Контакт

Бизарно

Решена мистеријата за мумијата од Чиле

Објавено пред

Мумифицираниот скелет откриен во пустината Атакама во Чиле пред 15 години поттикна многу шпекулации и теории на заговор за неговото вонземско потекло поради неверојатниот изглед. Имено, иако се работи за скелет на женско новороденче, тој е висок само 15 сантиметри, а коските му изгледаат како на дете на возраст од 6 до 8 години. Уште поневообичаено е дека скелетот има издолжена глава и 10 наместо 12 пара ребра.

Скелетот наречен Ата беше пронајден во Ла Норија, напуштен рударски град среде пустината во Чиле пред 15 години, но на крајот беше продаден на приватен колекционер во Шпанија. Иако професорот по микробиологија и имунологија на Универзитетот „Стенфорд“, Гери Нолан, во 2013 година докажа дека Ата има човечко потекло, истата година скелетот стана тема во документарниот филм „Сириус“ како потенцијален доказ за постоењето вонземски живот.

Сепак, научен тим од Калифорнија, предводен од Нолан, сега успеа да извади ДНК од мумијата со цел да се спроведе генетска анализа, која конечно ја открила трагичната вистина за Ата, објави британски „Гардијан“. Имено, не станува збор за вонземјански, туку за човечки остатоци од бебе, кое починало непосредно по раѓањето поради ужасни мутации што го деформирале неговото тело.

Нолан и неговите колеги ја објавија ДНК-анализата која покажува дека Ата имала мутации на најмалку 7 гени за кои се знае дека предизвикуваат големи дефекти во развојот на коските или го забрзуваат нивниот развој. Покрај тоа, Ата веројатно имала релативно честа и потенцијално смртоносна болест наречена вродена хернијација на дијафрагмата, пишува „Гардијан“.

Бизарно

Англичанец украл полициско комбе пред полициска станица

Објавено пред

Шон Вормен, човек осомничен за крадење полициско комбе што било паркирано пред полициска станица во југоисточна Англија, е уапсен и обвинет за седум кривични прекршоци.

Полицијата објави дека 27-годишникот е обвинет, меѓу другото, за тешка кражба на возило и небезбидно возење, како и за лажно претставување како полициски службеник.

Прикажи повеќе...

Бизарно

Авион приземјен поради овошје – патниците не можеле да ја издржат силната миризба

Објавено пред

Дуријан е прекрасно овошје, тежи меѓу еден и три килограми и има сладок вкус. Најмногу се јаде во Југоисточна Азија, каде што го викаат крал на овошјето.

Сепак, неговиот силен мирис не е нешто што може секој да го толерира. Некои го опишуваат како мешавина од мирис на валкани чорапи, тоалет и канализација.

Поради оваа причина, плод од дуријан приземјил патнички авион кога патниците се пожалиле на силен и неподнослив мирис во кабината.

Летот на компанијата „Сривиџаја ер“ од Бенгкулу кон Џакарта задоцнил на крајната дестинација по жалбата на патниците за непријатниот мирис во кабината. Некои од нив дури и не сакале де се качат во авионот.

Можеби звучи неверојатно, но овошјето не ни било во кабината, туку во товарниот дел на авионот, но мирисот сепак стигнал до патниците.

Еден час подоцна дуријанот бил истоварен од авионот и летот можел да се реализира.

Инаку, интересно е дека транспортот на ова овошје не е забранет, но неопходно е во товарниот дел да има и кафе и за да се апсорбира мирисот. Исто така, мирисот исчезнува кога авионот е во воздух.

Прикажи повеќе...

Бизарно

Британска актерка ја доела ќерка си девет години

Објавено пред

Британката Шерон Спинк (50), мајка на четири деца и актерка, се пожали дека ѝ недостига доењето на својата ќерка, кое траело до деветтата година.

Таа вели дека не гледа ништо лошо во тоа и смета дека долгото доење создало доживотна врска меѓу нив. Таа престанала да ја дои пред два месеца кога деветгодишната Шарлот самата ѝ рекла дека повеќе не сака да цица.

Шерон истакна дека ќерка ѝ ретко била болна токму поради доењето, но притоа стана цел на критики. Некои луѓе ја нарекоа злоупотребувач на деца и педофил.

Шерон има уште три ќерки, Ким (30), Сара (28) и Изабел (12). Првите две ги доела две недели, а третата шест месеци.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија1 час

Полицијата пред ВМРО-ДПМНЕ ги стопира и ги претресува возилата кои излегуваат од седиштето

Полицијата ги стопира сите возила кои излегуваат од седиштето на ВМРО-ДПМНЕ. Вршат целосен претрес на возилата и претресуваат еден по...

