Контакт

Забава

На сопругата на Озборн, естетските операции ѝ се како сервисирање автомобил

Објавено пред

„Сè е само подигнато, па затоа сега изгледам посвежо“, изјави Шерон Озборн (66) за нејзиниот четврти лифтинг на лицето. Поминаа пет недели откако таа беше подложена на операција и вели дека ги затегнала вратот и вилицата, пренесува „Дејли мејл“.

Шерон е жив доказ за цитатот „Убавината е болка“ и, како што вели, не смее да се жали на болка, имајќи предвид дека сакала да го стори тоа. Зборувајќи за својот четврти лифтинг на лицето, таа вели дека нејзините есетски операции биле како сервисирање автомобил.

Таа сепак се одлучи за операција, и покрај тоа што во своите мемоари „Нескршлива“ во 2013 година вети дека завршила со тоа.

 



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Забава

(Видео) Церемонијата на „Греми“ почна со оддавање почит на Коби Брајант

Објавено пред

Доделувањето на наградите „Греми“ 2020 почна со оддавање почит кон кошаркарот Коби Брајант, кој загина во неделата, пишува британски Би-би-си.

„Вечерва е за тебе Коби“, изјави поп-ѕвездата Лизо, отворајќи го настанот со својата балада Cuz I Love You.

Алиша Кис, која беше водителка, односно домаќин на големата музичка манифестација, целиот настан го посвети на Брајант.

Воведниот говор Алиша го почна со емотивни зборови со кои оддаде почит кон Коби и неговата ќерка, кои загинаа истиот ден.

„Денес Лос Анџелес, Америка и целиот свет изгубија херој. Буквално стоиме овде со скршено срце во домот кој Коби го изгради“, рече Алиша во воведниот говор на Греми церемонијата што се одржа во арената во која играат Лејкерси.

„Ниту во еден момент не замислувавме дека шоуто ќе започне вака. Никогаш. Сакавме да направиме нешто што ќе опише барем малку, како сите се чувствуваме сега“.

По говорот, во сеќавање на прерано починатиот Коби, Алиша продолжи со а капела верзија на So So Hard to Goodbye, во придружба на Boyz II Men.

Греми наградите се одржаа во Стејплс центарот – арената која многумина ја нарекуваат домот на Коби Брајант –  каде тој ја помина својата НБА-кариера во клубот Лејкерс.

Кошаркарската легенда и неговата 13-годишна ќерка прерано го загубија животот во хеликоптерска несреќа во неделата, 26 јануари.

 

 

Прикажи повеќе...

Забава

(Видео) Били Ајлиш триумфираше на наградите „Греми“

Објавено пред

Во Стејплс центарот во Лос Анџелес синоќа беа доделени наградите „Греми“, а младата музичка ѕвезда Били Ајлиш (18) триумфираше освојувајќи пет награди, меѓу кои и наградата за најдобар нов артист и за песна на годината за „Bad guy“.

Таа освои награда и за најдобар албум на годината за својот дебитантски албум „When We All Fall Asleep, Where Do We Go“. Нејзиниот постар брат, Фанајас О’ Конел, исто така доби награда за продуцент на годината за својата работа на нејзиниот албум, кој е снимен во нивната семејна куќа.

За спот на годината наградата ја доби Лил Нас Икс за песната „Old Town Road“, како и наградата за најдобро поп дуо или групен настан, заедно со Били Реј Сајрус.

Пејачката Лизо освои три наради, меѓу кои за најдобра соло изведба за хитот „Truth Hurts“.

Церемонијата почна со една минута молк во знак на почит кон НБА-ѕведата Коби Брајант, кој утрото загина во хеликоптерска несреќа.

Церемонијата ја водеа Лизо и Алиша Кис.

Поранешната прва дама на САД, Мишел Обама, доби Греми за аудиокнигата „Becoming“, а кантри-пејачката Тања Такер доби Греми за најдобар кантри-албум „While I’m Livin“ и за најдобра кантри-песна „Bring My Flowers Now“.

Греми наградата за најдобра компилација за визуелни медиуми ја освои песната „Shallow“ на Лејди Гага и Бредли Купер.

Прикажи повеќе...

Забава

Алесандра Амброзио во црно-бела комбинација што остава без здив

Објавено пред

Наградите „Греми“ се несомнено најголемата ноќ во музиката.

Но, Алесандра Амброзио докажа дека не мора да бидете музичар за да привлечете погледи. Манекенката ја покажа својата беспрекорна фигура на црвениот тепих на 62-то годишно доделување на наградите „Греми“ во Лос Анџелес.

Бразилката изгледа перфектно и инспиративно, како и секогаш, во уникатна двобојна комбинација, дело на француската модна куќа „Балмеин“, којашто ѝ овозможи два потполно различни имиџи на еден црвен тепих.

Едната страна на креацијата ја сочинуваат црни панталони со целосна должина, односно долга ногавица, црн долг ракав и тесно прилепена висока јака.

А другата страна ѝ дозволи на Амброзио да го покаже телото, на кое напорно работи за да го оддржи во беспрекорна форма.

Моделот своите уши ги закити со геометриски обетки на Тасаки, кои беа во склад со манжетната на глуждот и неколку прстени од истиот бренд.

