Контакт

Забава

Музичките ѕвезди заблескаа на црвениот тепих на наградите „Греми“

Објавено пред

Тоа е една од најважните ноќи во календарот на музичката индустрија и во нормални околности служи за некои од најсмелите изданија на црвениот тепих.

Го немаше вообичаениот црвен тепих и публика во живо од илјадници фанови, музичари и водечки лица на музичката индустрија. Но, ѕвездите што се појавија во живо на локации во и околу Центарот за конвенции во Лос Анџелес, а некои претходно снимени, овозможија церемонијата да тече според планираното.

Со нови мерки на претпазливост среде пандемија на коронавирусот некои од најголемите музички sвезди покажаа блескави тоалети по пристигнувањето на црениот тепих на 63. Греми-награди во Центарот „Стејплс“ во Лос Анџелес во неделата вечерта.

Донесувајќи разнобоен гламур во шоуто, присутните ѕвезди го осветлија црвениот килим пред да се упатат кон церемонијата на отворено.



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Забава

Двејн Џонсон би се кандидирал за претседател ако народот го сака

Објавено пред

Ѕвездата на „Брзи и бесни“ Двејн Џонсон изјави дека би се кандидирал за претседател на САД доколку почувствува доволно поддршка од Американците.

48-годишниот Џонсон, еден од најплатените и најпопуларните холивудски актери, веќе неколку години кокетира со можна понуда за Белата куќа.

„Мојата цел е да ја обединам нашата земја и сметам дека ќе го сторам тоа ако народот сака,“ рече Џонсон, запрашан за неговите претседателски амбиции во интервју што се емитуваше во понеделникот во емисијата „Тудеј“.

Поранешниот професионален борач не кажа која партија ќе ја претставува или кога би можел да се кандидира за Белата куќа.

Неговите коментари уследија по онлајн анкета на јавното мислење, објавена од компанијата „Пиплсеј“ минатата недела, според која околу 46 проценти од Американците би гласале за Џонсон.

По објавувањето на анкетата, Џонсон, познат како „Д Рок“ или карпата, на својот Инстаграм напиша дека ќе му биде чест да му служи на народот.

„Не мислам дека нашите Татковци основачи некогаш помислиле дека ќелав и тетовиран полу-црнец кој пие текила и вози пикап комбе ќе им се приклучи во клубот – но ако тоа некогаш се случи, ќе ми биде чест да ви служам.“

Прикажи повеќе...

Забава

Принцовите Вилијам и Хари со одделни изјави за нивниот дедо

Објавено пред

Кралските браќа ја пофалија напорната работа, карактерот и смислата за хумор на нивниот починат дедо во одделни изјави објавени во понеделникот.

Вилијам, војводата од Кембриџ, втор во редот за наследување на британскиот трон, му оддаде почит на војводата од Единбург, опишувајќи го како извонреден човек од извонредна генерација.

„Животот на мојот дедо го дефинираа службата и посветеноста – кон неговата земја и Комонвелтот, кон неговата сопруга кралицата и кон нашето семејство“, напиша тој.

„Мојот дедо беше извонреден човек и беше дел од извонредна генерација. Ќе ми недостасува, но знам дека тој би сакал да продолжиме со работа,“ истакна принцот Вилијам, додавајќи дека секогаш ќе биде благодарен што неговата сопруга Кејт имала можност да го запознае.

Во одделна изјава објавена половина час подоцна, и принцот Хари се потсети на својот дедо, опишувајќи го како човек со автентична, сериозна и остра духовитост. „Тој можеше да го задржи вниманието на секого поради неговиот шарм – и исто така затоа што никогаш не знаевте што ќе рече следно.“

„Меган, Арчи и јас (како и твојата идна правнука) секогаш ќе имаме посебно место за тебе во нашите срца“, додаде Хари, кој веќе пристигна во Велика Британија.

 

Ова е враќање дома што тој никогаш не би го посакал, но принцот Хари се врати во Велика Британија нешто повеќе од една година откако замина, за погребот на својот сакан дедо, војводата од Единбург, што ќе се одржи оваа сабота во замокот Виндзор.

Поради строгите правила за Ковид-19 за сите кои патуваат, Хари ќе остане во изолација во наредните денови.

Неговата сопруга војвотката Меган Маркл останува во нивната куќа во Монтесито во Калифорнија. Нејзините лекари ја советувале дека не е безбедно да лета, бидејќи остануваат само неколку месеци пред да го роди второто дете, сестра за Арчи Маунтбатен-Виндзор.

Војводата од Единбург, сопруг на кралицата Елизабета Втора, почина во петокот само неколку месеци пред неговиот 100-ти роденден.

Прикажи повеќе...

Забава

Софија Вергара и Хајди Клум во лежерно издание за судиските должности во „Америка има талент“

Објавено пред

Тие се дел од четиричленото жири на забавното ТВ-шоу за таленти.

Sвездите на America’s Got Talent, Софија Вергара и Хајди Клум, пристигнаа во стил пред студиото за снимање во Лос Анџелес, Калифорнија.

48-годишната Софија во лежерно летно издание – бела плетена блуза во комбинација со кропнати фармерки. Ако некој во Холивуд сака да носи искинати фармерки, тогаш тоа е дефинитивно актерката Вергара. Атрактивната Колумбијка не може да го скрие својот сексапил, па дури и во секојдневна облека.

