Контакт

Забава

(Видео) Момче продаде бубрег за да купи ајфон, сега оди на дијализа

Објавено пред

Ксаo Ванг имаше само 17 години кога реши да продаде бубрег за да си купи ајфон 4 со тие пари бидејќи не можеше да си го дозволи тоа. По операцијата, лекарите му рекле дека ќе води нормален живот со само еден бубрег, но осум години подоцна, на 24-годишното момче е тешко болен и оди на дијализа.

Пред осум години ајфон 4 беше статусен симбол во средното училиште во кое одеше Ксао во кинескиот град. Тој потекнува од сиромашно семејство кое не можеше да му купи телефон, па тој одлучи да продаде еден од неговите здрави органи.

Со помош на посредник, Ванг стапи во контакт со луѓе кои се специјализирани за продажба на органи на црниот пазар. Тие се договорија за цена од 22 000 јени (околу 2 800 евра), што беше повеќе од доволно за посакуваниот телефон.

За жал, оваа непромислена одлука целосно го уништи неговиот живот.

Kсao на возраст од 17 години мислел дека еден бубрег е доволно за живот, а лекарот кого се запознал пред операцијата потврдил дека сè ќе биде во ред. Постапката била спроведена во нелегална болница, и иако ја сметале за успешна во тоа време, наскоро почнале компликациите.

За жал, клиниката не беше дезинфицирана, што доведе до инфекција на раната.

Семејството на Ванг не знаеше за неговата операција и тие дознаа кога веќе не можеше да ги крие здравствените проблеми.

Неговите родители го одвеле во болница на лекување кога инфекцијата веќе почнала да се шири кон здравиот бубрег, така што единствениот начин да остане жив била трајната дијализа.

По сослушувањето на Ванг, неговите родители го нашле посредникот и лекарот кој ја извршил операцијата и ги тужеле. Тие добија компензација од 2,2 милиони јени, од кои повеќето се потрошени на скапи третмани и лекови за нивниот 24-годишен син.



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Забава

Лекарите веќе не го препорачуваат аспиринот како превенција на срцето и мозочниот удар

Објавено пред

Здравствените експерти на Американската асоцијација за срце и Американскиот кардиолошки колеџ не препорачуваат аспирин за постари лица како превенција од срцев удар ако тие лица немаат висок ризик од, или постоечки болести на срцето.

Во согласност со насоките на овие организации, лекарите можат да им пропишат аспирин на некои постари пациенти со висок ризик, како што се оние кои имаат проблеми со холестерол или нивото на шеќер во крвта, сè додека не постои зголемен ризик од внатрешно крвавење. Сепак, упатствата не препорачуваат употреба на лекови за згрутчување на крв, како што е аспирин, за која било возраст.

„Лекарите треба да внимаваат кога пропишуваат аспирин за пациенти на кои не им биле дијагностицирани кардиоваскуларни болести”, изјави кардиологот Роџер Блументал од Универзитетот Џон Хопкинс. „Многу поважно од препорачување аспирин е да се подобрат животните навики и да се контролира крвниот притисок и нивото на холестерол.”

Според неодамнешните студии, земањето мали дневни дози аспирин во најдобар случај е губење пари за здрави постари лица, и во најлош случај може да го зголеми ризикот од внатрешно крвавење и предвремена смрт.

Прикажи повеќе...

Забава

Миа Калифа за малку ќе се задавела, момчето го скрил прстенот во колач

Објавено пред

„За малку ќе го проголтав прстенот“, рече  возбудено  некогашната порноѕвезда  Миа Калифа (26), која се пофали дека е свршена со Швеѓанецот Роберт Сандберг (28).

Роберт, инаку по професија готвач, одлучил дијамантскиот прстен да го сокрие во јадење. А Миа веднаш почнала лапливо да го јаде колачот и за малку ќе се задавела. Оваа Либанонка не очекувала дека ќе се сврши. Всушност, како што самата напиша, тој ден се шетала низ трговски центар и од забава пробувала прстени.

„Јас навистина не го очекував тоа. Веднаш тој ден Роберт се врати во трговскиот центар и ми купи прстен, со кој ме изненади“, рече Калифа. Веста дека се свршила ги погоди нејзините обожаватели кои се надеваа дека таа ќе се врати во порноиндустријата. Но, ништо од тоа. Барем засега.

Сексапилната Миа денес ја гради кариерата како спортска коментаторка. На еден од нејзините први преноси таа имаше ужасна несреќа. На хокејски натпревар Миа ја погоди пак во градите и го скрши нејзиниот имплант. Една година таа мораше да чека да го извадат, а потоа го замени со уште поголем.

Ова за Миа нема да биде прв брак. Како 18-годишна девојка, таа се омажи за средношколската љубов, но тој брак не издржа.

Прикажи повеќе...

Бизарно

(Видео) Жестока тепачка во авион, главата на мажот беше крвава

Објавено пред

Патниците на летот од Глазгов до Тенерифе беа сведоци на жестока борба во авионот. Инцидентот се случи вчера изутрината.

Тепачката меѓу двајца мажи ја сними еден од патниците, а на снимката се гледа како мажите се тепаат по што едниот си оди со крвава глава. Патниците тврдат дека едниот маж му го „одгризол носот” на другиот, според „Сан“.

Еден од сведоците откри дека тепачката настанала поради однесувањето на пијаниот патник. Екипажот ја контактирал полицијата, која мажите ги пречекала на аеродром и ги привела.