Изгледот го дополни со црни елегантни сандали со високи потпетици.

Бразилската убавица имаше дискретна шминка – очи исенчени во мачкест облик и сјај за усни.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија55 минути

Стефанова: Јанева се однесуваше како да е адвокат на Панделески

Обвинителката Лиле Стефанова на денешното сведочење за случајот „Рекет” рече дека ексшефицата на СЈО Катица Јанева телефонски и се заканувала...

Свет1 час

Познати сите жртви во несреќата во која загина Коби Брајант

Во тешка хеликоптерска несреќа во неделат, во Калифорнија загина кошаркарската легенда Коби Брајант (41). Покрај него, животот го загубија и...

Македонија2 часа

(Видео) Стефанова: Чудно беше како Камчев знаеше дека ќе му вршиме претрес

Обвинителката од поранешното СЈО Лиле Стефанова денеска сведочи пред кривичниот суд за случајот „Рекет” каде обвинети се Бојан Јовановски –...

Свет2 часа

(Видео) Авион со 150 патници се излизга од пистата и излета на улица

Ирански патнички авион со 150 патници се излизга од писта и излезе на улица во јужниот град Махшар, откако се...

Свет3 часа

ФБИ почна истрага зошто хеликоптерот на Коби Брајант летал во услови на магла

ФБИ го истражува местото на несреќата каде што се урна хеликоптерот со НБА-играчот Коби Брајант, неговата ќерка и уште седум...

Свет3 часа

Калифорнија: Ќе бидат потребни неколку дена за да се извлечат телата од непристапниот терен каде што се урнал хеликоптерот

Властите во округот Лос Анџелес соопштија дека може да потрае неколку дена за да се извлечат телата од местото на...

Свет3 часа

Рик Фокс е жив, не бил во хеликоптерот со Коби Брајант

Откако бројни американски медиуми објавија дека заедно со кошаркарот Коби Брајант во хеликоптерската несреќа загинал и неговиот поранешен соиграч од...

Свет4 часа

Најмалку 80 починати од коронавирусот, а околу 3.000 лица се заразени

Бројката на починати од коронавирусот во Кина се искачи на 80, а речиси 3.000 лица се заразени. Во обид да...

Свет4 часа

(Видео) Лошото време и густата магла се можна причина за несреќата во која загина Коби Брајант

Лошото време и густата магла, но и низа грешки на пилотот се најверојатно причините за страшната несреќа во која синоќа...

Спорт13 часа

Полицијата тврди дека имало девет лица во хеликоптерот, именувани само Коби и неговата ќерка

Полицијата на Лос Анџелес на официјална прес-конференција даде првични детали за хеликоптерската несреќа во која загина НБА ѕвездата Коби Брајант....

Спорт14 часа

Спортскиот свет во шок и неверица по смртта на Коби, фановите се собираат пред „Стејплс центарот“

Голем број на спортисти, спортски клубови, славни личности и многу обични луѓе на социјалните мрежи реагираа со неверување и со...

Спорт15 часа

Потврдено: Во хеликоптерот на Брајант била и неговата 13-годишна ќерка Џиџи

По првите извештаи на американската ТВ-мрежа „Еј-би-си“ дека во хеликоптерската несреќа во која загина НБА легендата Коби Брајант биле неговите...

Свет16 часа

(Видео) Коби Брајант загина во хеликоптерска несреќа

Легендарниот американски кошаркар и еден од најдобрите во НБА историјата Коби Брајант загина во својата четириесет и прва година во...

Топ21 час

Со возило на Црвен крст излетале од патот на Водно додека се обидувале да спасат повреден маж

Екипа на Црвен крст не успеала да го спаси повредениот маж на Водно по којшто трганала, бидејќи нивното возило излетало...

Македонија23 часа

Спасовски ја повика опозицијата да го поддржи законот за ЈО: „Престанете со партиски калкулации“

Техничкиот премиер, Оливер Спасовски, одговарајќи на новинарски прашања ја повика опозицијата да го поддржи Законот за јавно обвинителство кој, како...

Свет23 часа

(Видео) Успешно полета најдолгиот патнички авион во светот

Компанијата Боинг извести дека вчера успешно е завршен пробнот лет на нивниот нов модел на авион „боинг 777Х“, најголемиот двомоторен...

Македонија1 ден

Термалните камери на скопскиот аеродром ќе детектираат симптоми за коронавирусот

Нема простор за паника кога во прашање е коронавирусот, посочи министерот за здравство, Венко Филипче, по состанокот со Комисијата за...

Култура1 ден

Љума и Даут од „Медена земја“ добитници на престижната ASC награда за најдобра кинематографија

Самир Љума и Фејми Даут од „Медена земја“ се добитници на наградата за најдобра кинематографија за Документарен филм на 34...

Свет1 ден

Бројот на загинати од земјотресот во Турција се искачи на 31 лице

Бројот на загинати во катастрофалниот земјотрес што ја погоди Турција во петокот се искачи на 31 лице, додека спасувачите се...

Регион1 ден

Автобус со кинески туристи од Вухан стигна во Хрватска

Во Хрватска пристигна автобус со кинески туристи од градот Вухан, епицентарот на епидемијата на коронавирусот, дознава хрватскиот портал „Индекс.хр“. Според...

Досие