Контакт

Забава

Најстарата личност во светот го прослави својот 119. роденден

Објавено пред

Кане Танака, родена во 1903 година, го прослави својот 119-ти роденден во Јапонија продолжувајќи го својот рекорд како најстара личност на светот за уште една година.

Според повеќе јапонски медиуми, Танака ја пречека Новата година и го славеше својот роденден во неделата во домот за стари лица во Фукуока.

Семејството на Танака соопшти дека таа има намера да живее уште една година за да го достигне својот 120. роденден, дополнително зајакнувајќи го својот подвиг во Гинисовата книга на рекордите, која почна да ги бележи нејзините години во март 2019 година кога таа наполни 116.

Еији Танака, нејзиниот 62-годишен внук, изјави за јапонскиот весник „Кјодо“: „Се надевам дека ќе остане здрава и ќе се забавува секој ден додека старее“.

Танака е сведок на пет јапонски царски владеења и две светски војни.

Забава

„Нож во грб 2“ пристига на „Нетфликс“ оваа есен

Објавено пред

Омилениот детектив Беноа Блан есенва ќе биде на трага на уште една мистерија.

Според„Вараети“, крими-трилерот на Рајан Џонсон со оригинален наслов Knives Out 2 („Нож во грб 2“)  ќе пристигне на „Нетфликс“ во текот на годината.

По огромниот успех на првиот, оригинален филм од 2019 година, кој беше дистрибуиран од „Лајонсгејт“, стриминг-услугатата ја искористи можноста да ги откупи правата за две продолженија. Во март 2021 година, „Нетфликс“ објави дека платиле неверојатни 450 милиони долари за втората и третото продолжение. Иако куповната цена може да изгледа висока, има смисла бидејќи првиот филм заработи вкупно 311 милиони долари.

Даниел Крег ќе ја повтори својата улога како водечки приватен детектив, Беноа Блан, заедно со актерската екипа вклучувајќи ги Кетрин Хан, Итан Хок, Едвард Нортон, Дејв Батиста, Кејт Хадсон, Џенел Монае, Лесли Одом Јуниор, Џесика Хенвик и Медлин Клајн.

 

Прикажи повеќе...

Забава

Канје Вест ги предупреди Кардашијанови: Не играјте си со моите деца

Објавено пред

Канје Вест, во текот на интервју за Hollywood Unlocked кое се емитуваше на Јутјуб, им даде до знаење на Кардашијанови дека ништо нема да се испречи меѓу него и неговите деца.

44-годишниот рапер, чија бракоразводна драма со Ким Кардашијан започна минатата година, го предупреди познатото семејство во врска со неговите четири деца – Норт (8), Сент (5) Чикаго (4) и Псалм (2) – алудирајќи на наводниот бизарен безбедносен проблем што се случил пред две недели, поради кој за малку ќе ја пропуштил роденденската забава на Чикаго.

Водителот Џејсон Ли сугерираше дека не треба да има драма кога станува збор за заедничко родителство, но Канје, кој законски го смени своето име во Је, ги предупреди риалити-ѕвездите.

„Тие можат да се шегуваат во медиумите. Можат да подметнуваат и фабрикуваат приказни за тоа со кого излегувам или со кого сум во врска. Можат да блокираат деловни зделки, може да ги прават сите тие работи.“

„Но, ова ви го кажам директно: не играјте си со моите деца! И сето тоа ќе биде легално. Сè ќе биде легално.“

Раперот истакна дека ќе остане смирен и нема да дозволи некој да манипулира со неговата приказна.

 

Прикажи повеќе...

Забава

Боб Дилан ги продаде своите мастер снимки на „Сони мјузик“

Објавено пред

Боб Дилан ги продаде мастер снимките и правата за објавување на целиот негов опус на „Сони мјузик“ (Sony Music), во најновата блокбастер музичка аквизиција во индустријата.

Договорот, постигнат минатиот јули, вклучува сè, од класичните албуми од 1960-тите како Blonde On Blonde, до неговото најново издание, Rough And Rowdy Ways од 2020 година.

Магазинот „Билборд“ тврди дека каталогот вреди околу 200 милиони долари, врз основа на годишни приходи од околу 16 милиони долари.

Дилан претходно го продаде своето издание на компанијата „Јуниверзал мјузик“ за пријавени 400 милиони долари.

Тој договор ги покрива правата на Дилановите текстови и композиции, со кои „Сони“ претходно управуваше надвор од САД.

Меѓутоа, издавачката куќа се бореше да ги задржи правата на снимките на Дилан, вклучително и 39 студиски албуми, 16 „бутлег“ компилации на изданија и необјавен материјал што би можел да се состави и издаде во иднина.

80-годишникот, исто така, го продолжи договорот за снимање со Sony’s Columbia Records, ветувајќи повеќе идни нови изданија, се наведува во соопштението на издавачката куќа.

