Контакт

Забава

Најголемата грутка злато пронајдена на Алјаска се продаде за 750.000 долари на аукција

Објавено пред

Злато тешко повеќе од 9 килограми беше продадено на аукција во средата за 750.000 долари, објави аукциската куќа „Херитиџ“ со седиште во Тексас. Наречена „Стогодишна златна грутка на Алјаска“ бидејќи е пронајдена на 100-годишнината од златната треска во Клондајк, златната грутка е најголемата ископана во историјата на Алјаска, соопшти аукциската куќа.

dobivaj vesti na viber

Ова злато го пронашол Бери Клеј во 1998 година во близина на градот Руби во западна Алјаска, во рудникот „Свифт крик“. Димензиите на златната грутка се 17х14,5х11 сантиметри и тежи 9,13 килограми. Името на новиот сопственик не е објавено. Потрагата по злато, позната како златна треска, трае повеќе од 160 години на Алјаска.

Златната треска на Клондајк името го доби по реката Клондајк во територијата Јукон во северозападна Канада. Оваа река ја нарекуваат златоносна бидејќи во неа и во нејзините притоки е окриено злато што привлече илјадници доселеници. Се проценува дека речиси 100,000 трагачи по злато пристигнале во таа област од 1896 до 1899 година.

Златото таму го пронашле локалните рудари во 1896 година, а кога веста стигнала до Сиетл и Сан Франциско, предизвикало вистинско стампедо од луѓе што сакале да се збогатат. Некои од нив успеале, но повеќето немале среќа. Златната треска е овековечена во многубројни филмови, литература и со фотографии.

Забава

Шпански колбас прикажан како нова ѕвезда снимена со телескопот Џејмс Веб

Објавено пред

Француски научник упати јавно извинување откако твитна фотографија од парче колбас чоризо, тврдејќи дека се работи за далечна ѕвезда снимена од вселенскиот телескоп Џејмс Веб.

dobivaj vesti na viber

Етјен Клајн, прославениот физичар и директор на француската Комисија за алтернативна и атомска енергија, сподели фотографија од зачинетиот шпански колбас на Твитер, истакнувајќи ја количината на детали што ги нуди фотографијата.

“Фотографијата на Проксима Кентаури, најблиската ѕвезда до Сонцето, која се наоѓа на 4,2 светлосни години од нас. Фотографијата е направена од вселенскиот телескоп Џејмс Веб. Ова ниво на детали… Секој ден се открива нов свет”, физичарот им порача на своите следбеници на Твитер.

Илјадници корисници го споделија овој твит и ја коментираа објавата, земајќи го за збор истакнатиот научник. Подоцна тој призна дека фотографијата всушност била крупен кадар на парче колбас chorizo ​​на црна позадина.

„ Па, кога е час за коктел, когнитивната пристрасност има многу за уживање… Бидете свесни за тоа. Според модерната космологија, ниту еден предмет поврзан со шпанскиот деликатес не постои никаде на друго место освен на Земјата“, напиша Клајн.

Откако се соочи со реакции од заедницата на Твитер, тој мораше да објасни дека тоа е шега.

„ Да научиме да бидеме внимателни со аргументите кои доаѓаат од позиција на моќ, како и со спонтаната елоквентност на одредени слики“, рече Клајн. На почетокот на август уште еднаш и се извини на јавноста, изјавувајќи дека намерата му била да го привлече вниманието на сликите кои како да „зборуваат сами“, а вистината е дека всушност е далеку од тоа!

Телескопот Џејмс Веб е најмоќниот телескоп кој некогаш бил испратен во вселената. Официјално започна со работа на 12 јули, а на нашата планета испраќа слики со огромна резолуција од SSD.

Прикажи повеќе...

Забава

Том Круз им се извинил на луѓе кои шетале во парк кога снимал акробација

Објавено пред

Том Круз можеби е суперѕвезда, но сè уште не ги заборавил своите манири.

dobivaj vesti na viber

Актерот (60), наводно, се извинил што го им го уништил пешачењето на една двојка додека снимал акробација за најновиот од сагата „Невозможна мисија“ (Mission: Impossible – Dead Reckoning Part First).

Двојката, Џејсон и Сара Хејгарт, изјавија за „Екстра“ дека налетале на продукцискиот тим и на актерот во текот на прошетка во националниот парк „Лејк дистрикт“ во Обединетото Кралство.

Парот сфатил дека нешто не е во ред кога виделе хеликоптер како лета над една област во планините.

Кон крајот на прошетката, почнавме да гледаме хеликоптери како доаѓаат до провалија и ги фрлаат луѓето од врвот… Бевме вчудоневидени…ова не изгледа добро…тука нешто не е во ред“, изјави Џејсон за публикацијата.

Откако хеликоптерот слетал, парот продолжил по својот пат каде налетале на Круз, подготвен да лета со параглајдер.

„Веднаш знаев дека е тој“, рече Сара. „Кога стигнавме таму, луѓето зборуваа дека се снима Mission: Impossible … но јас очекував каскадер.“

„Тој прво се извини за вревата“, додаде Џејсон. „Извинете момци, знам дека ја расипавме вашата прошетка со вревата“. А потоа рече: „Ми се допаѓа твоето куче“.

Прикажи повеќе...

Забава

Амброзио како сончев зрак на гламурозен настан во Лос Анџелес

Објавено пред

Алесандра Амброзио присуствуваше на промоција на соработката на Стаси Караниколау и Буби Тејп, што се одржа во Лос Анџелес во четвртокот вечерта.

dobivaj vesti na viber

Алесандра (41), која се прослави како ангел на „Викторија’с сикрет“, на себе има со блескав неон-жолт комплет – кусо здолниште и топ.

