Контакт

Забава

На демонстрациите во САД им се придружија и селебрити-личности

Објавено пред

Од Џејми Фокс и Џон Кузак до Аријана Гранде, Емили Ратајковски и sвездата на серијата „Несигурнa“ Кендрик Сампсон, многу познати личности одлучија да направат нешто повеќе од обично будење поради убиства на Афроамериканци од рацете на полицијата, пишуваат американската агенција „Асошиејтед прес“ (АП) и ТВ-каналот Си-би-ес.

Џејми Фокс стоеше рамо до рамо со активисти во Минеаполис, извикувајќи „не се плашиме од моментот“.

Во Лас Вегас, поп-ѕвездата Халси и актерот Кендрик Сампсон беа погодени со гумени куршуми

А во Чикаго, Џон Кузак снимаше запален автомобил кога полицајци потрчале кон него него и му се развикале веднаш да си оди.

Ширум САД многу познати личности решија да направат многу повеќе од твитање на поддржувачки зборови или објавување внимателно подготвени изјави, пишуваат локалните медиуми и додаваат дека тие излегле на улиците заедно со илјадници луѓе за да ги осудат убиствата на црнци од рацете на полицијата и да побараат реформа.



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Забава

Сем Хјуган повеќе не е најубедлив фаворит за нов 007

Објавено пред

Шансите за ѕвездата на „Странец“ (Outlander) Сем Хјуган да биде следниот Џејмс Бонд се намалени, но сепак тој останува во игра со уште двајца Шкоти, фаворити за улогата на славниот таен агент .

Според последните анкети, фановите на Бонд гласаат за шкотски актери како нивни фаворити, што би резултирало во прв 007 од Шкотска по легендарниот Шон Конери.

Анкетите покажуваат дека шансите на Сем Хјуган се намалија од 3-1 на 5-2, пренесува шкотски „Сан“.

Букмејкерот „Корал“ го смести Сем меѓу фаворитите со британскиот актер Џејмс Нортон, кој води 6-4.

Шкотските актери Ричард Мејден и Џек Лоуден, исто така, се натпреваруваат за улогата со резултат од 6-1 и 8-1.

Даниел Крејг ќе се повлече од улогата Џејмс Бонд по најновиот „Не е време за умирање“ (No Time to Die) чија премиера е одложена за подоцна оваа година поради пандемијата на короновирус.

Прикажи повеќе...

Забава

Сејлор и нејзината мајка Кристи изгледаат како сестри

Објавено пред

Сејлор Бринкли-Кук, ќерката на поранешниот супермодел Кристи Бринкли, неодамна го славеше својот 22. роденден во друштво на семејството, додека престојуваше во домот на мајка ѝ во Хемптонс.

А во неделата попладне, таа објави видео на Инстаграм во кое се гледа како ужива со својата мајка додека се возат на брод.

Дуото мајка-ќерка не можеа а да не се радуваат кога излегоа на вода.

Атрактивната Сејлор (22) и вечно младата Кристи (66) изгледаат како сестри, додека со љубов позираат една до друга со насмевки на лицата.

Времето застанало за Кристи Бринкли. Легендардната манекенка не се заморува со годините туку зрачи со енергија и младоликост.

 

Прикажи повеќе...

Забава

Најстариот син на Бекамови ја побара девојката за сопруга со прстен од 200.000 долари

Објавено пред

Синот на славната двојка Викторија и Дејвид Бекам, Бруклин (21) ја побарал за сопруга својата девојка Никол Пелц, а медиумите пишуваат дека свршеничкиот прстен чини 200 000 долари.

Бруклин е најстариот син на Бекамови, а странските медиуми навеедувааат дека прстенот што го купил за својата свршеница има од 4,5 до 5 карати.

Таков прстен имаат Џенифер Лопез, Амал Клуни и Џенифер Лоренс, пренесува британски „Мирор“.

„Ја замолив мојата душа да се омажи за мене и таа рече ’да’. Јас сум најсреќниот човек на светот. Ветувам дека еден ден ќе бидам најдобриот сопруг и татко“, напиша Бруклин на Инстаграм.

„Среќна сум што можам да те наречам мој“,  кратко одговори Никол.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија39 минути

Тројца починати и 88 нови случаи на коронавирус во Македонија

Во последните 24 часа во Македонија регистрирани се три смртни случаи и 88 новозаболени од коронавирус. Излекувани се 123 пациенти,...

