Контакт

Бизарно

Млада актерка се онесвести во Кан поради претесен фустан

Објавено пред

Американската актерка Ели Фенинг се онесвести на филмскиот фестивал во Кан бидејќи нејзиниот фустан беше премногу тесен.

Актерката (21) се онесвести синоќа на вечерата по повод „Трофеј за Шопард“, објави АП.

Фенинг подоцна на „Инстаграм“ објави фотографија со кренат палец и порака „добро помина“ и покрај она што таа го нарече несвестица поради нејзиниот прада-фустан.

Оваа година актерката беше членка на канското жири.

Таа е најмладата личност што некогаш учествувала во деветчленото жири, кое одлучува за „Златната палма“.

Бизарно

Двајца мексикански актери загинале при снимање на серија

Објавено пред

Мексиканските актери Хорхе Наваро Санчез и Луис Герардо Ривера загинале при проба на сцени за снимање на серија.

Станува збор за серијата „Без страв од вистината“ на мексиканската ТВ продукција „Телевиса“, која во краткото соопштение извести дека Санчез и Ривера починале ноќта меѓу четврток и петок, но не пренесе други детали.

Сепак, според последните извештаи, до инцидентот дошло кога двајцата актери трчале по мост специјално изработен за сцената. Тие се сопнале и паднале од висина од пет метри.

Во извештајот се додадва дека продукцијата е во контакт со мексиканските власти, како и дека телевизијата жали поради несреќата и испраќа сочувство до семејствата на загинатите актери, пренесе агенцијата АП.

 

Прикажи повеќе...

Бизарно

За 1,2 милион евра си ја продала невиноста преку интернет на бизнисмен од Германија

Објавено пред

Деветнаесегодишната Екатерина, која неодамна си ја продала својата невиност за 1,2 милион евра преку популарната интернет-страница „Синдарела ескорт“, проговори за причините зошто го направила тоа.

На страницата се појавила со името Катја, а потеклото ѝ е од североисточна Украина, иако моментно живее во САД. Дека е невина, потврдил и доктор, а за невиноста побарала најмалку 100.000 евра.

Оваа недела е објавено дека нејзината невиност ја купил бизнисмен од Минхен. Другата најголема понуда изнесувала еден милион евра, а дошла од њујоршки адвокат. Пејач од Токио нудел 800.000 евра. Имињата на понудувачите и деталите за нив ќе останат тајна.

Парите што ќе ги добие Екатерина планира да ги потроши на патувања, луксуз и живот. Мажот што ја купи нејзината невиност изјавил дека е подготвен да се ожени со неа и финансиски да ја поддржува со 8.500 евра месечно.

За воопшто да ја понудат својата невиност на продажба, девојките треба со доктор да докажат дека се невини. А мажите, за да учествуваат во акцијата, мора да докажат дека на сметка имаат најмалку 10 милиони евра. Сите што сакаат да се натпреваруваат за одредена девојка мора да приложат 10 отсто минимален износ како аконтација.

Прикажи повеќе...

Бизарно

(Видео) Од хеликоптер фрлено јагне во базен на уругвајски милионер

Објавено пред

Познатиот уругвајски бизнисмен Федерико Алварез Кастиљо (60) и неговата сопруга Лара Бернаскони со денови не можат да откријат кој фрлил јагне од хеликоптер директно во нивниот приватен базен.

На снимките што кружат на социјалните мрежи се гледа како хеликоптерот го надлетува имотот на милионерот, а потоа од него паѓа јагне директно во базенот.

„Кога излеговме од куќата да видиме што се случува, бевме шокирани од сцената. Ова е болна шега. Жестоко го осудуваме сторителот на овој настан и сакаме да се разветли кој стои зад грозоморниот чин“, рекла Лара.

Најпрво беше пренесено дека животното фрлено во базенот било мртва свиња, но Лара посочи дека станува збор за јагне.

Многумина го нападнаа милионерот, обвинувајќи го дека самиот го организирал фрлањето на несреќното животно од хеликоптер, што тој категорично го негира.

„Сакам да го осудам овој чин на вандализам чии жртви сме јас и членовите на моето семејство. Сакам да истакнам дека во моментот на овој луд настан сите бевме дома и слушнавме ужасен шум во градината“, напиша Федерико на својот профил на „Инстаграм“.

Посотојат сомнежи дека зад овој чин стојат пријатели на Федерико кои сакале да се пошегуваат со него.

Прикажи повеќе...

Најново

Свет4 часа

Пожарите би можеле да го чинат австралискиот туризам 3,1 милијарди долари

Разорните пожари во Австралија би можеле да го чинат туристички сектор најмалку 3,1 милијарди американски долари до крајот на годината....

