Забава
Морето исфрли илјадници киндер јајца
Десетици илјади киндер јајца исфрлило морето на брегот на германскиот остров Лангеог во четвртокот, ден по големата бура којашто го зафати регионот.
Децата, но и возрасните и туристите, поитале кон плажите преполни со црвени, сини и жолти пластични капсули со играчки. Се протегале во должина од неколку километри, пренесува агенцијата DPA.

„Веројатно има повеќе од 100.000 јајца“, изјавил Уве Гарелс, началникот на Лангеог, остров во Северното Море.
Дечињата се радуваа, но за него ова не е смешно. „Ова претставува големо еколошко загадување и голема опасност за животните“, појаснил
Киндер јајцата на брегот испливале без чоколадната обвивка, а покрај нив имало и пластични вреќички со „Lego Star Wars“ фигури.

Се претпоставува дека киндер јајцата потекнуваат од пет контејнери кои испаднале одтоварен брод кој пловел од Кина кон пристаништето во Бремен, како резултат на бурата „Аксел“. Локалните медиуми наведуваат дека на локалните власти ќе им бидат потребни преведувачи, бидејќи некои од написите на јајцата се напишани на кирилица./крај/мф/сн
https://www.youtube.com/watch?v=lN78oGGsTbk
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Забава
(Видео) Познатата манекенка не забава со милијардерот со кого има три сина
Миранда Кер уживаше во времето поминато со Еван Шпигел, со кого има три деца и со кого влезе во врска по разводот од Орландо Блум.
Музичкиот фестивал Коачела оваа година собра бројни ѕвезди, вклучувајќи ја и супермоделот Миранда Кер (42), која уживаше во убавото време со својот сопруг, милијардерот и основач на Snapchat, Еван Шпигел (34).
Моделот се пофали со добрата забава на Инстаграм, каде што објави серија видеа и фотографии од фестивалот, а во тој момент настапуваше и Сабрина Карпентер.
Не ја пропуштија можноста да разменуваат нежни чувства, а насмевката на лицето на моделот зборуваше погласно од зборовите.
Пред врската со Еван, моделот беше во брак со актерот Орландо Блум, со кого има син, Флин, додека со Еван има уште три сина. Се запознаа една година по нејзиниот развод, во 2014 година, а си кажаа „да“ еден на друг три години подоцна, во 2017 година.
Забава
(Фото) Какво тело: Манекенката плени во фустан наменет само за храбрите
Големиот музички фестивал „Коачела“ одамна започна, а познатите ѕвезди полека пристигнуваат. Хејли Бибер исто така неодамна привлече големо внимание.
На фестивалот, каде што беше домаќин на поп-ап настан за својот бренд „Rhode“, Хејли Бибер ги пленеше погледите во навидум обична креација.
Станува збор за винтиџ парче кое ги нагласува сите женски облини, но и витката фигура. Моделот носеше жолт фустан од брендот Диор, а е украсен со детали од чипка во деколтето, но и на самите рабови на фустанот.
Парче кое освои многумина
Парчето за прв пат беше претставено на модната ревија есен/зима во 1998 година, за време на златната ера на Диор, односно ерата кога Џон Галијано беше креативен директор на оваа куќа.
Гореспоменатата ревија беше вистинска инспирација за многу дизајнери, бидејќи презентираше смели комбинации на бои и театарски стил.
Забава
(Фото) Без грешка: Дефинитивно ќе ви се допадне ова издание на Јелена Розга
Секогаш беспрекорно облечена, Јелена Розга и овој пат пронајде начин да ги почасти своите бројни обожаватели со прекрасни сцени. Имено, пејачката неодамна објави фотографија од себе на Инстаграм, а вниманието на јавноста го привлече со лежерното издание.
Таа реши да покаже како изгледа нејзината дефиниција за моден тренд „тивок луксуз“. Таа избра сако од Гучи кое го комбинираше со класични фармерки со рамен крој. Под сакото носеше беж елек, како и бела маица.
Аутфитот го надополни со темно кафеави мокасини, а забележливи беа и луксузни додатоци – зелено-црвена чанта од Гучи која беше во контраст со неутрални тонови и очила кои го заокружуваа овој аутфит.
