Забава
Напивката што Кејт Мидлтон ја пие секој ден го штити срцето и го намалува холестеролот: содржи суперхрана, која го продолжува животот
Кејт Мидлтон е позната по здравиот начин на живеење и строгата рутина за вежбање. Принцезата од Велс дури и го почнува денот со прилично неочекуван хранлив пијалак, пишува „Мирор“.
Имено, додека повеќето луѓе првин пијат кафе или шолја чај наутро, Кејт Мидлтон наводно избира зелено смути, кое содржи седум моќни состојки: кељ, спанаќ, зелена салата, боровинки, спирулина во прав, мача (зелен чај во прав) и коријандер.
Секако звучи многу здраво, но какви придобивки всушност дава оваа напивка? Нутриционистката Хелен Бел го кажа своето мислење за ова смути.
„Според моето искуство, терминот суперхрана често се користи прекумерно, но тој обично се однесува на храна богата со хранливи материи, која позитивно влијае на здравјето. Во смутито на Кејт неколку состојки може да се сметаат за суперхрана. На пример, кељот, спанаќот и спирулината се богати со витамини, минерали и антиоксиданси. Боровинките се уште еден таков пример познати по нивната висока содржина на антиоксиданси. Мачата, еден вид зелен чај, е позната по својата концентрација на катехини, кои се природни антиоксиданси“, рече таа.
Таа објасни дека со додавање одредени суперхрани во вашата исхрана можете да забележите позитивен ефект врз нивото на холестерол. Листестиот зеленчук, како што се кељот и спанаќот, се особено забележливи по нивната способност да го намалат нивото на лошиот холестерол.
„Боровинките исто така играат улога во здравјето на срцето, потенцијално ги подобруваат нивото на холестерол и кардиоваскуларното здравје. Иако ниедна храна не може драстично да го промени нивото на холестерол, урамнотежената исхрана богата со овие состојки може значително да придонесе за здравјето на срцето“, смета нутриционистот.
Таа истакна дека кељот, спанаќот и зелената салата го зголемуваат внесот на витамини, особено на витамините А, Ц и К, кои се важни за имунитетот, како и за здравјето на кожата и коските.
Сепак, таа предупреди дека и покрај придобивките, зелените смутија може да имаат и одредени недостатоци.
„Иако состојките во смути се генерално корисни, важно е да се земат предвид индивидуалните потреби за исхрана. На пример, луѓето со проблеми со тироидната жлезда можеби ќе треба да го намалат внесувањето на суров кељ и спанаќ. Спирулината и мачата се многу силни, па затоа ве советувам да почнете со помали количини за да бидете сигурни дека се соодветни за вашето тело. Според моето искуство, рамнотежата е клучна и секогаш е мудро да се консултирате со лекар, особено ако имате специфични здравствени проблеми“, заклучи таа.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Забава
Игор Карачиќ победата над Исланд ја прослави со бакнеж со сопругата Душица
Ракометната репрезентација на Хрватска го совлада Исланд со 32:26 во натпреварот од второто коло од Групата 4, втората фаза на Светското првенство. Игор Карачиќ емотивно ја прослави победата, со бакнеж од сопругата Душица, објави Индекс.
Најголема поддршка во кариерата на Игор е неговата сопруга Душица Андоновска, Македонка со која 36-годишниот ракометар стапи во брак во 2021 година.
Двојката се запозна додека Игор настапуваше за ракометниот клуб Вардар. Тие беа разоткриени од македонските медиуми, а набргу потоа и Игор ја потврди врската на социјалните мрежи.
Тие се верија во 2020 година, а Игор на Инстаграм објави фотографија од прстенот што го носи Душица.
Забава
(Фото) Ријана ги воодушеви своите следбеници на Инстаграм, позирајќи во долна облека
Познатата пејачка Ријана (36) објави неколку заводливи фотографии за да ја прикаже најновата колекција на нејзиниот бренд Savage X Fenty.
Музичарката и успешна претприемачка позираше во сензуална долна облека и ги воодушеви своите следбеници на социјалните мрежи.
Носеше црно боди од тантела со извезени рози кои ја истакнаа нејзината фигура, а комбинацијата ја комплетираше со црни потпетици.
Забава
Ким Кардашијан изгуби илјадници следбеници поради една објава за Меланија
Бројот на следбеници на Ким Кардашијан (44) на Инстаграм е значително намален и сето тоа поради една објава. Имено, многу луѓе и замериле на Ким што почнала да споделува содржини со политички призвук. Таа неодамна сподели фотографија од Меланија Трамп, првата дама на САД.
Објавата предизвика лавина реакции, а многу коментари беа негативни. За само неколку минути дури 150.000 луѓе решиле да ја отпратат, пренесува Дејли Мејл.
Таа моментално има околу 358 милиони следбеници на својот Инстаграм профил. Според маркетинг агенција специјализирана за инфлуенсери, овој пад се смета за „загрижувачки“. Ким се уште јавно не се изјаснила кого поддржувала на изборите – Доналд Трамп или Камала Харис. Но, некои веруваат дека сега работите се појасни. Од друга страна, многумина истакнуваат дека Ким само сакала да го пофали модниот избор на Меланија.