Контакт

Забава

Најмладиот милијардер на светот истовремено работи и како модел

Објавено пред

Густав Магнар Вицoе, според магазинот „Форбс“, e најмладиот милијардер на светот, со проценка на имот од три милијарди евра, кои ги наследил од неговиот татко, основач на компанијата „Салмар“, еден од најголемите снабдувачи на лосос.

Вицoе поседува речиси половина од компанијата на неговиот татко, кој му го предал уделот во 2013 година, пишува „Тајм“.

Истовремено, Густав Магнар работи како модел и има 70 000 следбеници на Инстаграм. На фотографиите што ги објавува се гледаат неговите тетоважи, а снимени се на егзотични локации.

Неговото куче, исто така, редовно се појавува на фотографиите.

Лани тој инвестираше во регионалната социјална мрежа „Гоби“, конкурент на „Снепчет“.

Младиот милијардер за себе вели дека е обично момче и признава дека неговите родители зажалиле што му ја препуштиле контролата над „Салмар“ кога имал само 19 години.

„Тие се уверени дека требало подобро да размислат. Тоа е веројатно поради тоа што ме турнаа пред рефлекторите на јавноста. Беше многу чудно на почетокот. Малку ве прави нервозни помислата што мислат луѓето за вас“, додаде тој.

Забава

(Видео) Снимањето на „Бетмен“ продолжува

Објавено пред

На почетокот на септември, од продуцентската куќа „Ворнер брос“ потврдија дека снимањето на нивниот најголем проект најавен в година, „Бетмен“, засега е запрено затоа што еден член на актерската екипа бил заразен од коронавирус.

Иако не беше потврдено, се зборуваше дека станува збор за актерот Роберт Патинсон (34). Снимањето во Хертфордшир, Англија, беше паузирано, а сега сè се враќа во нормала и сцените повторно почнаа да се снимаат, потврдија од „Ворнер брос“, пишуваат странските медиуми.

Тоа не е прв пат снимањето да мора да се прекине. Тие го сторија тоа и поради пандемијата на коронавирусот во март. Сега сите се вратиле на работа, а извори блиски до актерската екипа тврдат дека остануваат само неколку сцени кои сè уште не се снимени.

„Бетмен“ треба да се појави во киносалите во октомври 2021 година, во 3Д, 2Д и IMAX-формати, но не е познато дали прекинот на снимањето поради коронавирусот на крајот ќе ги уништи нивните планови.

„Сите се надевавме дека ќе се вратиме на работата што е можно побргу и беше ужасно што моравме да престанеме да снимаме повторно само три дена по почнувањето“, рече член на актерската екипа.

Во август сценаристот Метсон Томлин (30) тврдеше дека сигурно нема да има одложувања, но во тоа време тој не знаеше дека тимот од сетот ќе мора да одмори две недели бидејќи некој беше позитивен на коронавирусот.

Фановите на „Бетмен“ не беа одушевени што актерот Патинсон, sвездата на „Сага на самракот“, ќе го отелотвори стрип-јунакот, но трејлерот што излезе кон крајот на август, како што пишуваат, е мистичен и фантастичен. Овој „Бетмен“ ќе биде најмрачниот досега, што се гледа во најавата преку музиката и снимките. Во моментот е најочекуваниот филм на годината.

Прикажи повеќе...

Забава

Почина Винстон Грум, авторот на романот „Форест Гамп“

Објавено пред

Авторот на романот „Форест Гамп“, според кој е снимен холивудскиот филм во кој глуми Том Хенкс, почина на 77-годишна возраст, објавија американските медиуми.

Винстон Грум почина во својот дом во Ферхоуп, Алабама, објавија американските медиуми цитирајќи ја градоначалничката Карин Вилсон.

„Исклучително сме тажни поради веста. Овде тој беше икона“, изјави Вилсон за Си-ен-ен додавајќи дека причините за смртта не се познати.

Според локалниот портал „АЛ.ком“, Грум служел како војник во Виетнам и пренесол дел од своето искуство во главниот лик на романот „Форест Гамп“ од 1986 година, кој се стекна со светска слава токму благодарение на филмот и брилијантната интерпретација на Том Хенкс во главната улога.

По враќањето од Виетнам, Грум работел како репортер за „Вашингтон стар“ следејќи ги судството и сојузниот правосуден систем, но поднел оставка за да се посвети на пишувањето.
Неговиот прв роман Better Times Than These е објавен во 1978 година.

Грум исто така пишувал публицистички дела, вклучително и за американската граѓанска војна.

Неговата книга „Разговори со непријателот“ (1982), приказна за еден маринец во Виетнам, кој избегал од логор и се врати дома во САД за да биде уапсен за дезертирство 14 години подоцна, се натпреваруваше за Пулицеровата награда за новинарство во 1984 година.

Прикажи повеќе...

Забава

Кетрин Зета-Џонс објави фотографија од својата ќерка Карис

Објавено пред

Познатата холивудска двојка Кетрин Зета-Џонс (50) и Мајкл Даглас (75) имаат две деца, ќерката Карис (17) и синот Дилан (19), а сега гордата мајка објави фотографија на социјалните мрежи и покажа како изгледа нејзината ќерка, која израсна во вистинска убавица.