Поранешниот супермодел Хајди (47) на себе има светлозелено палто во боја на лимета со големи ревери.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија3 минути

Денеска се очекува пресуда за предметот „Трезор“

Во Основниот кривичен суд во Скопје денеска треба да биде изречена пресудата за предметот „Трезор“, кој се однесува на злоупотреба...

Свет4 минути

(Видео) Во САД убиен млад црнец – полицајката мислела дека користи пиштол за електрошокови, а не вистински

Фатално пукање во Минеаполис во кое 20-годишен црнец го загуби животот се чини дека се случило откако пиштолот случајно пукал...

Регион33 минути

Фајон: Неодговорното однесување на премиерот на Словенија може да доведе до нова војна на Балканот

Коментирајќи го наводното постоење „нон-пејпер“ на словенечкиот премиер Јанез Јанша, европратеничката Тања Фајон рече дека неодговорното однесување во врска со...

Европа1 час

Словенија: Луѓето намерно се заразуваат со коронавирус за да можат полесно да патуваат

Словенија е загрижена поради опасен тренд кој се шири меѓу луѓето со намерно инфицирање со коронавирусот со цел да стекнат...

Свет2 часа

(Видео) Пукање во американско училиште, едно лице убиено а еден полицаец е ранет

Ученик кој отворил оган во средно училиште во Ноксвил, Тенеси, беше убиен, а неколку лица, вклучувајќи и полицаец, беа повредени...

Регион13 часа

(Видео) Суспендирани двајца полицајци кои во Мостар претепаа момче поради кршење на мерките

Главна тема во БиХ деновиве е видеото снимено во Мостар на кое се гледа како двајца полицајци брутално тепаат момче....

Свет14 часа

Директорот на СЗО: Контрола над пандемијата е можна за неколку месеци, ако се почитуваат мерките

Директорот на Светската здравствена организација (СЗО), Тедрос Аданом Гебрејсус, денес изјави дека проблемот со пандемијата на Ковид-19 сè уште не...

Топ16 часа

Од автомобил паркиран зад полициска станица украл службени легитимации и картичка за влез во МВР

Скопското основно јавно обвинителство поднесе обвинение против 47-годишник, кој на 28 март извршил тешка кражба во близина на полициската станица...

Македонија17 часа

34 починати и 193 нови случаи на Ковид-19

Од Министерството за здравство информираат дека во последните 24 часа се направени 1.192 тестирања, а регистрирани се 193 нови случаи...

Свет19 часа

Експертите посочуваат дека ни доаѓа нов супер коронавирус, комбинација од 18 мутации

Нов супер сој на коронавирусот во Бразил е комбинација од 18 мутации вклучувајќи ги таканаречените соеви на Бразил, Велика Британија...

Македонија20 часа

Нови 30 дена притвор за Камчев

Основниот кривичен суд Скопје му го продолжи притворот за дополнителни 30 дена на бизнисменот Јордан Камчев. „Кривичниот совет при Основниот...

Свет22 часа

Вакцината на „Фајзер“ помалку ефикасна кај јужноафриканскиот сој, покажува израелска студија

Јужноафриканскиот сој на коронавирус може да ја избегне заштитата обезбедена од вакцината на „Фајзер“ и „Бионтек“ до одреден степен, открива...

Македонија22 часа

Ќе се ограничат цените за лекување пациенти од коронавирус во приватните болници

До Владата ќе биде поднесе предлог за измена на законот со кој ќе се ограничи сумата за лекување пациенти од...

Македонија23 часа

Две илјади кинески вакцини денеска ќе пристигнат во земјата

Две илјади кинески вакцини денеска ќе пристигнат во земјата, најави министерот за здравство, Венко Филипче. Тој рече дека вакцините, кои...

Македонија23 часа

Девет години од петкратното убиство кај Смилковското Езеро

Денеска се навршуваат девет години од петкратното убиство кај Смилковското Езеро. На 12 април 2012 година, на Величетврток, беа убиени...

Свет23 часа

Научниците со охрабрувачки вести: За секој нов сој ќе имаме вакцини

Во тек е трка помеѓу вакцините против Ковид-19 и мутациите на коронавирусот кои се закануваат да ги загрозат, откриле научниците...

Свет23 часа

„Билд“: Меркел го откажала терминот за вакцинирање со „астра зенека“

Германската канцеларка, Ангела Меркел, сè уште не е вакцинирана против коронавирусот, а според весникот „Билд“, таа требало вчера да прими...

Свет1 ден

Поединци немаат чувство за вкус и мирис, дури и една година по заразата од коронавирусот

Три дена по позитивниот тест на коронавирус, сè имаше вкус на картон, се сеќава 38-годишната Елизабет Медина, која го изгубила...

Македонија1 ден

Почнува вакцинацијата на новинарите и медиумските работници

Вакцинацијата на новинарите и медиумските работници што се пријавија на повикот и ги исполнија условите за да влезат во првата...

Македонија2 дена

Притвор за шестмината приведени во акцијата со марихуана

Скопскиот кривичен суд определи 30-дневен притвор за шестмината осомничени за шверц на марихуана кои пред два дена беа приведени во...

Досие