Контакт

Забава

„Најки“ ја тужи компанијата што му направи патики на ѓаволот

Објавено пред

Производителот на спортски опрема Аthletic Nike Inc во понеделникот поднесе тужба против компанија со седиште во Њујорк, која ги направи таканаречените Satan Shoes (сатански патики), кои наводно содржат капка човечка крв – како дел од соработката со раперот на Old Town Road, Лил Нас Х.

Во тужбата поднесена до федералниот суд во Њујорк, „Најки“ тврди дека таканаречените сатански патики се произведени без одобрение и овластување на „Најки“ и дека „Најки“ во никој случај не е поврзан со овој проект.

„Најки“ во тужбата наведува дека компанијата MSCHF Product Studio Inc го повредила неговиот заштитен знак со црно-црвените обувки со ѓаволска тематика, кои во понеделникот почнаа да се продаваат на интернет. Раперот Лил Нас не е именуван како обвинет во тужбата.

Satan Shoes се модификација на Nike Air Max 97, кои содржат црвено мастило и една капка човечка крв во ѓонот“, се наведува на веб-страницата, која ги опишува 666. чифта чевли со ограничено издание. На задниот дел од едната обувка стои натпис MSCHF, а на другата пишува Lil Nas X.

Неколку портали објавија дека „сатан шус“ се распродадени за помалку од една минута за цена од 1.018 долари за чифт.

Лил Нас Х напиша на „Твитер“ дека тој лично ќе го избере примателот на 666. чифт од корисниците на социјалните мрежи, кои циркулирале на еден од неговите твитови.

Забава

(Видео) „Армија на мртвите“ на Зак Снајдер го објави првиот трејлер

Објавено пред

Режисерот Зак Снајдер повторно се враќа по мартовската премиера на неговата верзија на „Лига на правдата“ со прв целосен трејлер за претстојниот Army Of The Dead („Армија на мртвите“).

Sвездата на „Чуварите на галаксијата“, Дејв Батиста, ја предводи големата актерска екипа во која се појавуваат Тиг Нотаро и Омари Хардвик додека тој прифаќа мисија шти ѝ пркоси на смртта.

Приказната следи група платеници што планираат да ја изведат најголемата кражба во казино во Лас Вегас. Градот претходно бил ограбен од зомби-месојадци.

Трејлерот сугерира дека „Армијата на мртвите“ на „Нетфликс“ ќе биде комфорна територија за Снајдер, кој првпат се прослави со својот римејк на Dawn Of The Dead („Зора на мртвите“) во 2004 година.

Прикажи повеќе...

Забава

Џими Кимел покажа фотошопиран мускул на раката додека прима вакцина

Објавено пред

Џими Кимел е официјално вакциниран против Ковид-19.

53-годишниот водител на популарното ТВ- шоу „Џими Кимел лајф“ се појави на „Инстаграм“ во вторникот за да ја сподели веста.

Комичарот и во оваа пригода реши да направи нешто интересно за своите следачи на социјалната мрежа, па, така, сподели фотографија на која покажува фотошопирани бицепси.

Интересниот снеп го покажува Кимел седнат на стол со засукан ракав од маицата додека медицински работник става игла во мускулот на надлактницата.

И покрај тоа што се пофали со статусот „вакциниран“, познатиот водител не откри дали примил вакцина на „Модерна“, „Фајзер“ или на „Џонсон и Џонсон“.

Прикажи повеќе...

Забава

Фотографија на Ким Кардашјан предизвика смешни коментари

Објавено пред

Ким Кардашијан во вторникот уште еднаш ги покажа своите облини, но следачите на „Инстаграм“ без сомнение беа повеќе преокупирани со заднината или, како што коментираа таблоидите, „она што изгледаше дека ѝ расте од главата“.

На фотографијата што ја сподели сестра ѝ Кортни како сеќавање на тропскиот одмор, Ким на себе има бикини во боја на бакар, но нејзиното несреќно позиционирање направи да изгледа како палма да се вкоренила во нејзината коса, пишуваат таблоидите.

Кортни ја икористи фотографијата од 40-годишна сестра за својата веб-страница „Пош“.

Фотографијата е направена за време на патувањето во егзотичните острови Туркс и Кајкос во јануари кога Ким замина на „женско патување“ со своите сестри, во обид да го тргне умот од драмата во семејниот живот.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија9 часа

СЗО: Состојбата во земјите од Западен Балкан е сериозна

Претставничката на Европската канцеларија на СЗО, Кетрин Смолвуд, предупреди на состојбата со коронавирусот во земјите од Западен Балкан е сериозна....

