Забава
Моника Белучи и Тим Бартон разменија нежности на филмскиот фестивал
Моника Белучи, една од најубавите жени на светот, се појави на филмскиот фестивал во Сан Себастијан во Шпанија со своето ново момче, познатиот режисер Тим Бартон. 59-годишната италијанска актерка и 66-годишниот режисер разменија нежности и се држеа за раце пред фотографите и публиката, а во еден момент таа го бакна во образот.
Актерката се појави во црно боди од тантела и темнокафеава јакна и широки панталони. Бартон одговараше на нејзиниот моден стил и избра темен костум и темна кошула, со црна капа и очила за сонце на главата.
Парот се запозна пред 16 години, а врската официјално ја потврдија во октомври минатата година кога се појавија на Римскиот филмски фестивал фатени за рака.
„Прво, мило ми е што го запознав овој човек. Тоа е една од оние средби што ретко се случуваат во животот. Го познавам како маж, го сакам, а сега ќе се сретнам и со режисерот и почнува друга авантура.
Во меѓувреме, Моника, која ќе го прослави својот 60-ти роденден на 30 септември, глуми во новото продолжение на Бартон заедно со Џена Ортега, Мајкл Китон и Винона Рајдер.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Забава
Почна ледената магија: во „Борис Трајковски“ се замрзнуваат над 300 квадратни метри вистински мраз
Започнува подготовката за најголемата магија на мразот – од денеска во арената „Борис Трајковски“ официјално се замрзнува ледената подлога, создавајќи идеална сцена за незаборавниот спектакл во сабота.
Додека многумина би помислиле дека вакво ледено чудо може да се случи само под отворено небо, ние ја носиме магијата внатре, во просториите на арената „Борис Трајковски“. Токму тука, во затворен, удобно загреан простор од овој момент, мајсторите на ледените кристали ќе посветат часови на внимателно ладење и обликување на повеќе од 300 квадратни метри вистински мраз – создавајќи блескав, мазен и стабилен леден партер кој во сабота ќе се претвори во сцена за најголемиот леден спектакл некогаш виден во нашиот регион, најавува организаторот.
„Но, магијата не запира тука! Она што овој настан го прави вистински уникатен е целодневното дружење и интеракција со легендарните ликови кои ќе го красат шоуто. Оваа сабота, публиката ќе добие ретка можност да се запознае со своите омилени јунаци одблиску.
Во текот на целиот ден, љубителите на ова уникатно шоу ќе можат да се фотографираат со своите омилени херои, да разговараат со нив, да дознаат повеќе за светот од кој доаѓаат и да создадат спомени кои ќе траат засекогаш. Ова не е само гледање оддалеку – ова е можност навистина да зачекорите во светот на фантазијата и да станете дел од приказната.
А кога ќе дојде времето за големиот настап, ледената подлога ќе се исполни со магија – хероите ќе пловат по мразот, светските првенци во лизгање ќе ги претворат омилените ликови во живи ремек-дела на уметноста и целата публика ќе може да ужива во единствена претстава која ги спојува авантурите, фантазијата, детските спомени и празничната атмосфера во едно.
Замислете го целосно замрзнатиот партер, светлата што треперат низ магичната атмосфера и вашите омилени херои кои со стил и грациозни движења лизгаат на мразот. Со вас ќе бидат Петар Пан, Елса, Супермен, Аладин, Том и Џери, Спајдрмен, Мики Маус, како и Круела. А за да биде сè како во бајка, специјален гостин ќе биде никој друг туку Дедо Мраз, подготвен да донесе празнична магија за сите нас.
Подгответе се за нешто навистина посебно. Сабота ќе биде ден на радост, интеракција, фотографирање, смеа и дружба со ликoвите што некогаш сме ги гледале само на екранот. Не пропуштајте да бидете дел од ова патување – обезбедете ги вашите билети и уживајте во ден полн со изненадувања, забава и чуда на мраз!
Да потсетиме, неверојатниот спектакл на вистински мраз, кој за првпат ќе ја трансформира арената „Борис Трајковски“ во вистинско ледено кралство, во рекордно брзо време ја распродаде својата прва претстава, а билетите за втората претстава исто така брзо се продаваат! Доживејте го ова незаборавно искуство, каде што соништата стануваат реалност. 14 декември, 12:00 и 17:00часот – резервирајте го вашето место во историјата на зимските спектакли“.
Забава
Фановите ја критикуваат Елизабет Харли за новата фотографија: „Што не е во ред со твоите гради?“
Актерката и модел Елизабет Харли (59) објави нова фотографија на Инстаграм. Иако нејзините обожаватели често ја фалат дека изгледа одлично, сега познатата актерка ги изненади.
Имено, таа позираше во црн фустан со длабоко деколте, а многумина забележаа дека, како што велат, ги фотошопирала градите.
„Поради некоја причина изгледаш фотошопирано“, „Не разбирам зошто го направи ова“, „Морав да зумирам, нешто не изгледа како што треба со твоите гради“, беа само дел од коментарите под нејзината објава.
Имаше и такви кои не го ни забележаа фотошопот туку го пофалија нејзиниот изглед. „Секогаш си прекрасна“, „Не си променета со години“, „Немам зборови, вистинска убавица“.
Забава
(Фото) Битола блесна: Време е за „Зимска приказна“
Синоќа, Битола го означи почетокот на празничната сезона со свечено палење на новогодишните светилки, претворајќи го градот во вистинска зимска бајка. Од Широк Сокак и плоштадот Магнолија, до Офицерскиот дом, парковите кај Саат кулата и Старата чаршија – секој агол зрачи со празнична магија.
Оваа година, фестивалот „Зимска приказна“ започнува на 20 декември и ќе трае до 6 јануари, подолго од кога било досега. Преку внимателно креирана програма и празнично уредување на градот, „Зимска приказна“ прерасна во вистински туристички продукт кој ги привлекува не само битолчани и жителите на соседните општини, туку и бројни гости од соседна Грција и Албанија.
Секоја година, Битола за време на празниците станува центар на празничната магија на регионот – со живописна програма, музика, настани и светлосни инсталации што ја слават традицијата и модерниот дух на градот.
Општина Битола изразува искрена благодарност до сите тимови кои посветено работеа за да ја создадат оваа блескава празнична бајка. Нивната посветеност и креативност ја оживуваат магијата на „Зимска приказна“ и ја прават Битола уште посјајна и поатрактивна за посетителите.
Целосната програма за фестивалот ќе биде објавена оваа недела, а Општина Битола ги повикува граѓаните и сите љубители на празничната магија да бидат дел од ова незаборавно доживување кое ќе ги раздвижи улиците, плоштадите и чаршијата.