Грковска, во рамките на работната посета на Вашингтон,...

Македонија5 часа

СДСМ: Парламентарното мнозинство на СДСМ се зголемува, чекор напред за поддршка на членството во ЕУ

Парламентарното мнозинство предводено од СДСМ се зголемува како чекор напред за проширување на сојузот за поддршка на членството во ЕУ....

Свет5 часа

Заврши паниката во Австралија: пронајдена радиоактивната капсула од 8 милиметри по која се трагаше со денови

Во Австралија е пронајдена исчезнатата мала радиоактивна капсула, што исчезна минатата недела, а бидејќи е многу мала, се вели дека...

Свет5 часа

Непозната жена се обидела со автомобил да влезе во седиштето на ОН

Жена се обидела денеска со автомобил да влезе во седиштето на Обединетите нации во Њујорк, кое е затворено поради празникот....

Свет5 часа

Бајден испраќа во Украина моќни ракети, но не се тие што ги бараше Зеленски

САД подготвуваат пакет воена помош од 2 милијарди долари за Украина, вклучително и ракети со долг дострел, објави „Ројтерс“, повикувајќи...

Македонија15 часа

ИО на СДСМ донесе одлука да продолжат разговорите за зголемување на мнозинството со Алијанса

Портпаролката на СДСМ Богданка Кузеска вечерва одржа прес-конференција на која кажа дека Извршниот одбор на партијата на денешната седница покрај...

Свет18 часа

Русија призна дека нелегално мобилизирала над 9.000 луѓе

Русија призна дека од есента неоправдано регрутирала неколку илјади луѓе за војната против Украина. „ Повеќе од 9.000 граѓани кои...

Свет19 часа

Лукашенко: Ако на нашите руски браќа им затреба помош, ние сме подготвени

Претседателот на Белорусија Александар Лукашенко изјави дека неговата земја е „веќе подготвена“ да и понуди поголема помош на Русија во...

Економија20 часа

(Видео) Ковачевски: Со зголеменото производство на електрична енергија до намалување на цената на струјата

Зголеменото производство на електрична енергија е основа наредниот период да имаме можно намалување на електричната енергија, истакна претседателот на Владата,...

Регион21 час

„Еуроњуз“: САД го блокираа влезот на Косово во Советот на Европа

Министерствата за надворешни работи на одредени европски земји, кои се членки на Советот на Европа, добија нота од амбасадите на...

Македонија1 ден

ИНТЕГРА алармира – се инфилтрира моќна странска служба која работи на спречување на евро-атлантската траекторија на Македонија

„Случајот со претепаниот Христијан Пендиков е само вовед во провокациите што ќе следуваат како што се доближуваат 4 февруари и...

Македонија1 ден

(Видео) Стоилковски: Затворите се решето во кое останува само оној што нема конекции со СДС

„Затворите се решето во кое останува само оној што нема конекции со СДС. Одговорни за тоа се затворските управи и...

Економија1 ден

Ковачевски: Иако сите очекуваа зголемување на цената на струјата, сметките за малите потрошувачи се намалија

Зголеменото производство на електрична енергија е основа наредниот период да имаме можно намалување на електричната енергија, истакна премиерот Димитар Ковачевски...

Европа1 ден

Медведев со цитат од руски поет: „На Полјаците им беше наметната лажна националност“

Поранешниот руски претседател и актуелен заменик-претседател на рускиот Совет за безбедност, Дмитриј Медведев, како дел од проектот „Збор на класиците“...

Македонија1 ден

Реакција од затворот „Скопје“: Филип Андов раководи со институција затвор, а не со логор

„Казнено-поправната установа ‘Скопје’ реагира на изнесените лаги и невистини, како и манипулации од страна на одредени политички партии во изминатиот...

Свет1 ден

(Видео) Уште еден кит заринка на источниот брег на САД

Од минатиот месец 15 кита заринкаа на источниот брег на САД, а 7,6-метарски грбав кит заринка на бреговите на американската...