Забава
Модриќ покажа како ја прослави „Златната топка“ со своето семејство

Лука Модриќ на „Инстаграм“ објави неколку фотографии кои покажуваат како го прослави освојувањето на „Златната топка“ со своето семејство.
„Семејството, моето злато”, напиша Лука во описот на фотографиите на кои со сопругата Вања и децата позира со Златната топка. Камерите ги фатија како сите заедно ја бакнуваат „Златната топка“.
Инаку, на официјалниот Јутјуб канал на Реал Мадрид, се појави видео што покажува како семејството Модриќ се подготвуваше за наградата. Социјалните мрежи, исто така, открија дека Лука и Вања Модриќ во Париз ја повеле својата фризерка Антонија Мужар, иако на располагање имале париски фризери.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Забава
Пејачот Р Кели обвинет за сексуална злоупотреба

Пејачот Р Кели е обвинет за сексуална злоупотреба на жени и тинејџерки, објавија американските медиуми. Тој се товари со 10 точки од обвинението за тешки криминални сексуални малтретирања, особено деца.
Аренби-ѕвездата, чие вистинско име е Роберт Силвестер Кели, никогаш не бил осуден и претходно ги отфрлил сите наводи.
52-годишниот пејач се очекува да се појави пред судот во Чикаго, каде што живее, на 8 март.
Според американските медиуми што ги виделе судските досиеја, има четири наводни жртви, кои биле на возраст од 13 до 16 години во времето кога пријавиле напад од страна на пејачот.
Кели, чиј најпознат хит е песната „Верувам дека можам да летам“, се соочи со многубројни обвинувања за сексуална злоупотреба, непристојни фотографии на деца и други престапи.
Во 2017 година Кели ги негира тврдењата дека држи голем број млади жени во т.н. култ.
Забава
Спасиле див волк од замрзната река мислејќи дека е куче

Работници што работеле на брана на реката Парну во Естонија мислеле дека спасуваат куче од замрзнатата река не знаејќи дека, всушност, во својот автомобил ставиле див волк, пренесе Би-би-си.
Кога пробиле пат низ мразот, тие го зеле замрзнатото животно и веднаш го однеле на ветеринар. Дури тогаш кај ветеринарот забележале дека се работи за волк, а не за куче.
Здружението за заштита на животните на Естонија соопшти дека волкот имал низок крвен притисок кога пристигнале кај ветеринарот, што ja објаснува неговата мирна и послушна природа кога луѓето го носеле во автомобилот за да го стоплат.
„Тој беше мирен, дури легна на моите нозе. Кога сакав да ги помрднам, за момент ја исправи главата“, рекол еден од спасувачите.
Според ветеринарите, се работи за локален млад волк, кој е на возраст од една година, познат меѓу ловците во регионот.
Естрада
Актер лажирал расистички напад за да го зголеми својот хонорар од 100 илјади долари

Американскиот актер Џаси Смолет, ѕвезда од серијата „Империја“, е уапсен откако полицијата утврдила дека тој исценирал расистички напад врз него за време на кој, наводно, речиси бил линчуван со поставување јамка околу вратот.
Смолет, кој е Афроамериканец, пред неколку недели во полицијата во Чикаго пријавил дека на улица бил претепан од двајца мажи и дека нападот бил расно мотивиран, но потоа се покажало дека актерот самиот ги ангажирал наводните напаѓачи и заедно го исценирале инцидентот – со цел да се зголеми неговиот актерски хонорар.
Агенцијата АП, повикувајќи се на лице запознаенo со ситуацијата, пренесува дека Смолет заработувал повеќе од 100 000 долари по епизода од популарната серија во продукција на „Фокс“.
„Гласот на Америка“ објави дека наводната жртва станала осомничен откако Смолет вчера наутро бил уапсен во Чикаго, под сомнение дека во полиција пријавил лажен напад.
„Смолет прво се обидел да привлече внимание со испраќање на лажно писмо, базирано на расни, хомофобични и политички навреди. Кога тоа не му успеало, тој платил 3.500 долари за лажирање напад“, рекол полицискиот службеник од Чикаго, Еди Џонсон.
Се наведува дека Смолет со недели тврдел дека среде улица го претепале двајца мажи кои истовремено го навредувале на расна основа и наводно му ставиле јамка околу вратот.
Адвокатите на Смолет во негова одбрана рекле дека актерот, како и сите други граѓани, има право на пресумција на невиност.
- Истражувања3 месеци
Во дворот на МЗТ ќе се гради фабрика за преработка на медицински отпад, паника кај околните фирми
- Истражувања1 месец
(ВИДЕО) Градоначалничката на Арачиново со службени пари купувала суџук, мирисливи свеќи, пилешки гради и дрвени лажици
- Истражувања2 месеци
Фондот за иновации прво одобрил грант од 200 илјади евра на сопругот, па ја вработил сопругата
- Проверка со факти3 месеци
Заев прифаќа амнестија за 27 април, а тврдеше дека нема да има
- Проверка со факти2 месеци
(Видео) Шекеринска: Нема да се пазариме со амнестија
- Проверка со факти2 месеци
(Видео) Макрадули: Популизмот не помага при решавање со загадувањето
- Македонија2 недели
Скандалозна распределба на пари во култура – има за тетовски, нема за скопски џез-фестивал
- Македонија2 месеци
(Видео) Кога општеството потфрла, кучето Бен му помага на момчето со церебрална парализа