Контакт

Забава

Научниците откриле нов ензим што јаде пластика

Објавено пред

Научниците случајно развиле ензим што може да го јаде пластичниот отпад кој може да се искористи во борбата против еден од најлошите проблеми со загадувањето во светот, објави Си-ен-ен.

Истражувачите од британскиот Универзитет во Портсмут и Националната лабораторија за обновлива енергија на САД (NREL) ја откриле структурата на природниот ензим што се наоѓа во центарот за рециклирање отпад пред неколку години во Јапонија.

Тие велат дека ензимот Ideonella sakaiensis 201-F6 е способен да јаде полиетилен терефталат, кој беше патентиран како пластика во 40-тите и се користи во милиони тони пластични шишиња.

Целта на научниците била да ја проучат неговата структура, но тие случајно дизајнирале ензим што е уште подобар за разложување на ПЕТ-пластиката.

„Ние се надевавме дека ќе ја одредиме неговата структура за да помогнеме во протеинскиот инженеринг, но завршивме чекор подалеку и случајно изградивме ензим со подобрени перформанси при разложување на овие пластики“, рече водечкиот истражувач на NREL, Грег Бекам.

Откритието би можело да резултира со решение за рециклирање за милиони тони пластични шишиња направени од ПЕТ, кое моментно трае стотици години во животната средина, објави Универзитетот во Портсмут на својата веб-страница.

Бизарно

(Фото) Крави се прошетаа по плажата во едно од најскапите летувалишта

Објавено пред

Од

Светски познатата плажа на грчкиот остров Миконос, Кало Ливади, неодамна имаше неочекувани гости кои воопшто не се грижеа за премногу скапите лежалки.

Имено, стадо крави се појавиле на една од најпопуларните плажи на Миконос, а освен што влегле во водата за да се разладат, домашните животни и неколкупати се прошетале по должината на плажата.

Најлогично објаснување е дека кравите избегале од селото над плажата и дошле во потрага по вода.

Како што информирале посетителите што во тој момент биле на плажата, животните биле пријателски настроени и не направиле никакви проблеми.

Прикажи повеќе...

Забава

Австриски весник упати критики за односот на хрватската претседателка нарекувајќи ја Алкохолинда

Објавено пред

Од

Веселото однесување на хрватската претседателка, Колинда Грабар-Китаровиќ, во текот финалето на Светското првенство во фудбал предизвика многу позитивни реакции во медиумите и на социјалните мрежи. Многумина ја пофалија нејзината спонтаност и емоционална отвореност.

Но, постојат и такви што поинаку ги протолкуваа нејзините импулсивни реакции и на зајадлив начин ги коментираа. Така, на пример, германскиот таблоид „Билд“ излезе со насловот Präsidentin Knutschovic, односно претседателка што сака бакнежи, а сега австрискиот весник „Курир“ објави напис со наслов „Алкохолинда: Хрватската претседателка критикувана од страна на медиумите“.

Имено, австриски „Курир“ пишува дека многумина се сомневаат во искреноста на емоциите на претседателката и дека тие не биле во согласност со политичката позиција што је претставува. Весникот наведува и дека српските таблоиди  почнале да ја нарекуваат Алкохолинда поради теоријата дека претседателката испила некоја чашка повеќе поради што, како што се наведува, разбирливо станува и нејзиното однесување во текот на финалниот натпревар по кој таа го прегрна и бакна секој што ѝ се приближи на пиедесталот.

Прикажи повеќе...

Забава

Руските служби објаснија зошто Путин прв доби чадор по финалниот натпревар на Светското првенство

Објавено пред

Од

Кога на церемонијата на доделување на медалите за најдобрите на фудбалското СП во Москва, заврна дожд, речиси инстантно обезбедувањето пронајде чадор за рускиот претседател Владимир Путин за разлика од другите лидери што немаа толку среќа.

Грмотевици можеа да се слушнат во текот на второто полувреме на стадионот „Лужники“, а небото се отвори кога Путин, во придружба на претседателот на ФИФА, Џани Инфантино, дојде до подиумот за церемонијата на доделување на медалите.

Костимот на Путин накисна, но набргу со појави човек со чадор, кој му излезе во пресрет на рускиот претседател.

Таква среќа немаa хрватската претседателка Колинда Грабар-Китаровиќ, облечена во дрес на националниот тим, и францускиот претседател Емануел Макрон, кои стоеа веднаш до Путин, кој многу пред нив беше заштитен од дождот. Имено, двајцата лидери по неколку минути добија чадори, но, за жал, беше предоцна.

Многумина веднаш се запрашаа зошто само Владимир Путин инстантно имаше чадор, а сите други накиснаа на дождот. Руските служби денеска објавија соопштение во кое се обидоа да дадат одговор на ова прашање.

