Контакт

Забава

Необјавена снимка со Џон Ленон се продаде за 79.000 долари на аукција во Копенхаген

Објавено пред

Аудиокасета од интервју со Џон Ленон и Јоко Оно, вклучително и песна што никогаш не била објавена, а снимена во текот на нивната посета на Данска во 1970 година, е продадена за 370.000 дански круни (79.000 долари) на аукција во вторникот во Копенхаген.

Касетата со необјавената песна Radio Peace била снимена на 5 јануари 1970 година од четири 16-годишни момчиња од Данска, кои успеале да добијат интервју со парот за училиштен магазин.

Понудите за снимката, која беше ставена на продажба заедно со фотографии од разговорот со момчињата, почнаа со 100.000 круни. Пред аукцијата вредноста беше проценета помеѓу 200.000 и 300.000 круни (31.500-47.000 долари).

На касетата, покрај разговорот, снимен е Ленон како свири на гитара и заедно со Оно ги пеат Give Peace a Chance и Radio Peace.

Забава

Меган Фокс и Брајан Остин и официјално се разведоа

Објавено пред

Меган Фокс и Брајан Остин Грин речиси година и пол по започнувањето на бракоразводната парница, конечно постигнаа спогодба за прекин на бракот.

Поранешните сопружници беа во брак речиси 10 години пред да објават дека се разведуваат во мај 2020 година. Како главна причина наведоа непремостливи пречки и побараа заедничко старателство над синовите.

Сега им треба само потпис од судијата. Поранешните сопружници поднесоа правни документи во кои се наведени условите на спогодбата и заедничкото правно и физичко старателство над нивните три момчиња.

Блиски извори за „ТМЗ“ велат дека немало предбрачен договор, а во Калифорнија тоа значи дека сè што стекнале во текот на нивниот 10-годишен брак треба да се подели на половина.

Прикажи повеќе...

Забава

Наздравете за Денот на џин-тоник

Објавено пред

Денес, 19 октомври, го славиме Светскиот ден на џин и тоник, омилен пијалак за многумина. Не е викенд и поминаа жештините кога уживавме во овој коктел со многу мраз, но мора да се прослави.

Секоја пригода да се напиете ваква опојна мешавина е добра можност. Ако веќе не сте планирале вечерно излегување или пијалак по работа, сега е вистинското време.

На овој мегапопуларен пијалак можете да додадете разни зачини за да добие посебен вкус. Значи, ако одлучите да го прославите овој празник дома, еве рецепти за да го направите вашиот џин-тоник совршен.

Џин-тоник со лимон и боровница (за 4 лица)

20 боровинки, 20 свежи листови нане, 2 лимони, 2 лажички кафеав шеќер, 360 милилитри џин, 500 милилитри тоник, мраз.

Изберете чаши со рамно дно и рамномерно распоредете боровинки, нане, шеќер и сок од лимон во нив. Додадете мраз во чашите и ставете 90 милилитри џин во секоја чаша. Прелијте со тоникот, измешајте и уживајте!

Џин-тоник со црвен портокал (за 4 лица)

180 милилитри џин, 240 милилитри сок од црвен портокал, малку ликер од портокал, околу 480 милилитри тоник, мраз.

Наполнете чаши со мраз, потоа додадете џин, портокал и ликер. Истурете ја содржината на чашата со тоник и нежно измешајте. Како последен тач, украсете ја чашата со парче црвен портокал.

Нема причина да не кренете чаша со вашите пријатели вечерва, можеби со еден од овие славенички рецепти.

Прикажи повеќе...

Забава

Што би рекла Кери? Сара Џесика Паркер дојде на снимање во тренирки

Објавено пред

Папараците ја забележаа Сара Џесика Паркер кога пристигна на снимањето на новата сезона на серијата „Сексот и градот“ во центарот на Менхетен во понеделникот.