Свет4 часа

Италијански лекари: Ковид-19 не е само распираторно заболување, туку убиец што го погодува целото тело

Последиците од Ковид-19 врз пациентите кои се излечени би можеле да бидат полоши од што се мислеше. Италијански лекари предупредуваат...

Европа4 часа

Германците одложиле 50.000 онколошки операции поради коронавирусот

Поради пандемијата на коронавирус во Германија се одложени десетици илјади онколошки операции, терапии и мерки за рано откривање на карцином,...

Топ5 часа

Повредени 11 мигранти во сообраќајна несреќа на патот Радовиш – Штип

Единаесет мигранти се повредени во сообраќајна несреќа што се случила вчера на патот Радовиш – Штип во која учествувале два...

Топ5 часа

Ангела Ѓорѓиевска осудена на 19 години затвор за соучесништво во убиството на Пино

Ангела Ѓорѓиевска доби 19-годишна казна затвор поради свирепото убиство на Пино Секондо. Судијката Ленка Давитковска ја прогласи за виновна, односно...

Македонија5 часа

Почна изборниот процес, гласаат 706 лица кои се во самоизолација

Денеска е првиот ден од тридневниот гласачки процес за предвремените парламентарни избори во Македонија, кои ќе завршат в среда. Од...

Регион6 часа

При дефект на рингишпил во Сомбор повредени осум деца, три од нив потешко

Како што објавија српските медиуми, синоќа околу 20:30 часот се случила несреќа во Србија во село кај Сомбор. Локалните портали...

Регион6 часа

Од денеска во Хрватска задолжително е носење маска

Од денеска во Хрватска е задолжително носењето маска во продавниците. Маски, исто така, ќе мора да носат и вработените во...

Свет7 часа

(Видео) Експлозија и пожар на американски воен брод

Во експлозија и пожар што избувнал на американски брод во Калифорнија се повредени 21 лице, соопштија локалните власти. Американските медиуми...

Свет8 часа

Од коронавирус заболени 12,7 милиони луѓе во светот

Според Универзитетот „Џон Хопкинс“, 12,7 милиони луѓе ширум светот се заразени со коронавирус, а повеќе од половина милион починале. Во...

Регион8 часа

Хашим Тачи на сослушување во Хаг

Косовскиот претседател, Хашим Тачи, денеска во Хаг треба да биде сослушан од меѓународните обвинители за воени злосторства. Тoj беше врвен...

Македонија8 часа

Почнува тридневното гласање – први ќе се изјаснат заразените со Ковид-19 и лицата во самоизолација

На полноќапочна предизборниот молк, кој ќе трае до среда, кога ќе се одржат парламентарните избори во земјава. Денеска ќе гласаат...

Македонија22 часа

Бројот на заболени од коронавирус во земјава надмина 8.000 лица

Од почетокот на пандемијата во Македонија, досега заболеле 8.111 лица, откако само денеска беа регистрирани 136 новозаболени. Според последните информации, вкупната...

Македонија22 часа

Во Скопје има 1.830 активни случаи, најмногу во Чаир, Гази Баба и Аеродром

Во Скопје во моментов има 1.830 активно заболени лица од ковид-19. Според информациите по општини, најголем број од заболените се...

Топ23 часа

Бегајќи од полиција скокнал во Вардар, а по него во реката влегол и полицаецот кој се повредил

Бркотница се случувала вчера во Скопје, кога 33-годишен скопјанец (Е.А.) бегал од полициски службеник. Полицаецот вршел обезбедување врз Е.А. кому...

Македонија23 часа

Денеска се регистрирани 136 нови случаи, починаa 6 лица

Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа се направени 991 тестирања, а регистрирани се 136 нови случаи на...

Свет1 ден

Унгарија воведува нови мерки за влез од ризични земји како Македонија

Унгарија воведува нови рестрикции за патници на граничните премини поради спречување на ширењето на коронавирусот, најави унгарскиот премиер Виктор Орбан....

Топ1 ден

Се удави скопјанец во езерото Младост

Дваесет и осумгодишен скопјанец вчера се удави во водите на езерото Младост во Велес. Според информациите од МВР, М.С. влегол...

Регион1 ден

Ребиќ: Странски служби ја рушат Србија

Директорот на српската полиција, Владимир Ребиќ истакна дека зад насилните протести во Србија, стојат странски разузнавачки служби. Според него, тие...

Топ1 ден

Приведени и казнети „диви тркачи“ од скопските улици

Секторот за сообраќајни работи при Бирото за јавна бебзедност во координација со Одделението за безбедност на сообраќајот при Секторот за...

Досие