„Грижата за чадорите е обрска на персоналот задолжен за безбедноста на претседателот. Во нивниот правилник јасно е наведено дека чадор над главата на Путин мора да има во моментот кога ќе падне првата капка дожд. Во таа смисла прашањата во врска со чадорите на Макрон и Колинда треба да им се постават на нивните обезбедувања“, се вели во соопштението на руската служба, кое го пренесе хрватскиот портал „Индекс“.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија5 часа

(Видео) Кирацовски: ВМРО-ДПМНЕ свесно го блокира изборот на ДИК за да нема референдум

СДСМ има обврска да ја обезбеди иднината и нема да дозволиме никој да го кочи членството во ЕУ и НАТО,...

Македонија5 часа

(Видео) Џафери не му даде збор на Димовски, пратениците од ВМРО-ДПМНЕ лупаа на масите

Пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ, Илија Димовски, неколку минути го убедуваше собранискиот спикер Талат Џафери да добие збор процедурално на седницата на...

Македонија6 часа

Тројцата осомничени за смртта на Саздовски, наместо за насилство, ќе одговараат за убиство

Скопското јавно обвинителство го преквалификува кривичното дело за смртта на Никола Саздовски од „насилство“ во „убиство“. „Наместо за кривично дело...

Македонија7 часа

Градот Скопје троши половина милион евра годишно за одржување на фонтаните

Градот Скопје годишно троши од 25 до 30 милиони денари годишно или околу половина милион евра за одржување на фонтаните...

Македонија7 часа

Власта го забрза изборот на ДИК, бара изборни измени со ЕУ знаменце

Предлогот кој Владата го достави до Собранието за измени на изборниот законик е со европско знаменце, а во образложението се...

Македонија8 часа

Владата предлага ДИК да се бира со апсолутно мнозинство

Владата пратила предлог до Собранието за измени во изборниот закон со кои бара составот на Државната изборна комисија да се...

Македонија9 часа

Кочан: „Покрај сувото гори и суровото“ – Случајот „Труст“ пред пресуда

Првообвинетиот во предметот „Труст“, бизнисменот Сеад Кочан, во завршните зборови во кривичниот суд денеска рече дека покрај сувото гори и...

Македонија9 часа

(Видео) Никола Попоски: Власта и опозицијата да си го сменат менталитетот

Власта и опозицијата да си го сменат менталитетот, самите да направиме скриниг на институциите, порача денеска претседателот на Националниот совет...

Македонија10 часа

Мајката што го остави бебето пред Домот за доенчиња во Битола кривично ќе одговара

Полицијата поднесе кривична пријава против 17-годишната мајка од Желино која на почетокот на овој месец го остави своето новороденче пред...

Македонија10 часа

Разочарани сме дека Владата останува на ставот Водно да биде колатерална штета, порачаа граѓански активисти

Граѓанските активисти остануваат на ставот дека се против изградба на гасоводот низ парк-шумата Водно. Тие порачуваат дека не можат со...

Македонија11 час

Русија да разбере дека Македонија нема алтернатива освен ЕУ и НАТО, порача Заев

По вчерашната информација на премиерот Зоран Заев дека руски бизнисмени ги финансирале насилните протести против промена на името, денеска премиерот...

Македонија12 часа

(Видео) Хан ги повика граѓаните да гласаат на референдумот

Еврокомесарот за проширување и соседска политика, Јоханес Хан, ги повика граѓаните да гласаат на референдумот за името. Тој порача дека...

Македонија12 часа

Османи назначен за шеф на преговарачкиот тим со ЕУ

Вицепремиерот Бујар Османи е назначен за шеф на делегацијата и главен преговарач за Европската Унија, соопшти утрово премиерот Зоран Заев...

Македонија12 часа

Иван Савидис негира дека им дал 300 000 евра на македонски политичари и навивачи

Рускиот бизнисмен Иван Савидис демантира каква било вмешаност во протестите против договорот за името во Скопје и негира дека платил...

Македонија12 часа

Иванов во официјална посета на Молдавија

Претседателот Ѓорге Иванов, придружуван од сопругата Маја Иванова, од денеска престојува во дводневна официјална посета на Република Молдавија. Иванов во...

Македонија23 часа

(Видео) „Комитите“ побараа обвинението за смртта на Саздовски да се смени од насилство во убиство

Навивачката група „Комити“ на денешниот марш за Никола Саздовски порачаа дека очекуваат обвинението да се смени од насилство во убиство....

Македонија23 часа

Важно е да нема местенки и правдата да излезе на виделина, порача таткото на Саздовски

Полицајците не се виновни. Ве замолувам на една минута молк за Никола и мирно да си заминеме, порача денеска од...

Свет1 ден

Трамп и Путин ја оценија средбата корисна и успешна – „Лошите односи се променија пред четири часа“

Рускиот претседател, Владимир Путин, и неговиот американски колега Доналд Трамп се согласија дека денешните разговори во Хелсинки биле многу корисни....

Македонија1 ден

Опожарено возилото на директорот на ЈП „Водовод“ – Битола

Возилото кое рано утрово во Битола било опожарено е во сопственост на директорот на ЈП „Водовод“ – Битола, Горан Козаров,...

Македонија1 ден

Лидерска средба до крајот на неделава

Запрени се преговорите меѓу политичките партии за Законот за финансирање на партиите, изборот на ДИК и за техничка влада. Овие...

Досие