Атрактивната Бразилка изгледа совршено каде и да се појави, благодарение на својата беспрекорно тонирана фигура.

Стаси, најдобрата пријателка на Кајли Џенер, го најави козметичкиот производ на својот инстаграм-профил, каде ја обелодени соработката со Буби Тејп.

„Осветлувачки бронзер кој ќе ви помогне да дадете совршен сјај во пределот на градите“, напиша таа.

Прикажи повеќе...

Најново

Европа7 часа

(Видео) Експлозија во близина на аеродромот Хитроу во Англија

Силна експлозија одекна околу 17 часот по локално време во близина на аеродромот Хитроу во Англија. По експлозијата, чија причина...

Свет8 часа

Трамп: Америка повеќе никој не ја почитува, ние сме народ кој стана шега

Светската заедница ја загуби почитта кон американскиот народ и Америка, изјави Доналд Трамп. Тој исто така изрази загриженост дека другите...

Топ10 часа

Повредено дете во приватна градинка во Скопје, родителот не бил информиран

На 06.08.2022 во 21.50 часот во Полициската станица Карпош, Р.Т.(38) од Скопје пријавил дека на 03.08.2022 околу 17.00 часот откако...

Македонија13 часа

Почина жената од Неготино, која беше претепана од партнерот

Почина 46-годишната жена од Неготино која беше претепна од партнерот П.Н.(51) исто од Неготино. Таа беше во кома пет дена,...

Свет14 часа

Израел прифати хуманитарен прекин на огнот, но Исламски џихад одби

Израел се согласи на хуманитарен прекин на огнот на предлог на Египет, но палестинската организација Исламски џихад ја одби понудата,...

Македонија15 часа

(Видео) Каевски: СДСМ реализира стратешки цели, ВМРО-ДПМНЕ блокира и го дели народот

Преку успешните, одговорни, државотворни политики на СДСМ, државата ги исполнува стратешките цели поставени уште на Денот на независноста. Република Северна...

Македонија16 часа

(Видео) Арсовски: Оставка од министерката Стојчевска заради цензурата на културата која се обидува да ја направи

Бисера Стојчевска трет ден ниту им се извинува на граѓаните, ниту пак има намера да си даде оставка. Ставајќи се...

Регион16 часа

Првите проблеми во истрагата: Уништен е тахнографот и не може да се прочита брзината на возење на полскиот автобус

Уништен е тахографот на полскиот автобус, кој вчера излета од автоптот А4 кај Загреб при што загинаа 12 лица, објави...

Регион17 часа

Приведена па ослободена руската новинарка Дарија Асламова

Институциите во Приштина ја ослободија притворената новинарка на „Комсомолска Правда“, Дарија Асламова, која синоќа беше однесена на Косово и Метохија,...

Свет19 часа

Зеленски: Амнести интернешнл молчи за нуклеарниот терор на руската армија

Претседателот на Украина, Володимир Зеленски, ја обвини Амнести Интернешнл дека молчи за нуклеарниот терор на руската армија. „ За жал,...

Свет19 часа

Расте бројот на загинати во Појасот Газа, убиен еден од лидерите на Исламски џихад

Израелската армија уби еден од водачите на палестинската група Исламски џихад во Појасот Газа, соопштија денеска израелските власти. Станува збор...

Свет19 часа

Европски медиуми: Америка ја вовлекува неволната Европа во конфликт со Кина

Некои аналитичари во ЕУ сметаат дека Америка во суштина ја вовлекува Европа во конфликт со Кина против нејзината волја и...

Македонија1 ден

Димитров: Зачести употребата на терминот „северномакедонци“, мора редовно да се реагира на секоја погрешна употреба

Во последно време зачести употребата на непостоечкиот термин “северномакедонци” од страна на претставници на земји – наши пријатели, кои го...

Регион1 ден

Објавени првите резултати од увидот: Возачот изгубил контрола над автобусот од Полска

Увидот за сообраќајната несреќа во која загинаа 12 луѓе на автопатот кај Брезница, Хрватска, утврди дека возачот изгубил контрола над...

Македонија1 ден

Подољак ѝ се заблагодари на Македонија за донацијата од тенкови: Пријателот се познава во неволја

Советникот на украинскиот претседател Михаил Подољак се заблагодари на донацијата што Украина ја доби од Македонија. Донацијата што Македонија ѝ...

Топ1 ден

Жена изгоре во пожар во куќа во Стар Дојран

Утрово во пожар во куќа на улицата „Маршал Тито“ во Стар Дојран, изгоре жена. Пожарот бил изгаснат од екипа на...

Регион1 ден

Ердоган откри за што се разговарал со Путин: Повторно му понудив средба со Зеленски

Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган изјави дека му предложил на рускиот претседател Владимир Путин да ја организира неговата средба со...

Топ2 дена

Обид за убиство на затвореник во „Идризово“, во тешка состојба е однесен во болница

Неколку минути по полноќ, обид за убиство на затвореник имало во затворот „Идризово“. Со две рани и во тешка состојба,...

Свет2 дена

Ентони Блинкен: Кина се оддалечува од мирно решавање на проблемот

Последните дејствија на Кина во Тајван се поблиску до принуда и употреба на сила отколку до практиката на мирно решавање...

Свет2 дена

Пекинг: Меѓународната заедница мора да одговори на притисокот на САД

Кинеските власти сметаат дека е неопходно меѓународната заедница да се обедини против „непромислениот“ притисок на САД и нивното мешање во...