Контакт

Естрада

Науката потврди: Фреди Меркјури е најдобар пејач на сите времиња

Објавено пред

Фреди Меркур и официјално е прогласен за најдобар пејач на сите времиња.

Група австриски, чешки и шведски научници спроведе студија што беше објавена во списанието „Логопедикс фонијатрикс воколоџи“. Иако не го тестираа урбаниот мит според кој Меркјури имаше опсег на гласот од четири октави, открија уште поинтересни факти за гласот на легендарниот пејач.

Пред сè, иако бил познат како тенор, тој всушност бил поблиску до баритон. Тимот на научници го засновал ова преку шесте интервјуа што ги дал фронтменот на „Квин“, кои открија дека просечната фреквенција на неговиот глас е 117,3 Hz, пишува Унилад.

Тие заклучиле дека гласните жици на Фреди едноставно се движеле побрзо отколку кај другите луѓе. На пример, додека типичниот вибрато се движи со фреквенција меѓу 5,4 Hz и 6,9 Hz, кај Меркјури се движел околу 7,04 Hz.



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Естрада

Градот во кој Доли Партон е добродетелка, муза и кралица

Објавено пред

Иако помина половина век откако Доли Партон го напушти округот Севиер, Тенеси, каде што израсна во голема сиромаштија, нејзиното влијание врз овој регион е огромно. Постојат компании, згради и добротворни организации со нејзиното име, а нејзиниот лик ве гледа од врамени фотографии, билборди и маици низ целиот пејзаж. Во округот Севиер таа е она што е Исус Христос за Ватикан.

Ако го посетите градот Пиџн Форџ во областа Севиер, може да налетате на музеј посветен на Доли, кој се наоѓа во рамките Доливуд, забавен парк на тема Доли, пред да отидете на вечера во Стампедо Доли Партон, на неколку километри по патот, и да го завршите денот така што ќе легнете на кревет во апартманот на Доли во доливудското одморалиште и бања „Дрим Мор“.

Една од најголемите атракции на Пиџн Форџ се рестораните со програма на Доли, кои исто така се во нејзина сопственост.

Во 1985 година, Доли инвестираше во мал забавен парк во Пиџн Форџ кој го нарече Доливуд и постави некои атракции на тема Доли Партон.

Во годините што следуваа го прошири со аквапарк, бунгалови за изнајмување и хотел со повеќе од 300 соби. Оваа атракција привлекува 2,7 милиони посетители годишно, а вработува 4 000 работници, главно сезонски.

Во забавниот парк може да се нарача „супа од камен” во ресторанот на хотелот, која се базира на супа што ја правела нејзината мајка од камен, во денови на сиромаштија.

Во ноември 2016 година, шумските пожари се раширија низ Гатлинген, околу 16 километри јужно од Доливуд. Четиринаесет лица загинаа, а околу 2.500 згради беа оштетени или уништени.

Четириесет и осум часа по пожарот, Доли го основа Фондот „Мој народ“ за да им помогне на луѓето погодени од пожари. Таа собра повеќе од 12 милиони долари.

Прикажи повеќе...

Естрада

Селин во љубов со 16 години помлад танчар

Објавено пред

Откако на почетокот од 2016 година почина од рак нејзиниот сопруг Рене Анџели, со кого таа беше во брак 22 години, канадската пејачка Селин Дион (50), наводно, повторно е заљубена. Пејачката постојано е во друштво на 16 години помладиот танчар и илустратор Пепе Муњоз (34), а шпекулациите за нивната врска се појавија уште минатата година.

Иако и двајцата првично негираа дека се во врска и тврдеа дека се само „добри пријатели”, вчерашното допирање за време на ревијата во рамки на Париската модна недела ги увери присутните во спротивното.

Селин и нејзиниот млад придружник седеа заедно и постојано се допираа, не осврнувајќи се на погледите на присутните. Пејачката, исто така, носеше долг секси фустан што  „премногу” открива.

Дион, која во последните три години доживеа трагедија поради смртта на нејзиниот сопруг и брат, многу ослабе, а исто така беше во тешка депресија.

Неодамна се шпекулираше дека е во тајна врска со холивудскиот актер Расел Кроу (54), но на крајот тоа се покажа неточно.

Прикажи повеќе...

Естрада

Во Тел Авив се подигаат шатори за туристите на „Евросонгoт“

Објавено пред

Градските власти објавија дека на туристите на „Евросонгот“ ќе им понудат кампување, но исто така и полуксузна варијанта. Таканаречениот „Град на шатори” ќе биде подигнат во паркот Јаркон, недалеку од салата каде што ќе се одржува „Евровизија“ и ќе ги имаат сите потребни објекти кои обично го следат кампувањето.

Се очекува дека европскиот ТВ-натпревар во пеење ќе привлече најмалку 10 000 странски туристи во Тел Авив, град со повеќе од 400 000 жители. Градоначалникот Рон Хулдаи (74) дека цените за кампување ќе бидат прифатливи, но не спомна конкретни бројки.

Ова сигурно ќе биде добра опција за дел од туристите, бидејќи цените на хотелското сместување во Тел Авив се особено високи за време на одржување на „Евросонгот“. Израелската пејачка Нета Барзилаи (26) победи минатата година на „Евровизија“ во Лисабон и на тој начин му овозможи на Израел да биде домаќин оваа година.