Карис Даглас повеќе не е мало девојче, а нејзината мајка Кетрин Зета-Џонс објави фотографија од својата ќерка со зборовите:

„Мојата девојка во градината“, напишала актерката во описот на фотографијата, на која нејзината ќерка позира во бело летно фустанче.

Фановите на славното семејство изјавија дека 17-годишната девојка е иста како нејзината мајка и дека ја наследила нејзината убавина.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија6 минути

Утре ќе се знае дали ќе има дневен престој во училиштата, не е исклучена можноста за затворање на градинките

Комисијата за заразни болести утре на состанок ќе расправа за воведување целодневен престој во училиштата. Директорот на Здравствен дом Скопје,...

Регион21 минута

(Видео) Пронајдена трета жртва по ураганот во Грција, маж загинал кога врз него паднал покрив

Ураганот Јанош, кој ја погоди Грција, ја однесе и третата жртва во Тесалија во централниот дел на земјата, објавија денеска...

Топ2 часа

Струмичанка загина откако врз неа паднало дрво што го сечел нејзиниот сопруг

Жена на возраст од 59-години починала на лице место откако врз неа паднало едно од дрвата кои ги сечел нејзиниот...

Македонија2 часа

Холштајн: Во интерес на Бугарија е да не го блокира проширувањето на ЕУ во овој регион

Билатералните проблеми не треба да бидат дел од преговарачката рамка за проширување на ЕУ, изјави германската амбасадорка во земјава, Анке...

Македонија3 часа

Во моментов активни се 2.076 случаи на заразени со коронавирус

Бројот на активно заразени со коронавирус во земјата, во моментов изнесува 2.076 лица. Деновиве зголемен е бројот на заразени од...

Македонија4 часа

Пендаровски до Вартоломеј: Нашите православни христијани да бидат еднакви со другите во светот

Претседателот Стево Пендаровски, по повод почетокот на Новата црковна година, упати писмо до Неговата Сесветост Вартоломеј, Архиепископ Цариградски – Нов...

Македонија4 часа

Комисијата одлучува за целодневна настава

Комисијата за заразни болести вчера и денеска ја разгледува можноста за воведување целодневна настава во основните училишта од 1 октомври....

Култура4 часа

Лауреатот на Златна камера 300, Камински со порака на „Браќа Манаки“: Едвај чекам да се видиме во Македонија

На синоќешниот настан за одбележување на 41. издание на Интернационалниот фестивал на филмска камера „Браќа Манаки“, кој се одржа во...

Економија4 часа

СДСМ: Владата помага со 550 милиони евра, следува четвртиот пакет антикризни мерки

Владата им помага на граѓаните и стопанството со 550 милиони евра, следува четвртиот пакет антикризни мерки, велат од СДСМ преку...

Свет15 часа

Пакет со отров испратен до Доналд Трамп

Пакетот, кој содржи отровен рицин, е испратен до претседателот Доналд Трамп, пренесува „Си-ен-ен“.Двајца полицајци го пријавиле случајот. Извршени се два...

Свет16 часа

Борис Џонсон: Доаѓа вториот бран на епидемијата

Британскиот премиер Борис Џонсон изјави дека вториот бран на епидемија на коронавирус пристигнува во Велика Британија. Говорејќи во центарот за...

Култура17 часа

„Браќа Манаки“ во Битола – годинава без црвен тепих, но традицијата продолжува

Претседателот Стево Пендаровски вечерва, во Пациото на НУ Завод и музеј Битола, присуствуваше и се обрати на 41. Издание на...

Свет17 часа

Хаос во Лондон поради рестриктивните мерки: судири меѓу полицијата и демонстрантите

Полицијата во Лондон се судри со демонстрантите против рестриктивните мерки насочени кон спречување на ширењето на коронавирусот. Повеќе од 1.000...

Топ18 часа

Едно лице загина во возило кое излета на патот Неготино – Кавадарци, повредени уште тројца од семејството

Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Кавадарци во координација со ОВР Неготино, изврши увид на лице место, каде денеска во...

Регион19 часа

Стотици луѓе на Парадата на гордоста во Загреб, бараат промена на Уставот

Стотици луѓе се собраа на плоштадот Свети Марко во Загреб, каде се одржува 19. Парада на гордоста. Учесниците на Парадата...

Македонија20 часа

Шестмина починати и 140 нови случаи на Ковид-19 во земјава

Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа се направени 1397 тестирања, а регистрирани се 140 нови случаи на...

Регион20 часа

(Видео) Ураганот донесе поплави и однесе два животи во Грција

Медитеранскиот ураган Јанос, кој ја погоди централна Грција денеска, однесе два животи, предизвикувајќи поплави и материјална штета. Two dead, one...

Спорт20 часа

Ѓоковиќ кршеше рекети, судијата го нарекуваше Федерер, но влезе во полуфинале

Светскиот рекет број 1, Новак Ѓоковиќ со судни маки успеа да се пласира во полуфиналето на Мастерсот во Рим, откако...

Македонија21 час

(Видео) Како ќе изгледа враќањето на училиште: на секое дете ќе му се мери температура, маските ќе се вадат само за време на оброкот

Министерството за образование и наука во соработка и со поддршка на УНИЦЕФ И УСАИД, изработи видео во кое на јасен...

Топ21 час

Приведен светиниколец за мачење на животни

СВР Штип – ОВР Свети Николе ќе поднесе кривична пријава против М.Е. од селото Ерџелија, Свети Николе, поради мачење животни,...

Досие