Контакт

Бизарно

Момчето ѝ понуди брак со прстен од сопствената коса

Објавено пред

Откако му кажа „да” на своето момче, една девојка на социјалните мрежи се пофали со фотографијата на прстенот со кој нејзиниот иден сопруг ја побарал за жена. Момчето го направило прстенот сам, и тоа од неговата сопствена коса, што ја воодушеви неговата девојка, според „Сан“.

„Среќен петок! Мојот дечко сега ми стана свршеник. Ми понуди брак со прстен направен од неговата коса. Ова е само привремено додека вистинскиот прстен не биде готов”, напиша таа покрај фотографијата на која е прстенот од коса.

„Колку и да го сакам моето момче, мислам дека никогаш не би ја носела неговата коса намотана околу прстот”, напиша една девојка.

„Ова е одвратно и сурово”, напиша еден човек, додавајќи дека потегот на нејзиното момче не е романтичен, ниту пријатен. Сепак, има и такви кои сметаат дека овој гест е симпатичен, особено што момчето се потрудило на девојката да ѝ даде свршенички прстен по мерка.



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Бизарно

Брус Ли се врати во Мостар – полицијата успеа да ја пронајде украдната статуа

Објавено пред

Украдената статуа на легендарниот актер и мајстор за боречки вештини Брус Ли, која беше поставена во големиот градски парк во Мостар во 2005 година, беше пронајдена од полицијата, а злосторникот што ја украл и сокрил е уапсен.

Статуата исчезна од паркот во Мостар на 3 март, а како што утврдила полицијата, статуата била одвоена од постаментот со пила и украдена. Потоа се преземени сите истражни мерки за пронаоѓање на статуата и изведување на сторителот пред лицето на правдата.

Настанот предизвика бројни осуди, критики, коментари и бура од реакции, бидејќи статуата во најголемиот град во Херцеговина стана своевидна атракција.

Автор на бронзената статуа на Брус Ли е загрепскиот академски скулптор Иван Фијолиќ, а споменикот во неколку наврати беше мета на вандали кои неколкупати го оштетуваа, па градските власти претходно го отстранија поради санација и доработка.

Прикажи повеќе...

Бизарно

(Видео) Мона Лиза посипана со супа: Две жени го нападнаа познатото ремек дело во Лувр

Објавено пред

На снимката се гледаат две демонстрантки како се прикрадуваат под бариерите заштитувајќи го ремек-делото на Леонардо да Винчи пред да ја потурат сликата со супа.

Потоа и двете ги соблекле јакните за да откријат бели маици на кои со големи црни букви беше испишано „Riposte Alimentaire“ – што значи „Одговор на храната“.

Сликата се наоѓа во музејот Лувр во Париз.

Демонстрантите, наводно, барале право на „здрава и одржлива храна“.

Ова не е прв пат Мона Лиза да биде мета на климатски активисти – во мај 2022 година, демонстрантите фрлија торта врз неа.

Маж преправен во постара жена во инвалидска количка фрли торта врз непроценливото дело, пред да извика „мислете на планетата!“ додека беше придружуван надвор од зградата.

Се обидел да го скрши и заштитното стакло пред сликата, но не успеал.

Прикажи повеќе...

Бизарно

УФЦ шампион донел девојка дома да ја вери, па дознал дека веќе е омажена

Објавено пред

Навистина бизарна ситуација му се случила на актуелниот шампион на УФЦ во полутешка категорија, Алекс Переира. Тој тврди дека неговата поранешна свршеница Мерл Кристин во текот на целата врска криела дека веќе била мажена за друг маж!

Се чинеше дека на Переира му цветаат рози на сите полиња. Тој е непобедлив во октагонот, а одлично му оди и на љубовен план… Беше во долгогодишна врска со избраничката Мерл Кристин и планираше да се венчаат, но потоа откри дека неговата саканата водела двоен живот.

Кристин била во брак додека била во врска со познатиот борец. Барем така тврди Переира.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија6 минути

Љутков: Со 25 милиони денари, целосно реконструиран Спомен-домот на Разловечкото востание и поставена нова музејска поставка

„Македонија предолго живееше со страв да не навреди некого ако се сака себеси“, рече министерот за култура и туризам Зоран...

Македонија17 минути

ДУИ: Изјавата на ВМРО- ДПМНЕ дека Владата бара „законско решение“ за полагањето на правосудниот испит е обид за саботирање на Законот за употреба на јазиците

Изјавата на ВМРО- ДПМНЕ дека Владата бара „законско решение“ за полагањето на правосудниот испит, кое наводно ќе било во согласност...

Македонија31 минута

(Видео) Филипче: Мицкоски да одговори зошто не ги става Бугарите и другите малцинства во Уставот и да ги почне преговорите со ЕУ

Претседателот на СДСМ, Венко Филипче, во одговор на новинарско прашање порача дека наместо креирање поделби и отворање вештачки теми, Мицкоски...

Црна хроника48 минути

Тешко повреден мотоциклист по судир со возило во Скопско

Вчера околу 15:40 часот во СВР Скопје е пријавено дека во с.Јурумлери, скопско, на крстосница од регионален пат Скопје-Велес и...

Македонија1 час

ВМРО-ДПМНЕ: Каков блам, следно е Филипче да држи прес за колекционерство на салфетки и за нумизматика

Тешка срамота е во што се претвори некогаш важната СДС. Од партија што барем глумеше сериозност, денес остана политичка група...

Македонија1 час

Филков за протестите за полагање на правосуден испит: Македонскиот јазик не е пречка, тој е обврска

Најостро реагирам на обидот, полагањето на правосудниот испит да се претвори во поле за политички притисок и етничка конфронтација. Правосудниот...

Црна хроника1 час

17-годишнo девојче нападнато од нејзин соученик во Карпош: подолг период психички ја малтретирал

Синоќа во 19:15 часот во СВР Скопје, О.С.(45) од Скопје пријавил дека околу 14:30 часот во средно училиште на подрачјето...

Црна хроника1 час

Татко се обидел да ја спаси малолетната ќерка која ја држеле за врат: бил нападнат со кундак од пиштол

Утрово во 01:45 часот во СВР Скопје, Н.Ш.(41) од с.Кондово, скопско, пријавил дека на 18.05.2026 околу 21:30 часот пред неговиот...

Спорт1 час

Аморим ќе го наследи Мурињо во Бенфика

Рубен Аморим е првиот кандидат да го замени Жозе Мурињо на клупата на Бенфика, пишуваат португалските медиуми. Поранешниот играч на...