Контакт

Забава

Мора да ја спасиме нашата планета, апелира Били Ајлиш во пресрет на самитот за климата

Објавено пред

Музичката ѕвезда Били Ајлиш ги здружи силите со научниците од групата Arctic Basecamp во вторникот повикувајќи ги светските лидери да преземат итна акција на климатскиот самит на Обединетите нации – COP26 следната недела.

Пејачката сними видеопорака со актерот Рејн Вилсон од The Office, истражувачот Левисон Вуд и Роберт Ирвин, син на починатиот австралиски конзерватор Стив Ирвин, кои исто така го позајмија својот глас за проектот во соработка со британскиот универзитет во Екситер.

Глобалниот самит за климата, чиј домаќин е британскиот премиер Борис Џонсон, почнува во Глазгов на 31 октомври.

„Оваа година нашите лидери одлучуваат за глобалните активности потребни за климатската вонредна состојба во животната средина во критична деценија за нашата планета“, вели Ајлиш.

„Мораме да застанеме заедно и да зборуваме за да ја спасиме нашата планета, не само за нас туку и за идните генерации. Потребна е итна акција, треба да работиме заедно како еден“.



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Забава

„Дизни“ ќе потроши 33 милијарди долари за нови содржини

Објавено пред

„Дизни плус“ станува сè поголем.

„Дизни“ неодамна го претстави својот план за содржините на својата стриминг-услуга „Дизни плус“ во 2022 година, а кој вклучува значително зголемен буџет.

Компанијата планира да потроши околу 33 милијарди долари на нови филмови и серии за своите стриминг услуги, Дизни плус, Хулу и ЕСПН плус, во фискалната 2022 година, која започна на 1 октомври, според годишниот извештај на компанијата поднесен до Комисијата за хартии од вредност..

Годишниот извештај открива дека компанијата годинава потрошила 25 милијарди долари на содржини за своите стриминг-услуги.

Треба да се напомене дека „Нетфликс“ потроши речиси 14 милијарди долари за продукција на филмови и серии во 2021 година, а „Дизни“ ја зголемува компанијата со навистина огромна маргина.

Извештајот содржи детали за тоа каде одат тие 33 милијарди долари, со акцент на планот на компанијата да објави 50 филмови во 2022 година во сите брендови под нејзина капа, како што се 20th Century Studios и Marvel Studios.

„Нетфликс“, кој има приближно 214 милиони глобални претплатници во споредба со 118 милиони претплатници на „Дизни плус“, планира да издвои 17 милијарди долари во 2022 година.

Прикажи повеќе...

Забава

(Видео) „Црвено известување“ најгледан филм во историјата на „Нетфликс“

Објавено пред

Од „Нетфликс“ објавија дека акционата комедија Red Notice („Црвено известување“) е нивниот најгледан филм.

Објавен на платформата на 12 ноември, веќе на првиот ден од неговото емитување стана најгледаниот филм на стриминг-услугата.

Тој е во категоријата топ-10 филма во последните три недели, а моментно 50 отсто од претплатниците на „Нетфликс“ го гледале филмот, пренесува Си-ен-ен.

Веста на социјалните мрежи ја споделија и ѕвездите на филмот Гал Гадот и Двејн Џонсон.

„Не можам да ви кажам колку сум среќна, колку сум благодарна, колку сум воодушевена од овие луди статистики и информации. Го направивте нашиот филм најгледан во историјата на ‘Нетфликс’!!! Вие сте причината зошто ги правиме овие филмови. Вашата љубов ни значи сѐ. И во никој случај не го земаме тоа здраво за готово. Ви благодарам“, напиша Гал на својот инстаграм-профил.

Прикажи повеќе...

Забава

Во британските весници имало 843 написи за Меган Маркл во период од две години

Објавено пред

Принцот Хари и Меган Маркл, војводата и војвотката од Сасекс, ја шокираа јавноста кога на 8 јануари објавија дека ја напуштаат функцијата високи членови на кралското семејство.

Една од најзначајните промени што парот ги прави е да им ограничи пристап на група британски медиуми до личните соопштенија за печат по долгогодишно медиумско покривање и уредничка политика со фаворизам за која парот смета дека била неправедна и која имала цел да шири јавно мислење против Меган.

Од објавата, новинари открија некои од најподлите и најосудувачки наслови на британски медиуми за Меган и ги споредија со она што истите медиуми – понекогаш дури и истите автори – мислат за слични ситуации кога била вмешана војвотката од Кембриџ Кејт Мидлтон, сопругата на принцот Вилијам.

И покрај нејзиното отсуство, Меган сè уште е најозборуваната кралска личност во Велика Британија. Се чини дека таа е главниот лик во сечиј разговор.

Според анализата на „Гардијан“, во периодот меѓу 2018 и 2020 година имало 843 написи за Меган во 14 печатени весници, а со нејзиното неодамнешно интервју за „Шоуто на Елен Деџенерес“, има уште повеќе да се каже за војвотката од Сасекс.

Шпекулации, озборувања, омраза, булинг, расизам… таа се соочи со сето ова. Нападот врз нејзиниот лик, нејзиното семејство и нејзината боја стана главна вест на големите британски публикации и на социјалните мрежи.

Откако се стекна со кралски статус, Меган беше изложена на екстремен булинг од страна на печатот, кој себе си дава слобода да известува за јавни личности.