Свет4 часа

Како ќе заработуваат Хари и Меган по заминувањето од кралското семејство

Многу прашања остануваат отворени за иднината на принцот Хари и Меган по одлуката да не користат кралски титули и да...

Забава6 часа

Кина: Новиот вирус може да се контролира, но изворот не е познат

Кинеската национална комисија за здравство соопшти дека епидемијата на нов вид на коронавирус може да се контролира, објави Ројтерс.Комисијата се...

Регион8 часа

Земјотрес со јачина од 4,4 степени ја погоди Албанија

Земјотрес со јачина од 4,4 степени ја погоди денеска Албанија.Епицентарот на земјотресот е на 64 километри северо-источно од Тирана.         ...

Свет9 часа

Иранците ги враќаат телата на жртвите од паднатиот авион, но не и црните кутии

Телата на 11 украински државјани коишто загинаа при падот на авионот кај Техеран  се  пренесени од Иран во Киев, но...

Македонија13 часа

(Видео) Скопјанецот Кристијан Ниневски исто како лани прв дојде до крстот во водите на Вардар

Скопјенецот Кристијан Ниневски (26) и годинава беше најсреќниот од околу 140 верници кои се фрлија по светиот крст во водите...

Европа14 часа

Осум мртви во Чешка, се запалил дом за лица со попреченост

Најмалку осум лица загинаа во пожар во Чешка, кој денеска избувнал во дом за лица со инвалидитет. Повредени се околу...

Македонија14 часа

Петар Рупески од Варош по петти пат го фати крстот во Охрид

Петар Рупески, 30-годишник од Варош, беше најсреќен меѓу неколкуте стотини верници кои денеска влегоа во студените води на Охридското Езеро...

Македонија16 часа

Пендаровски: Богојавление е потсетник материјалните предизвици да не нè оттргнат од духовните вредности

Претседателот Стево Пендаровски, по повод големиот христијански празник Богојавление – Водици, упати честитка до поглаварот на Македонската православна црква –...

Европа1 ден

Хари и Меган останаа без кралските титули

Принцот Хари и неговата сопруга Меган веќе нема да добиваат јавни пари за кралските должности, нема да ги користат титулите...

Македонија1 ден

Шилегов: Тргнати се основите за панорамското тркало, добивме мост без барокни елементи

Скопскиот градоначалник Петре Шилегов, на „Фејсбук“ објави фотографии од кои се гледа дека јавните служби од коритото на реката Вардар...

Македонија1 ден

Емил Јакимовски кој им се закануваше на две новинарки доби осумдневен притвор

Судија на претходна постапка попладневно му одреди осумдневен притвор на Емил Јакимовски, поранешен вработен во Централниот регистар. „Осумдневниот притвор му...

Македонија1 ден

Заев: Остануваме отворени за соработка на изборите со сите, освен со ВМРО-ДПМНЕ

Во однос на прашањето за евентуални изборни коалиции, претседателот на СДСМ, Зоран Заев денеска истакна дека СДСМ е политички субјект...

Свет1 ден

(Видео) Макрон евакуиран од театарот во Париз, демонстранти се обидоа да влезат во зградата

Француските безбедносни сили го евакуираа претседателот на земјата, Емануел Макрон од театарот Ле Буфе ду Норд во Париз поради напад...

Топ1 ден

Разбојниците по кражбата во НЛБ банка го запалиле возилото

Три вооружени лица најверојатно го извршиле грабежот во еокспозитурата на НЛБ банка во Ѓорче Петров.Тие го извршиле грабежот со „опел...

Економија2 дена

(Видео) Aнгеловска: Буџетот е во добра кондиција, платите и пензиите ќе бидат исплатени навреме

„Буџетот е во добра кондиција, финансиите се стабилни. Минатата година имавме добра динамика на наплата со реализација на проекцијата за...

Свет2 дена

Седум планинари исчезнаа во лавина во Непал

Најмалку четворица јужнокорејци и тројца непалски водичи исчезнаа во лавина на популарната патека за планинарење во Непал, соопштија властите.         ...

Култура2 дена

Џејми Ли Кертис за „Медена земја“ твитна: Колку совршен филм, воодушевена сум

Македонскиот документарец номиниран за два оскари, „Медена земја“ ги освои симпатиите и на познатите холивудски актерски имиња. What a perfect...

Економија2 дена

Луксембург – земја со најголема минимална плата во ЕУ

Минималната месечна плата во Луксембург се зголеми на 1 јануари и сега изнесува 2,14 илјади евра. Дури и пред ова...

Економија2 дена

Комората на сметководители препорачува: Канцерогените фискални ленти итно да се забранат како во ЕУ

Од 1 јануари годинава во Европската Унија, стапи на сила забраната за употреба на штетната хемиска материја Бисфенол А или...

Досие