Контакт

Забава

Моделот Изабел Гулер ги распамети мажите со својот секси изглед на карневалот во Рио

Објавено пред

Во Рио се одржа познатиот карневал на кој во центарот на вниманието се најде бразилскиот модел Изабел Гулер (34), која ги распамети мажите со својата секси облека.

Најпровокативен беше горниот де,л кој не успеа да ги скрие нејзините голи гради.

Впрочем, тоа и беше нејзината цел, а поранешната членка на ангелите на „Викторија сикрет“ покажа дека сè уште има извонредно тело!

Гулeр нема мани ни назад ни напред, па на задникот оправдано ѝ пишува „број 1“.

На Гулeр душтво ѝ правеше бразилската актерка Бруна Меркезин (23), која беше во емотивна врска со фудбалерот Нејмар.

Девојките беа главни на карневалот.

Изабел Гулeр е во врска со голманот на фудбалскиот клуб „Ајнтрахт“ од Франкфурт, германскиот репрезентативец Кевин Трап (28).



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Екологија

Во јапонска населба отпадот се сортира во дури 45 категории

Објавено пред

Пластика, хартија, метал? Ова е најчестата класификација, но во јапонската населба Камикацу, која до 2020 сака да стане населба без отпад, сортирањето на ѓубрето не е толку едноставно. Имено, локалните жители се соочени со збунувачки 45 категории за сортирање отпад.

„Да, комплицирано е“, вели 39-годишната жителка Наоко Јокојама, но додава и дека ваквите правила ја направиле еколошки посвесна од порано.

Категориите покриваат сè – од четки за заби до перници. Гратчето планира од в година да го рециклира целиот свој отпад и да ја затвори печката за ѓубре.

Процесот навистина може да биде мачен не само поради тоа што има куп категории, туку и затоа што предмети, како пластични шишиња, треба да се измијат и да се исушат пред рециклирањето. Доколку предметот е составен од неколку делови и материјали, од жителите се очекува да го разделат и да го сортираат секое парче во соодветен контејнер.

Многу делови од Јапонија бараат од жителите да го класифицираат отпадот, но повеќето од нив имаат само неколку категории. Огромна количина ѓубре и натаму се пали.

Меѓутоа, Камикацу била многу поинаква до 2000 година. Тогаш градот морал да затвори една од неговите две печки за согорување отпад бидејќи не ги задоволувала еколошките стандарди. Другата била со премногу мал капацитет за целиот градски отпад, а за нова општината немала пари.

„Си рековме, ако веќе не можеме да гориме отпад во градот – ќе го рециклираме. Всушност, рециклирањето е многу поевтино“, изјавил градскиот претставник Мидори Суга.

Прикажи повеќе...

Забава

Хари и Меган споделија фотографија од бебето Арчи

Објавено пред

Војводата и војвотката од Сасекс, Хари и Меган Маркл, објавија фотографија од нивниот син Арчи за да го прослават Денот на татковците.

На фотографијата Арчи, кој е роден пред шест недели, го држи за рака принцот Хари. Ова е прва фотографија на која одблизу се гледа лицето на кралското бебе.

 

View this post on Instagram

 

Happy Father’s Day! And wishing a very special first Father’s Day to The Duke of Sussex © SussexRoyal

A post shared by The Duke and Duchess of Sussex (@sussexroyal) on

Фотографијата е објавена на официјалните профили на социјалните мрежи на Sussex Royal со опис: „Среќен Ден на татковците и посебен прв Ден на татковците на војводата од Сасекс“.

Арчи Харисон Маунтбатен – Виндзор е прво дете на Хари и Меган.

Прикажи повеќе...

Забава

Луксузната свадба на Рамос – само за музиката платил еден милион евра

Објавено пред

Капитенот на Реал Мадрид, Серхио Рамос, се ожени викендов со Пилар Рубио. На луксузната свадба во Шпанија присуствувале 500 гости, а меѓу нив имало и познати ликови од светот на спортот и шоубизнисот.

Свадбата се одржала во Севиља, во најголемата готска катедрала во светот. На свадбата пеела славната фламенко изведувачка Нина Пастори, а по неа групата AC/DC, икони на рок музиката на кои наводно им било платено милион евра.

Меѓу гостите биле сегашни и некогашни колеги на Рамос, како Лука Модриќ со сопругата Вања, Матија Ковачиќ со сопругата Изабела и други. Најголемо внимание, сепак, привлекле Викторија и Дејвид Бекам.

Кристијано Роналдо не бил повикан поради лошите односи со Рамос откако замина во Јувентус.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија1 час

(Видео) Жителите на населбата Јака се жалат – живееме во кал и мрак, без јавен превоз

Седум години по почнувањето на изградбата на населбата Јака во Илинден, состојбата е непроменета – очајна, а општинската власт не...