И како што еднаш праша еден човек: „Слобода за што? Слободата на печатот има за цел да ги повика на одговорност оние кои се на власт. Тоа е платформа за да се слушнат различни гласови. Меѓутоа, како оваа слобода се поврзува со нападот против Меган Маркл?“

„Дали е слободата да малтретираш? Дали е слобода да се објавуваат приватни писма во јавност? Дали е слобода да се споредува женско дете со животно – со мајмун? Дали е слобода да ја избркаш од земјата? Дали е слобода да ја обвинувате за одлуката да се повлече од кралските должности?“

Прикажи повеќе...

Најново

Свет1 минута

Гутереш: Затворањето на африканските граници поради омикрон е неправедно

Генералниот секретар на ООН, Антонио Гутереш рече дека затворањето на границите поради новиот сој на коронавирус омикрон е многу неправедно,...

Македонија14 часа

(Видео) Во СДСМ и во Алтернативата неделава партиски консултации за преговорите помеѓу Заев и Гаши

Се очекува до крајот на оваа недела да се обезбеди усогласување за влез на Алтернативата во Владата. Партиските тела на...

Македонија15 часа

(Видео) Имаме напредок, рече Гаши по средбата со Заев

Лидерот на СДСМ, Зоран Заев, и претседателот на Алтернативата, Африм Гаши, по четири часа средба, заедно го напуштија Клубот на...

Македонија17 часа

Нови 410 заразени со Ковид-19, починале 11 луѓе

Министерството за здравство информира, согласно податоците од Институтот за јавно здравје дека во последните 24 часа: Направени се 2.674 тестирања,...

Свет18 часа

СЗО со прва проценка за омикрон – заразените се со благи симптоми

Раните индикации сугерираат дека повеќето случаи на омикрон имаат благи симптоми, изјави претставник на Светската здравствена организација. Зборувајќи во име...

Македонија19 часа

Владата предлага да се продолжи кризната состојба за уште 6 месеци

Владата го утврди текстот на предлог-одлуката за одобрување на продолжување на рокот за постоење на кризна состојба во снабдувањето со...

Македонија20 часа

Ковачевски ја поднесе кандидатурата за претседател на СДСМ – побара поддршка од членството и граѓаните

Заменик-министерот за финансии, Димитар Ковачевски, поднесе кандидатура за претседател на СДСМ. Тој кажа дека поднел и програма која се базира...

Македонија21 час

Филипче: Не се исклучува задолжителна вакцинација доколку не помогнат апелите на матичните лекари

Само со апели од матичните доктори, без дополнителни мерки ќе се стимулира вакцинацијата и спречувањето на ширење на коронавирусот. Ова...

Македонија22 часа

Поранешната пратеничка Фросина Ременски се кандидираше за претседател на СДСМ

Поранешната пратеничка Фросина Ременски се кандидираше за претседател на СДСМ. Таа кажа дека Димитар Ковачевски има поддршка во кандидатурата од...

Свет23 часа

Eксперти: Новиот сој на коронавирус омикрон може да биде најава за крај на пандемијата

Новиот сој на коронавирус омикрон е откриен во Јужна Африка, а потоа следат повеќе информации од оваа земја во кои...

Македонија23 часа

Утрово два земјотреса во Кичево

Телеметриската сеизмолошка мрежа на Република Северна Македонија, со станици во Скопје, Валандово, Охрид, Штип и Пехчево, одржувана од Сеизмолошката опсерваторија...

Македонија23 часа

Стартува забраната за бесплатни пластични кеси

Од денеска стапува на сила обврската за наплата на кесите за носење стоки. Пластичните кеси ќе чинат 15 денари за...

Европа24 часа

Со третата доза на „Фајзер“ над 80 проценти заштита од коронавирус

Третата доза од вакцината против коронавирус на „Фајзер“ го намалува ризикот од инфекција за дополнителни 80 проценти или многу повеќе...

Македонија1 ден

Парична награда за матичните лекари ако имаат 70% вакцинирани пациенти

Во насока на стимулација на интересот за вакцинација за заштита од Ковид-19 и за спречување на ширењето на пандемијата, Владата...

Македонија2 дена

Пријава за напад во МНТ – блокирани улици во центарот на Скопје

Министерството за внатрешни работи не кажува дали има дојава за бомба во Македонскиот народен театар, но потврдуваат дека полицајци се...

Регион2 дена

Убиство во Сплит: Вработена во продавница убиена со нож, напаѓачот уапсен

Маж нападнал жена со нож додека таа била на своето работно место во продавница во Сплит. Жената починала во болница,...

Свет2 дена

Тедрос: Мерките не се неопходни, неправедно се казнуваат африканските земји

Шефот на СЗО, Тедрос Аданом Гебрејесус, изрази загриженост дека некои земји воведуваат општи ограничувања против ширењето на варијантата на коронавирус...

Македонија2 дена

Уште 43 Авганистанци си заминаа од Македонија

Нова група од 43 авганистански граѓани замина од Македонија откако за нив беше подготвена потребната документација за влез во трета...

Македонија2 дена

460 нови случаи на Кoвид-19 и вкупно 12 починати

Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа направени се 2.424 тестирања, а регистрирани се 460 нови случаи на...

Топ2 дена

Родители од Скопје го принудувале детето да дава сексуални услуги

По претходно донесена наредба за истрага од страна на Јавното обвинителство за гонење организиран криминал и корупција, на 29 ноември...

Досие