Регион10 часа

Србија почна со производство на руската вакцина

Во институтот „Торлак“ во Србија почна производството на руската вакцина „спутник В“. Оваа вакцина во иднина ќе може да се...

Македонија12 часа

Работата на Собранието да се деблокира на секое ниво, порача Џафери на вонредна координативна средба

Вонредна координативна средба поради блокадите во Собранието се одржа попладнево на иницијатива на претседателот на законодавниот дом, Талат Џафери, а...

Македонија14 часа

Регистрирани 949 нови случаи на Ковид-19, починаа 33 лица

Во последните 24 часа се направени 3.610 тестирања, а регистрирани се 949 нови случаи на Ковид-19 во: Скопје – 357,...

Македонија15 часа

Европратеници: Македонија и Бугарија треба да се оддалечат од дебатите за историја

Претседателот на Делегацијата на Европскиот парламент за односи со Северна Македонија, Андреас Шидер, вели дека Северна Македонија и Бугарија треба...

Македонија15 часа

Мицкоски: Оставка треба да си даде целата Влада, а Рашковски треба да е во затвор

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, во изјава за медиумите во врска со случајот за Рашковски рече дека оставка треба да...

Македонија16 часа

Антикорупциската комисија продолжува со предметите за Рашковски и покрај оставката

Државната комисија за спречување на корупцијата (ДКСК), по поднесената оставка од страна на владиниот секретар за мониторинг и поддршка на...

Македонија18 часа

Филипче: Бројот на новозаразени од Ковид-19 во благ пад, притисокот во болниците и натаму голем

Министерот за здравство, Венко Филипче, изјави дека денеска е забележан тренд на намалување на бројот на новодијагностицирани случаи со Ковид-19....

Македонија19 часа

Македонија со цел до 2030 година да ги намали стакленичките гасови 51 отсто

Владата го усвои ревидираниот национален придонес кон Климатскиот договор од Париз, со што како национална цел ја постави амбицијата во...

Регион19 часа

Борисов: Јас нема да бидам кандидат за премиер во новиот кабинет

Бојко Борисов нема да биде предлог на ГЕРБ за нов премиер. Борисов ова лично им го потврди на новинарите по...

Европа19 часа

Европската комисија: Нема продолжување на договорите за вакцини со „Астра зенека“ и „Џонсон и Џонсон“

Европската комисија донесе одлука да не ги обновува договорите за вакцини против Ковид-19 со компаниите „Астра зенака“ и „Џонсон и...

Топ20 часа

Скопски фитнес-клуб работел и покрај забраната, следува кривична пријава

Полициски службеници синоќа извршиле контрола во фитнес-клуб лoциран на скопскиот булевар Партизански одреди по добивањето дојава дека тој работи и...

Македонија21 час

Драги Рашковски поднесе оставка

Драги Рашковски, утрово, на својот „Фејсбук“ објави дека поднесува оставка од функцијата секретар за мониторинг и поддршка на институциите при...

Европа22 часа

Познато е до кога ќе се користат ковид-пасошите

Ковид-пасошите ќе се користат сè додека Светската здравствена организација (СЗО) не објави крај на пандемијата на Ковид-19, а авиокомпаниите ќе...

Македонија1 ден

Со законски измени ќе се регулираат цените во приватните болници за лекување болни од Ковид-19

Владата на денешната седница ги утврди измените и дополнувањата на Законот за здравствена заштита со кои, меѓу другото, Министерството за...

Македонија1 ден

Отворени термини за закажување вакцинација на граѓани од 73 и 74 години

Министерството за здравство соопшти дека во А1 СЦ „Борис Трајковски“во Скопје, има дополнителни слободни термини за вакцинација на возрасни групи...

Македонија1 ден

Државните функционери ќе имаат ограничување на трошоците за угостителски услуги

Владата на денешната седница ја разгледа и усвои oдлуката за начинот на користење и висината на финансиските средства за угостителски...

Македонија2 дена

Нови 1.129 заболени и 27 починати од Ковид-19

Во последните 24 часа се направени 4.045 тестирања, а регистрирани се 1.129 нови случаи на Ковид-19 во: Скопје – 458,...

Македонија2 дена

Мијалков останува во притвор поради опасност од бегство

Кривичниот суд му определи притвор на Сашо Мијалков, кој му е одреден сѐ до почнување со издржување на казната затвор....

Македонија2 дена

(Видео) Пресуди за „Трезор“: Мијалков осуден на 8 години затвор, а бегалецот Грујевски на 15 години

Првообвинетиот и ексдиректор на УБК, Сашо Мијалков, е осуден на осум години казна затвор во случајот „Трезор“. Во отсуство поради...

Досие