Контакт

Забава

Најстариот внук на кралицата сними реклама за млеко

Објавено пред

Најстариот од осумте внуци на кралицата, Питер Филипс (42), се појавува во кинеска реклама за млеко.

Филипс во рекламата позира со чаша млеко, а во заднината се наоѓа куќа, која многу потсетува на Лонглет во Волтшир.

Рекламата предизвикала голем јавен интерес. Некои пишуваат дека Питер го користи својот кралски статус за да ја зголеми својата банкарска сметка, други коментираат дека одвај чекаат да го пробаат кралското млеко.

Пред 12 години Питер се ожени со Канаѓанката Кели, а свадбените фотографии ги продадоа ексклузивно на еден светски портал. Тие се запознале во 2006 година на автомобилска трка во Монтреал. Таа не знаела дека е член на кралското семејство, тоа го открила дури кога го видела на телевизија на свеченост на британскиот двор.

Забава

Ѕвездите кои го критикувале Трамп отпаднаа од кампањата за подигање на јавната свест за Ковид-19

Објавено пред

Администрацијата на Трамп им забрани на 264 селебрити-личности да се појават во рекламна кампања за подигање на свеста за короновирус, и одобри само десет, бидејќи sвезди како Џенифер Лопез, Џони Деп, Били Ајлиш и Кристина Агилера го критикувале претседателот.

Администрацијата на Трамп неодамна одобри рекламната кампања во износ од 250 милиони долари со стотици познати личности кои ќе учествуваат во неа, иако речиси сите беа отфрлени поради партиски политчки интереси, вклучително и Били Ајлиш, пренесуваат американски медиуми.

Кампањата била иницирана само неколку недели пред изборите. Целта била да се „победи очајот и да се инспирира надеж“ среде пандемија на коронавирус со тоа што ќе се ангажираат забавувачи во специјалната програма. Кампањата состави список со 274 селебрити-личности кои би можеле да бидат вклучени, пренесува „Вашингтон пост“.

Од 274 познати личности на списокот, само 10 беа одобрени, а останатите отпаднале или поради поддршка на поранешниот претседател Барак Обама, или дека биле критички настроени кон Трамп, а некои и поради поддршка на правата на хомосексуалците и / или истополови бракови.

Ајлиш (18) не била земена во предвид за кампањата бидејќи таа „не е поддржувач на Трамп“ и поради нејзините коментари на Демократската национална конвенција во август, каде беше цитирана како вели „Трамп ја уништува нашата земја и сè што ни е важно“.

Прикажи повеќе...

Забава

Ева Лонгорија ќе глуми во комедија

Објавено пред

Популарноста ја стекна со улогата на Габриела Солис во хит-серијата „Очајни домаќинки“ на Еј-би-си, која траеше од 2004 до 2012 година.

А сега Ева Лонгорија потпиша да глуми во комедијата Unplugging („Исклучување“).

Актерката (45) ја заменува Исла Фишер, која првично требаше да глуми во филмот наспроти Мет Волш.

Волш, најпознат по улогата на Мајк Меклинток во Veep на „Ејч-би-о“, е коавтор на сценариото за филмот, кој моментно се снима во Оклахома.

Приказната се фокусира на еден пар, кој по смртта на нивниот пријател тргнуваат кон далечен град на забавен дигитален детокс.

Прикажи повеќе...

Забава

Скарлет Јохансон и Колин Џост го врзаа јазолот

Објавено пред

Sвездата на „Црната вдовица“, Скарлет Јохансон, се омажи за својот свршеник Колин Џост на интимна церемонија почитувајќи ги препораките за заштита од коронавирусот.

Веста за венчавката беше објавена во четвртокот од добротворната организација „Оброци на тркала“, која соопшти дека парот ги поддржува напорите на организацијата да им помогне на постарите луѓе за време на пандемија.

„Воодушевени сме со објавување на веста дека Скарлет Јохансон и Колин Џост се венчаа минатиот викенд на интимна церемонија со нивното потесно семејство и саканите следејќи ги безбедносните мерки на претпазливост од Ковид-19“, напиша организацијата на својот профил на „Инстаграм“.

„Нивната желба е да помогнат да се направи разлика за ранливите постари лица во ова тешко време“, велат од добротворната организација замолувајќи ги фановите на парот да дадат донација.

Претставникот на Јохансон ја потврди веста.

Јохансон и Џост, кој е писател и комичар во телевизиското шоу Saturday Night Live, почнаа врска пред три години и се свршија во мај 2019 година.

Прикажи повеќе...