Боб Дилан има продадено повеќе од 125 милиони албуми низ целиот свет во текот на кариерата која трае шест децении. Дилан, кој е нарекуван и „Пикасо на музиката“, е првиот музичар во историјата кој доби Нобелова награда за литература (2016) за своите поетски иновации во пишувањето текстови за песни.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија52 минути

Почина маестро Александар Џамбазов

Денеска во Скопје на 85-годишна возраст почина диригентот и композитор Александар Џамбазов, објави Сојузот на композитори на Македонија (СОКОМ). „Сојузот...

Македонија1 час

Милошоски: Османи во Собранието да ги презентира македонските одговори на бугарските барања

Со писмо упатено до министерот за надворешни работи бараме да дојде пред Комисијата за надворешна политика во Собранието и да...

Македонија2 часа

Рашковски тврди дека го местат и побара Наќе Чулев да сведочи за софтверот

Ексгенералниот секретар Драги Рашковски тврди дека обвинителката Ивана Трајчева на компјутерски програм си пишувала пораки што ги прикажала како негова...

Македонија4 часа

(Видео) Ковачевски – Петков: Напредок во пријателството наместо национализам и говор на омраза

Премиерот Димитар Ковачевски, придружуван од министрите кои се дел од делегацијата на Владата на Република Северна Македонија, утринава пристигнаа во...

Македонија5 часа

Минатата недела регистрирани 11.610 нови случаи на Ковид-19

Регистрирани сe 11.610 нови позитивни случаи од 35 градови во државата, со зголемување од 4,5% во однос на минатата недела...

Македонија5 часа

Препорака за кратење на периодот на изолација од 10 на 7 дена

Главниот координативен кризен штаб синоќа ја одржа својата втора седница, на која министерот за здравство Беким Сали ја презентираше актуелната...

Свет5 часа

Украинскиот министер призна: Немаме информации дека Русија подготвува офанзива

Вооружените сили на Русија досега не формирале ниту една ударна група, што би укажало дека се подготвува напад на Украина,...

Свет5 часа

Џозеф Бајден фатен како пцуе новинар на Фокс откако го праша за инфлација

Американскиот претседател Џо Бајден беше фатен во понеделникот како пцуе новинар на „Фокс њуз“ на настан во Белата куќа, откако...

Свет15 часа

Контингент од 8.500 војници во САД е во состојба на готовност поради ситуацијата во Украина

Американската војска денеска соопшти дека контингент од 8.500 војници е во целосна готвоност и е подготвен да биде распореден во...

Свет17 часа

СЗО: Условите се идеални за појава на нови варијанти на вирусот

Генералниот директор на Светската здравствена организација, Тедрос Гебрејсус, денеска изјави дека би било опасно да се мисли дека екстремно заразниот...

Македонија21 час

Вкупно 22 починати и 718 нови случаи на Ковид-19

Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа направени се 3.044 теста, а регистрирани се 718 нови случаи на...

Македонија21 час

(Видео) Премиерот Ковачевски во Софија пречекан со највисоки почести

Со највисоки државнички почести и церемонија што се одржа попладнево на плоштадот Александар Невски во Софија, бугарскиот премиер Кирил Петков...

Европа21 час

Кличко: Политиката на Германија кон Украина е предавство на пријател во тешка ситуација

Градоначалникот на Киев, Виталиј Кличко, поранешен светски шампион во бокс, ја обвини германската влада за предавство на пријател затоа што...

Македонија1 ден

Османи за БТВ: Резултати се очекуваат и од Македонија и од Бугарија

Резултати се очекуваат и од Северна Македонија и од Бугарија, рече министерот за надворешни работи Бујар Османи во ексклузивно интервју...

Економија1 ден

Повторно поскапување – од полноќ нови цени на горивата

Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги (РКЕ) донесе одлука со која се врши зголемување на малопродажните цени на нафтените...

Македонија1 ден

Мицевски: Поднесовме предлог за укинување на техничката Влада

Пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата „За обнова на Македонија“ до Собранието денес поднесе предлог на Законот за изменување и...

Македонија1 ден

Работна група од македонски и бугарски експерти ќе работи на железничкото поврзување

Владата го прифати усогласениот текст на Меморандумот за разбирање за развој на железничко поврзување меѓу Република Северна Македонија и Република...

Свет1 ден

Бродови и авиони во базите на НАТО – алијансата испраќа дополнителни сили во Источна Европа

Сојузниците на НАТО денеска ја ставија својата армија на подготвеност и ќе испратат дополнителни бродови и борбени авиони во нивните...

Македонија1 ден

Зимското одржување на патиштата оваа сезона ќе чини осум милиони евра

Државните институции склучиле договори за јавни набавки со приватни фирми за механизација, работници, сол и ризла за одржување на улиците...

Свет1 ден

Тедрос: Светот е во клучна пресвртница, земјите мора да работат заедно

Во екот на уривањето на рекордите на новозаразени луѓе во светот, СЗО ги повика сите земји да работат заедно за...

Досие