Македонија2 часа

Хан: Северна Македонија направи храбри компромиси, ЕУ губи ако не ја награди земјата

Политичкиот компромис на земјите од Западен Балкан треба да биде награден, изјави комесарот за проширување, Јоханес Хан, во пресрет на...

Економија2 часа

Објавен јавниот повик за бесплатен одмор за работниците со ниски примања

Јавниот повик за организиран одмор на работници чии месечни примања во семејството не го надминуваат нето-износот од 22.000 денари е...

Бегството на Груевски3 часа

(Видео) Државата ќе бара екстрадиција на Груевски како организатор на 27 април

Државата ќе бара екстрадиција на поранешниот премиер и бегалец од правдата, Никола Груевски, за настаните од 27 април 2017 година...

Регион4 часа

Јадранот се задушува во пластика и е меѓу најзагадените мориња во Европа

Концентрацијата на пластичен отпад на дното на Јадранското Море е меѓу најголемите во Европа по североисточниот дел на Медитеранот и...

Вести18 часа

Помпео: САД не сакаат војна со Иран

Американскиот државен секретар, Мајк Помпео, денеска изјави дека, иако Иран несомнено е одговорен за минатонеделните напади врз два танкери на...

Македонија18 часа

(Видео) СДСМ избра нов Извршен одбор

Централниот одбор на СДСМ избра нови членови на Извршниот одбор, нов организационен секретар и секретар за меѓународна соработка. Лидерот на...

Спорт18 часа

Победа и одмазда над Грција за сигурно прво место! (галерија)

Македонија ги надмина проблемите од стартот на мечот, и во Струмица ја победи Грција со 27:23 (13:11) во последното коло...

Вести21 час

Сопругата на премиерот на Израел со државни пари јадела во луксузни ресторани

Сопругата на премиерот на Израел, Бенјамин Нетанјаху, Сара Нетанјаху, е казнета со 15.000 долари за злоупотреба на државни фондови. Судот...

Спорт23 часа

Рекорд – дрес на Бејб Рут продаден за 5.64 милиони долари!

Дрес на американската безбол легенда Бејб Рут го сруши рекордот за најскапо продадена спортска „меморабилија“, откако на аукцијата во Њујорк...

Свет24 часа

Електричен дефект ги остави Аргентина и Уругвај без струја

Голем дефект во електричната мрежа ги остави Аргентина и Уругвај без струја, соопшти главната електродистрибутивната мрежа на Аргентина. Според информациите,...

Топ1 ден

Мотоциклист удри во 83-годишна жена на „Партизанска“ и побегна

Непознато лице со мотоцикл синоќа на бул.„Партизански Одреди“ во Скопје удри во 83-годишна жена пешак и побегна од местото. Жената...

Свет1 ден

Трамп повторно го нападна градоначалникот на Лондон поради насилствата

Американскиот претседател Доналд Трамп уште еднаш го критикуваше градоначалникот на Лондон, Садик Кан, нарекувајќи го „катастрофа“, кој го уништува главниот...

Свет1 ден

Се судрија два мали авиони во Нов Зеланд, загинаа двајцата пилоти

Два лесни авиони се судрија при слетување на аеродромот „Худ“ на Нов Зеланд, двајцата пилоти загинаа, соопшти полицијата. Според информациите,...

Свет1 ден

Силно невреме во Швајцарија и Франција, има и загинати

Една жена загинала кога на неа паднало дрво, а друга жена загинала во несреќа на езеро во источна Франција, кое...

Свет1 ден

Вонредна состојба на Нов Зеланд по земјотрес во океанот, се очекува силно цунами

Новозеландската цивилна заштита издаде предупредување после земјотресот со интензитет од 7,4 степени, регистриран во Тихиот океан кај островот Кермадек, ненаселена...

Бегството на Груевски2 дена

Груевски: Напамет не ми паднало да влегувам во багажник за какви било цели

Експремиерот Никола Груевски се огласи на Фејсбук по изјавата на премиерот Заев за германски „Франкфуртер алгемајне цајтунг“(ФАЦ), каде тој рече...

Економија2 дена

ММФ: Најголемиот проблем на Западен Балкан е лошата инфраструктура и невработеноста

Недостигот на капитал и ниската вработеност се најголемиот проблем на земјите од Западен Балкан, изјавил високиот регионален претставник на Меѓународниот...

Македонија2 дена

(Видео) Заев до Хан: Добивањето датум ќе биде потврда дека се што направивме вредело

Претседателот на Владата, Зоран Заев денеска во Австрија се сретна со еврокомесарот за проширување и добрососедска политика, Јоханес Хан. На...

Македонија2 дена

(Видео) Раководството на МВР врши мобинг врз Независниот синдикат на полицијата

Портпаролот на Независниот синдикат на полицијата, Дејан Саздов, обвини дека раководството на Министерството за внатрешни работи врши мобинг врз членовите...

Досие