Најново

Регион20 минути

Во Хрватска 2.772 новозаразени со коронавирус, 20 починати

Во Хрватска се евидентирани 2.772 нови случаи на зараза со коронавирус, така што бројот на активни случаи во Хрватска е...

Македонија1 час

Мицкоски предлага здравствените работници еднаш месечно бесплатно да се тестираат

Во време на ковид-пандемија, во насока да ги заштитиме тие што се грижат за нашето здравје и спасуваат животи, предлагам...

Актуелно1 час

Почина актерот Данчо Чевревски

На 69 години синоќа во Скопје почина Данчо Чевревски, македонски театарски и филмски актер и продуцент. Чевревски е роден на...

Европа2 часа

Дарманин: Франција е во војна против исламистите

Францускиот министер за внатрешни работи, Жерар Дарманин, вели дека е можно повеќе напади да се случат на територијата на Франција...

Европа3 часа

ЕУ обезбеди 220 милиони евра за прекуграничен превоз на заболени од корона

Претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лаен, во четвртокот објави 220 милиони евра помош за прекуграничен транспорт на луѓе...

Европа3 часа

(Видео) Огромен метеж во Париз, луѓето повторно празнеа полици пред новото затворање

Десетици илјади парижани синоќа предизвикаа масовен сообраќаен метеж во обид да ја напуштат француската престолнина пред почетокот на новото затворање...

Свет15 часа

Автомобил удри во група луѓе во Германија – загина дете, а има и тешко повредени

Дванаесетгодишно момче загина, а тројца се тешко повредени во тешка сообраќајна несреќа што се случи доцна попладнево во Германија, пренесуваат...

Македонија16 часа

Во Скопје 390 новозаболени и петмина починати, најмладата жртва има 35 години

Во Скопје во изминатите 24 часа се регистрирани 390 нови случаи на Ковид-19 и петмина починати. Меѓу починатите најмладата жртва...

Македонија16 часа

Нови 862 заразени и 14 починати од Ковид-19 во земјава

Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа се направени 2.699 тестирања, а регистрирани се 862 нови случаи на...

Свет18 часа

(Видео) Макрон се обрати на нацијата – нема да се откажеме од нашите вредности

Франција повторно беше цел на терористички напад, порача францускиот претседател, Емануел Макрон, во Ница, каде што утрово беа убиени тројца...

Македонија19 часа

Кривична за Лидија Димова, се товари дека злоупотребила милиони од европски фондови

Управата за финансиска полиција до Основното јавно обвинителство за гонење организиран криминал и корупција поднесе кривични пријави против директорката на...

Македонија20 часа

(Видео) За Заев е неприфатливо тоа дека македонскиот јазик извира од бугарскиот

Премиерот Зоран Заев изјави дека не се прифатливи некои од сигналите што доаѓаат од Бугарија. „Не е прифатливо“, изречно рече...

Македонија20 часа

Пендаровски: До овој момент не се размислува за полициски час каков што имавме

Претседателот Стево Пендаровски, по денешната седница на Советот на безбедност, изјави дека во овој момент не се размислува за полициски...

Македонија22 часа

Спасовски пренесен на Инфективната клиника во Скопје

Министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски, вчеравечер е хоспитализиран на Клиниката за инфективни болести во Скопје. Согласно протоколите, тој со...

Економија24 часа

АЕК ќе спроведува физибилити-студија за влијанието на 5Г-мрежата врз здравјето на луѓето

Агенцијата за електронски комуникации набргу ќе распише меѓународен тендер за избор на компанија што ќе изработи физибилити-студија за влијанието на...

Македонија24 часа

Задолжителна самоизолација од закажувањето тестирање на Ковид-19, казните се 50 евра

Со новите законски измени самоизолацијата е задолжителна при тестирање на Ковид-19 од закажување на тестот или самото тестирање, па сè...

Свет24 часа

Во нападот во Ница убиени три лица, една жена е обезглавена

Во нападот што се случи во Ница, за кој се сомнева дека е терористички, убиени се три лица со нож,...

Македонија1 ден

МОН најави реформа на учебниците по честите реакции за грешки и стереотипи во нив

Министерството за образование и наука формира работна група која развива концепт за целосна и суштинска промена на учебниците за основно...

Македонија1 ден

Стапија во сила новите мерки – забрането е групирање по 22 часот, казната е 500 евра

Од денеска забрането е групирање на отворено на повеќе од четири лица по 22 часот, а казната за непочитување на...

Свет1 ден

Едно од ретките места во светот без коронавирус ги забележа првите два случаја

Маршалските Острови, едно од последните места во светот каде што немаше коронавирус, ги забележаа првите два позитивни случаја, пишува Би-би-си....

Досие