Контакт

Забава

Мјузиклот за Тина Тарнер од денес на Бродвеј

Објавено пред

По уводните претстави на 12 октомври, мјузиклот за Тина Тарнер официјално се отвора во театарот Лант-Фонтана на 7 ноември.

Актерката Адриен Ворен ја глуми суперѕвездата и рок-легенда Тарнер од скромните почетоци во Натбуш, Тенеси, до нејзината трансформација во глобална кралица на рокенролот.

Мјузиклот вклучува и неколку нејзини хитови River Deep Mountain High, Proud MaryPrivate dancer и (Simply) the Best.

Претставата е во режија на Филидe Лојд, текстот го напишаа Катори Хол, Франк Кетелар и Кјес Принс, а кореографијата на музичките сцени е во рацете на Ентони ван Лааст.



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Забава

Елса Хоск го покажа рамниот стомак во ултрамодерен костим

Објавено пред

Швеѓанката Елса Хоск, ангелот на „Викторијас сикрет“, се пофали со својот  тониран рамен стомак во дводелен костим панталони и кусо палто, спој на префинета елеганција и женственост.

31-годишната манекенка беше на прошетка во Њујорк, а сивиот пругав комплет искомбиниран со куса црна блуза беше вистинскиот избор – двојна доза сексапил.

Изгледот го дополни со црн ремен со голема златна тока, црна чанта Боттега Венета со дебел златен синџири елегантни темни очила за сонце.

 

Елса претходно овој месец одеше по модната писта на ревијата на американскиот дизајнер Лакван Смит во текот на Модната недела во Њујорк.

Таа исто така беше ангажирана и за Модната недела во Милано минатата недела.

 

Прикажи повеќе...

Забава

Натпреварот Get in the Ring повторно во Скопје

Објавено пред

Петта година по ред во Скопје ќе се одржи натпреварот за претприемништво Get in the Ring Skopje 2020. Настанот ќе се одржи од 13 до 15 март во управната зграда на А1 Македонија, а истиот има за цел младите креативци да ги насочи кон имплементација на своите претприемачки идеи, но и да им даде вештини за исполнување на истите. На настанот свое учество ќе земат и веќе докажани стартап-лидери и визионери кои ќе ги водат работилниците и ќе имаат улога на ментори.

Натпреварот ќе биде поделен во два дела, едукативен и натпреварувачки, односно првите два дена 20 тима ќе работат и ќе развиваат концепт за веќе зададена тема, додека третиот ден, на 15 март, ќе се одржи финалето на кое тимовите ќе влезат во ринг и ќе ги бранат своите идеи.

Едукативниот дел ќе биде составен од креативни работилници, менторски сесии и панел-дискусии со докажани стартапери кои ќе ги раскажат своите успешни приказни, ќе зборуваат за предностите и можностите за развивање на стартап во нашата држава, како и совети за финансиски план.

Како и претходните години, финалниот настан ќе биде од отворен карактер, а тоа што е специфично е дека тимовите влегуваат во вистински боксерски ринг и ги презентираат своите идеи и креативни решенија пред публиката и судиите. Три идеи ќе бидат наградени, односно ќе земат награда за прво, второ и трето место, а тимот кој ќе освои прво место ќе добие можност за присуство на бројни курсеви и работилници за стартапи и ќе замине на глобалниот Get in the Ring натпревар во Канада.

Сите заинтересирани креативци и претприемачи може да аплицираат до 5 март.

Прикажи повеќе...

Забава

Пејачката Дафи тврди дека била дрогирана, силувана и заробена со денови

Објавено пред

Британската пејачка Дафи вели дека со години била надвор од центарот на вниманието на јавноста за да се фокусира на закрепнување од „насилно дрогирање и силување во заробеништво повеќе денови“.

Велшанката, добитничка на „Греми“, во вторникот на својот Инстаграм напиша  дека ѝ треба време да закрепне и воедно ги замоли своите фанови да ја поддржат.

Таа ќе открие повеќе детали во интервју кое ќе биде објавено наскоро.

„Се прашувате зошто не го искористив гласот за да ја изразам својата болка? Не сакав на светот да му ја покажам тагата во очите. Се прашав како можам да пеам од срце ако е скршено. И полека тоа почна да закрепнува“, напиша Дафи.

Таа не откри други детали и побара почит и трпение додека не реши да открие повеќе. Претставникот на Дафи не одговори на порака во која се бара коментар.

 

Прикажи повеќе...

Најново

Регион9 часа

Вархељи: Имам голема надеж дека преговорите со Скопје и Тирана ќе почнат наредниве недели

Европската Унија би можела да ги отвори пристапните преговори за Северна Македонија и Албанија за неколку недели бидејќи двете држави...