Македонија3 часа

Објавена потерницата за Никола Груевски

Министерството за внатрешни работи ја објави националната потерница за експремиерот Никола Груевски, на веб-страницата во делот „Потраги“. „Никола Груевски, од...

Македонија3 часа

Полициски „алфи“ влегоа во домот на Груевски

Полициски „алфи“ влегоа во станот на експремиерот Никола Груевски, но внатре не најдоа никој. Засега нема информации каде е Груевски,...

Македонија5 часа

СЈО: Во случајот „Империја“ испрани се речиси 11 милиони евра

Во случајот „Империја“ на специјалното јавно обвинителство испрани биле речиси 11 милиони евра, а буџетот на Република Македонија бил оштетен...

Топ6 часа

ЕЛЕМ повторно склучил милионски договор во четири очи

АД ЕЛЕМ склучил договор во вредност од 92.040.000 денари со приватната фирма „Марковски компани“ од Битола, во постапка на преговарање...

Македонија8 часа

Судот го замрзна имотот на „Орка холдинг“ и „Ексико“

Кривичниот суд замрзна имот на осомничените во случајот „Империја“, меѓу кои се и бизнисменот Орце Камчев и ексдиректорот на УБК,...

Македонија9 часа

ЗНМ: Јавните пари ќе продолжат да се трошат за политичка пропаганда, власта не го исполни ветеното

Здружението на новинарите на Македонија изрази загриженост затоа што во последните измени и дополнувања на Изборниот законик, што по скратена...

Свет9 часа

Трамп со твит за состојбите во Калифорнија ги разгневи пожарникарите и славните личности

Американскиот претседател, Доналд Трамп, на „Твитер“ ја објасни својата теорија за вистинските виновници за катастрофалниот пожар во Калифорнија. Како што...

Економија10 часа

Бензините поевтинуваат 4 и 4,5 денари

Од ноќеска на полноќ цената на бензините ќе се намали 4 и 4,5 денари, а на дизелот 3 денари, соопшти...

Европа10 часа

Французинка криела дека има двегодишна ќерка и ја чувала во багажникот од автомобилот

На Французинката Рози Марија де Круз ѝ се заканува затворска казна од 20 години во судењето што почна денес поради...

Регион13 часа

Мицотакис: Нема да гласаме за ратификација на преспанскиот договор

Претседателот на најголемата опозициска партија во Грција, „Нова демократија“, Киријакос Мицотакис го повтори партискиот став, дека нема да дадат поддршка...

Македонија15 часа

,,Се молиме ветрот да не го промени правецот, бидејќи за минута може да изгори селото”, сведочат жителите на Селци

Една недела над селото Селци, на падините на планината Стогово, гори шумата, во која има борови и дабови дрва. Во...

Македонија1 ден

(Видео) Од 1 декември нема да дозволиме зависници да доаѓаат во Кисела Вода, жителите се судрија со претставник од Општината

Жителите на Кисела Вода им дадоа рок на властите до крајот на месецов да го дислоцираат Центарот за превенција и...

Македонија1 ден

И последниот амандман доби „зелено светло“ од Комисијата за уставни прашања

Со девет гласа „за“, пет „против“ и без воздржани, собраниската Комисија за уставни прашања попладнево го усвои последниот нацрт-амандман, со...

Економија1 ден

Усвоен ребалансот на Буџетот – 3 милијарди денари за општините, намалени проекциите за економски раст

Општините ќе добијат 3 милијарди денари за покривање на долговите, нивото на буџетски дефицит е задржано, а намалени се проекциите...

Македонија1 ден

Партијата на Бачев за Василевски: Охриѓани велат дека е превртлив и е дел од масонски организации

Еден ден по расправијата во Охрид помеѓу лидерот на „Единствена Македонија“, Јанко Бачев и пратеникот Сашо Василевски, од партијата на...

Македонија1 ден

Интервју на Димитров за „Велт“: Веруваме дека Грците ќе го исполнат ветеното

Топката е засега кај нас. Ние веруваме дека Грците ќе го направат она што го ветија. Ова е најдобриот компромис...

Македонија1 ден

Граѓански собир за дислокација на Центарот за зависници во Кисела Вода

По иницијатива на поголем број на граѓани кои жиевеат во општина Кислеа Вода денеска ќе се одржи граѓански собир на...

Европа1 ден

Австрија откри уште еден случај на шпионажа во корист на Русија

Канцеларијата на австриското државно обвинителство за борба против економскиот криминал и корупција започна истрага против австриски контраразузнавачки агент, кој е...

Топ1 ден

Кривична пријава за стружанец оти одгледувал канабис под пластеници

Стружанецот М.К. (52) од селото Корошишта доби кривична пријава отккао полиција во неговата фарма под пластеници нашла 10 стебла канабис....

Досие