Многу меѓународни културни работници ја критикуваа одлуката да се дозволи Израел да го организира Евросонгот и повикуваат да се бојкотира настанот, обвинувајќи ја израелската влада за систематско кршење на човековите права на Палестинците.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија1 минута

Агенцијата за медиуми го испитува сопствеништвото на 1ТВ

Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиуми поведува постапка против 1 ТВ поради наводно скриено сопствеништво. На утрешната седница на дневен...

Македонија54 минути

СЈО бара да им биде продолжен куќниот притвор на Камчев и Мијалков

За сите осомничени во истрагата ,,Империја”, СЈО бара да им биде продолжен куќниот притвор бидејќи сè уште постојат причините за...

Македонија2 часа

Граѓаните на пешачки маратон во МРТ, лифтовите на поправка

Речиси една недела не работи ниту еден од четирите лифтови во зградата на Македонската радио-телевизија каде што се сместени и...

Регион3 часа

Грчките пратеници вечерва ќе гласаат за ратификација на договорот за името

Вториот ден од дебатата за преспанскиот договор, на пленарната седница во грчкиот парламент, ќе биде заокружена доцна вечерва, кога се...

Македонија3 часа

(Видео) Закани до обвинителите на СЈО: „Фатиме е наша, а на тој каурот ќе му ја расплачеме фамилијата“

Во кривичниот суд во Скопје повторно се одложи рочиштето за предметот на СЈО „Титанк 3“, во кој обвинети се Ејуп...

Македонија3 часа

Мијалков на 31 јануари ќе го испрашува свиркачот Лазаревски

Судењето за предметот „Таргет-Тврдина“, кое се однесува на незаконското следење на комуникации, е одложено за 31 јануари. Свиркачот Ѓорги Лазаревски...

Македонија5 часа

Каракамишева: Венециската комисија поради притисоците испрати писмо до Османи и Заев

Венециската комисија испратила писмо до Кабинетот за вицепремиерот за евроинтеграции, Бујар Османи, и до премиерот Зоран Заев во кое се...

Свет5 часа

Кинески воени авиони ,,покажувале сила” летајќи во близина на Тајван

Кинески воен авион „сухој Су-30“и транспортен авион „шансји Ј-8“ на Ослободителната војска на Кина (ПЛА) прелетале над каналот Баши меѓу...

Македонија5 часа

На 12 март одново ќе почне судењето за набавката на 300 полициски „шкоди“

На 12 март, во 10 часот, во кривичниот суд во Скопје одново ќе почне судењето за предметот „Триста“ на СЈО,...

Свет5 часа

Најмалку 5 мртви во заложничката криза во банка на Флорида

Вооружен напаѓач упаднал во банка во Флорида и се забарикадирал внатре, а потоа се јавил на бројот за итни случаи...

Свет6 часа

САД одбиваат да ги повлечат дипломатите од Венецуела

Американскиот државен секретар, Мајк Помпео, одби да ги повлече американските дипломати од Каракас тврдејќи дека владата што ги прекинала дипломатските...

Македонија21 час

ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ не сакаат да се договорат за една изборна единица

Многуте повици од помалите партии за измени на Изборниот законик, со кои ќе се воведе една изборна единица и отворени...

Анализи21 час

Политиката го подели СЈО на табори

„Чарлиевите ангели“ ги нема. Катица Јанева, Ленче Ристоска и Фатиме Фетаи речиси една година не се појавуваат на заеднички прес-конференции....

Македонија22 часа

Ѓорчев: Не се грижам кој ќе биде противкандидат од СДСМ, тие го излажаа народот

Без да одговара на новинарски прашања, пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ, Влатко Ѓорчев ја објави кандидатурата за претседател на државата. Тој повеќе...

Истражувања1 ден

(Видео) „Лимак“ и Градот ги изиграа скопјани, се гради хотел место прво да се изгради подземната сообраќајница

Место прво да ја изгради подземната сообраќајница па потоа да ги гради содржините над земја, турската компанија „Лимак“ кај Стара...

Македонија1 ден

Врховните судии ќе расправаат дали СЈО може да отвора истраги и да презема предмети

Адвокати на обвинети во предметите на специјалното јавно обвинителство, преку неколку иницијативи, бараат од Врховен начелно правно мислење за постапките...

Македонија1 ден

Нимиц: Длабоки и опасни последици ако не успее преспанскиот договор

Специјалниот пратеник на Обединетите нации, Метју Нимиц, предупредува дека пропаѓањето на преспанскиот договор би имало опасни последици за двете страни,...

Свет1 ден

Шпанските спасувачи во трка со времето – ќе успеат ли да го извлечат двегодишното дете од бунарот

Шпанските спасувачи се во трка со времето и неизвесно е дали ќе успеат да го извлечат двегодишното дете кое пред...

Македонија1 ден

Протестот за воздухот в сабота за едни политички за други неопходен

Нова најава за протест против загадувањето на воздухот од синоќа ги подели скопјани на верници и луѓе кои повеќе не...

Македонија1 ден

Зоран Заев: Мијалков ги охрабрувал пратениците да гласаат за промена на името

Претседателот на Владата, Зоран Заев, во интервју за „Алсат“ призна дека ексдиректорот на УБК, Сашо Мијалоков, лично разговарал со 8-те...

Досие