Европа10 часа

Коронавирусот се прошири на сите континенти, освен на Антарктикот

Коронавирусот се прошири во 40 земји во светот и заразени има на сите континенти, освен на Антарктикот, пренесува агенцијата „Танјуг“....

Македонија11 час

Министерството за здравство: Лицето дојдено од Рим, за кое се чекаа резултати, не е заразено со коронавирус

Mинистерството за здравство информира дека лицето пристигнато од италијанската престолнина, за кое попладнево министерот Венко Филипче најави дека се очекуваат...

Македонија13 часа

Операторите од понеделник на полноќ ќе ја реемитуваат само МТВ

Здружението на информатичко-комуникациските технологии, кое ги обединува сите оператори, донесе заклучок да го прекине реемитувањето на сите домашни и странски...

Македонија15 часа

Двајца вработени во Град Скопје ставиле во џеб над три милиони денари, пари што граѓаните ги плаќале како данок

Двајца вработени во Град Скопје ставиле во џеб над три милиони денари, пари кои граѓаните ги плаќале како данок. Против...

Македонија16 часа

Вонредна дезинфекција на автобусите на ЈСП и на жичницата на Водно

ЈСП Скопје од денеска, 27 февруари, ќе почне со вонредна дезинфекција на автобусите, како и на кабините на жичницата на...

Македонија16 часа

Жената која допатува од Рим не е заразена со коронавирус

Министерството за здравство информира дека резултатите на пациентката кај која постоеше сомнеж за коронавирус, кои штотуку пристигнале, се негативни на...

Македонија16 часа

СДСМ и Беса заедно на изборите

Лидерите на СДСМ и движењето Беса, Зоран Заев и Биљал Касами, потпишаа Декларација за заеднички настап на изборите на 12...

Македонија17 часа

(Видео) Шилегов: Се одложуваат сите екскурзии на средношкоците во Италија

Градот Скопје во рамките на своите надлежности е целосно подготвен да ги преземе сите неопходни мерки за да се спречи...

Македонија18 часа

Граѓаните кои биле во регионите со коронавирус да се јават во ЦЈЗ и да не одат на работа и на училиште

Владата ги известува сите вработени во државните и локалните институции и претпријатија, вработените во основно, средно и високо образование, како...

Топ18 часа

Притвор за гевгеличанецот кој силувал малолетно девојче

Против 23-годишникот од Гевгелија кој силувал малолетно девојче поднесена е кривична пријава и определена му е мерка притвор во траење од...

Македонија18 часа

Мијалков не се сеќава на анализата за „Монструм“

Ексдиректорот на УБК Сашо Мијалков сведочеше на рочиштето за „Монструм”. Тој кажа дека откако било поднесено обвинение, биле правени анализи...

Македонија19 часа

Ветрот во Скопје со над 100 километри на час

Силниот ветер во Скопје на моменти достигна и над 100 километри на час, информираат од Управата за хидрометеоролошки работи. „Во...

Регион19 часа

Црногорци уапсени со пет тони кокаин на брод во Венецуела

На бродот „Ареса“ во Венецуела се запленети еден тон, а потоа уште четири тони кокаин и уапсени се црногорски државјани,...

Свет20 часа

Потврдени 433 нови случаи за еден ден, до сега се излекувани 32.495 луѓе во Кина

Во Кина вчера се регистрирани 433 нови потврдени случаи на заразени со коронавирус и 29 смртни случаи, соопштија од Националната...

Свет20 часа

(Видео) САД: Добил отказ во пиварница, се вратил со пиштол и убил петмина колеги

Поранешен вработен во пиварница на САД уби најмалку пет лица, а потоа се самоубил, јавуваат американските медиуми. Шестмина загинаа, вклучувајќи...

Европа21 час

Петмина настрадаа во пожар во Стразбур

Пет лица настрадаа во пожар што избил во зграда во Стразбур, на североисточниот дел на Франција, соопштија локалните пожарникари. Истите...

Македонија21 час

(Видео) Силниот ветер откорна дрвја и уриваше покриви во Скопје

Силниот ветер синоќа корнеше дрвја и уриваше покриви во главниот град. Десетици дрвја се паднати на  локации од невремето. Ветерот,...

Македонија1 ден

МОН: Дадени се препораки на образовните установи за заштита на учениците, студентите и вработените од коронавирусот

Согласно заклучоците донесени на вчерашната владина седница, а во врска со заштита на јавното здравје во услови на брзо ширење...

Македонија1 ден

(Видео) Филипче: Познати сопатниците на жената заразена со коронавирус, ќе останат во излоација 14 дена

Идентификувани се сите патници кои се возеле во комбето со жената која е заразена од коронавирусот, а која утринава допатувала...

Досие