„Авионот слета нормално, а полицијата приведе две лица”, рече портпаролот на „Рајанер“.

 

Прикажи повеќе...

Најново

Свет7 минути

НАТО бара Русија да го врати Крим, Путин таму денеска отвори две нови електрани

Северноатланската алијанса по повод, како што велат од таму, петгодишнината од анексијата на Крим од страна на Русија, во соопштение...

Свет1 час

Еден загинат и повеќе повредени во пукање во трамвај во Холандија, напаѓачот е во бегство

Најмалку едно лице загина, а повеќе се повредени откако маж почнал да пука во трамвај во холандскиот град Утрехт, објави...

Свет2 часа

Напаѓачот од Нов Зеланд сам ќе се брани пред судот

Терористот кој во петокот во новозеландскиот град Крајстчрч нападна две џамии и уби 50 луѓе, а рани над 40, планира...

Владо Бучковски Владо Бучковски
Македонија3 часа

Бучковски ми кажа дека „Маѓар телеком“ е политички монтиран случај, рече сведокот

Професорот од Правниот факултет Дејан Мицковиќ во сведочењето за случајот „Маѓар телеком“ на прашање на обвинителката од СЈО, Лиле Стефанова,...

Македонија4 часа

Мицковиќ: На Зврлевски му пријавив дека добивам закани да сведочам за „Маѓар телеком”

Дејан Мицковиќ, професорот од Правниот факултет во Скопје, сведочеше на денешното рочиште за случајот „Маѓар телеком”, како поранешен претседател на...

Топ4 часа

Двајца мотоциклисти загинаа во сообраќајни несреќи

Дваесет и едногодишен гостиварец вчера загина во сообраќајна несреќа на регионалниот пат меѓу Гостивар и село Вруток, додека возел мотоцикл...

Свет5 часа

Австралиската полиција ги претресе куќите на сестрата и мајката на Брентон Тарант

Австралиската полиција извршила претрес во две куќи на подрачјето на Нов Јужен Велс во потрагата по материјал што би можел...

Регион6 часа

Вучиќ: Мора да има разграничување меѓу Србите и Албанците

Српскиот претседател, Александар Вучиќ, синоќа изјави дека мора да има разграничување меѓу Србите и Албанците на Косово бидејќи, како што...

Свет6 часа

Владата на Нов Зеланд поддржа построги закони за оружје

Премиерот на Нов Зеланд, Јакинда Ардерн, изјави дека владиниот кабинет ги поддржал измените на законот за оружје, по терористичкиот напад...

Регион18 часа

Грчката полиција: Брентон Тарант престојувал на Крит и Санторини

Грчката полиција соопшти дека осомничениот за нападите во двете џамии во Нов Зеланд, Брентон Харисон Тарант престојувал на грчките острови...

Избори 201919 часа

Силјановска: Да ја спречиме еколошката катастрофа во Охрид и Струга

„Македонијо, време е да ја спречиме оваа еколошка катастрофа што се случува во Охрид и Струга“, порача кандидатката за претседател, Гордана...

Свет20 часа

Масовен погреб за жртвите од авионската несреќа, во земјата спуштени празни ковчези

Илјадници граѓани и членови на семејствата се собраа на заедничкиот погреб за жртвите на настраданите во недамнешната авионска несреќа во...

Избори 201921 час

Пендаровски: Мојот концепт е за напред, а на Силјановска е за назад

Заедничкиот кандидат за претседател на нашата држава Стево Пендаровски по посетата на Охрид, попладнево се сретна и со граѓаните во...

Крвав четврток24 часа

Првпат во Македонија притворот се гарантира со гаранција, реагираат адвокатите на обвинетите за 27 април

Адвокатите на обвинетите за настаните од 27 април реагираат на определувањето притвор за нивните клиенти, бидејќи, како што пишуваат, судот...

Македонија1 ден

(Видео) Арсовски: Шилегов ќе ги труе скопјани со опасен отров од странство

Петре Шилегов нема намера да се откаже од труењето на скопјани, истакна денеска на прес-конференција Димче Арсовски од ВМРО-ДПМНЕ, кој...

Регион1 ден

Вучиќ за упадот во РТС: Нема да дозволиме насилство, наидоа на тврд орев

Српскиот претседател, Александар Вучиќ, денеска напладне се обрати пред српската јавност во однос на вчерашните случувања, кога дел од демонстрантите...

Топ1 ден

Петмина млади повредени во тешка сообраќајка на влезот на Скопје

На влезот од Скопје, поточно на булеварот „Александар Македонски“, во вечерните часови на 16 март се случила сообраќајна незгода меѓу...

Бегството на Груевски1 ден

Груевски барал да му биде укинат притворот

Експремиерот Никола Груевски, бегалецот во Будимпешта, преку неговите адвокати изминатите 4 месеци го затрупал Апелацискиот суд во Скопје со жалби...

Свет1 ден

Почина 50 жртва во Нов Зеланд, од „Фејсбук“ отстраниле милион и пол снимки од нападот на џамиите

Комесарот на полицијата во Нов Зеланд, Мајк Буш, соопшти дека починала и 50-та жртва од нападот врз две џамии во...

Регион2 дена

(Видео) Почит кон загинатите во нападот: Стариот мост во Мостар осветлен во боите на Нов Зеланд

Во организација на Центарот за мир и мултиетничка соработка, вечерва Стариот мост во Мостар е осветлен со боите на знамето...

Досие