Забава
Мода на црвениот тепих на „Еми“: Највпечатливи изгледи
На шоуто за награди во 2020 година номинираните се појавуваа виртуелно, но оваа година наградите „Еми“ се вратија на традицијата.
Во живо во центарот на Лос Анџелес, парадата на црвениот тепих започна во 15 часот со рани пристигнувања, вклучувајќи го и Џош О’Конор од „Круната“, водителката Никол Баер, Рита Вилсон и Боуен Јанг.
Трендовите на ноќта се фокусираа на светли, смели бои, особено неонски жолти како тие на Кејли Куоко, Михаела Коел и Ања Тејлор Џој, и брилијантни розови нијанси како тие на Анџела Басет, Узо Адуба и Филипа Су.
Фустаните како принцеза придонесоа на старо-холивудскиот гламур, а во такво издание беа Џурни Смолет, Јара Шахиди и Робин Тед. Неколку момци, во меѓувреме, се одлучија за кадифени комбинации, вклучувајќи го и Џејсон Судекис во костум на„Том Форд“ и Бо Бурнам во „Етро“.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Забава
Џенифер Лопез за првпат во сосема „обично“ издание
Џенифер Лопез (54) носи беспрекорни фустани на јавната сцена и ја нарекуваат кралица на стилот, а често ги раздвижува модните трендови, па дури и знае совршено да носи необични комбинации.
Нејзиниот фантастичен изглед во шестата деценија се должи на нејзината посветеност на спортот и здравиот начин на живот. Познато е дека латино дивата секој ден оди во теретана и дека цел живот напорно тренира, како и дека папараците будно ја следат, па често ја фаќаат во тренерки и патики кога оди на тренинг.
Меѓутоа, додека ја напуштала луксузната зграда во Њујорк, таа изгледала речиси непрепознатливо, без шминка и со мокра коса. Се качила во луксузен автомобил, а се претпоставува дека одела на адресата каде што ја чекале нејзиниот долгогодишен тим експерти – шминкери, фризери и стилисти , за да може да блесне во изданието на кое сме навикнати од оваа голема ѕвезда.
Забава
Ќерката на познатата актерка блесна во фустанот што го носеше нејзината мајка пред 25 години
Наследничката на славната двојка го прослави својот роденден во она во што порано блескаше нејзината мајка Кетрин Зета Џонс.
Ќерката на познатата актерска двојка Кетрин Зета Џонс и Мајкл Даглас пред неколку дена го прослави својот 21 роденден, а за таа прилика облече прекрасен фустан кој нејзината мајка го носеше дури пред 25 години.
Дека јаболкото не паѓа далеку од дрвото и дека некои парчиња облека се вечни, без разлика на модните трендови, покажала младата и убава Керис Зита Даглас, која не била ни родена кога нејзината мајка ја носела оваа креација од свила и тантела.
Забава
Хороскопски знаци кои носат проблеми: ако им е досадно, подобро држете се настрана од нив
Хороскопските знаци кои носат проблеми го прават тоа едноставно за забава. Иако понекогаш може да биде смешно, тие често знаат да ги комплицираат ситуациите, но секако, за другите.
Едноставно, постојат хороскопски знаци кои уживаат во правењето неред и хаос, или затоа што им е здодевно и сакаат да се забавуваат или затоа што не можат да се воздржат и кога ќе добијат шанса ќе направат се за да создадат хаос кој често (само) за нив е многу забавно.
Хороскопски знаци кои носат проблеми
Водолија
Ако на овој знак му е здодевно, сè ќе претвори во хаос само поради возбудата. Ова е личност која може да учествува во нешто или едноставно да ужива во моментот да гледа како сето тоа се распаѓа. Тие едноставно се возбудени од екстремно необични ситуации. Ќе викнат „оган“ во толпа само за да видат колку сите ќе бидат вознемирени. Тогаш ќе тврдат дека им е природно право да имаат слобода на говор.
Шкорпија
Претставниците на овој знак сакаат да предизвикуваат хаос и неволји. И не само што го сака хаосот, тој сака и вие да го знаете тоа. Тоа е нешто што треба да го очекувате од него. Тие се многу интелигентни и полни со љубов, но во исто време се и најголемите манипулатори на светот. А сето тоа можат да го постигнат со лаги, заведување, ветувања за богатство и многу повеќе. Ова е особено изразено кога се во прашање романтичните врски.
Лав
Лавовите се вжештени и прават што сакаат, кога сакаат, без разлика на последиците. Ова значи проблеми во пракса. Тие се главоглави и егоисти и само сакаат да ги прават работите на свој начин. Во светот на фантазијата ова би било добро, но во реалниот живот не секој може да го добие она што го сака. Сепак, хаосот што Лавовите го создаваат предизвикува конфузија, повредени чувства, несигурност и цел куп други работи. Тие ќе направат хаос кај сите за да предизвикаат силни емоции.
Близнаци
Близнаците сакаат да прават работи само за да видат што се случува. Не ги интересира како понатаму ќе се развива ситуацијата. Она што ги возбудува е колку во тој момент може да се предизвика метеж и лудило. Хаосот прави претставниците на овој знак да се чувствуваат живи. Близнаците не ги интересира што ќе ги стават своите односи на тест за неколку секунди и ќе предизвикаат хаос. Тие немаат поим што прават, но навистина не им е грижа и често го нарекуваат ова чувство живеење во моментот.