56-годишната актерка на себе има долни тренирки и памучна кошула со долги ракави, со што стана јасно дека не е облечена како Кери Бредшо за да продолжи со снимањето.

Иако на ваквото лежерно издание Кери можеби ќе направеше гримаса, Сара Џесика изгледа комотно и среќно додека чекори по тротоарот.

Таблоидите веднаш ја искоментираа „премногу лежерната облека“ на актерката што е во спротивност со уникатните комбинации на Кери, препознатливиот лик на една од најгледаните серии на сите времиња.

Кери Бредшо беше ултимативна модна икона која наметна модни трендови и засекогаш го промени начинот на размислување кога станува збор за експериментирање со модни парчиња и додатоци.Нејзиниот стил беше и сè уште е инспирација за милиони жени во светот. Токму тоа беше причината лондонски „Гардијан“ да ја вброи меѓу иконите на деценијата.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија37 минути

Димитриевски: Лица од МВР три недели нè следат мене и мојот тим, тоа е вршење притисок поради изборите

Градоначалникот на Куманово Максим Димитриевски кого утрово полицијата го сопре и го прaти со возилото на технички преглед, на прес-конференција...

Македонија2 часа

Се укинува ограничувањето на бројот на гости на една маса во угостителските објекти

Владата на денешната редовна 113. седница, меѓу другото, во согласност со моментната епидемиолошка состојба во државата усвои измени и дополнувања...

Македонија3 часа

(Видео) Мицкоски ја повика цела опозиција зa уривање на Владата

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, упати повик до Левица и сите опозициски партии, но и до владините кои се во...

Македонија3 часа

За една недела од коронавирус починале 26 вакцинирани лица, од кои најголем дел примиле „синофарм“

Во периодот од 8 до 14 октомври од коронавирус починале 105 пациенти, а 75 % од нив не биле вакцинирани....

Македонија4 часа

МВР не ја наведува причината за запирањето на Максим Димитриевски и најави истрага за случајот

Од Министерството за внатрешни работи по сопирањето на градоначалникот на Куманово, Максим Димитриевски, велат дека за случајот е вклучен Одделот...

Македонија5 часа

Уште 27 Авганистанци заминаа од земјава

Група од 27 граѓани на Авганистан кои привремено престојуваа во земјава изутрината од Меѓународниот аеродром Скопје, со членови на нивните...

Македонија6 часа

35 проценти од популацијата во државата примиле две дози вакцина

Во текот на вчерашниот ден аплицирани се вкупно 3.475 дози вакцини, од кои 917 се аплицирани како прва доза, 2.509...

Македонија6 часа

Симовски: Резултатите од пописот најдоцна до март

Директорот на државниот завод за статистика, Апостол Симовски, информира дека обработката на податоците од пописот е почната веднаш по неговото...

Европа8 часа

Турција нареди нови апсења, 33 војници се меѓу 158 осомничени во врска со Ѓулен

Турското обвинителство нареди апсење на 158 осомничени, вклучително и 33 припадници на војската, во опсежна операција насочена против лица наводно...

Регион9 часа

Извештајот за напредокот на Македонија ќе биде објавен денеска во Стразбур

Се очекува денеска во Стразбур да биде усвоен Пакетот за проширување на земјите од Западен Балкан. Пакетот за проширување вклучува...

Свет9 часа

Северна Кореја лансираше ракета во морето

Северна Кореја лансираше неидентификувана ракета во морето, соопшти јужнокорејската војска. Ракетата е лансирана во морето источно од полуостровот, соопшти армијата...

Македонија19 часа

По првиот круг градоначалници се избрани во 34 општини

По првиот круг од локалните избори избрани се градоначалници во 34 општини, покажуваат првичните податоци на Државната изборна комисија. Во...

Македонија20 часа

ДИК: Арсовска освои 7.805 гласа повеќе од Шилегов во првиот круг

Според податоците што вечерва ги соопшти претседателот на Државната изборна комисија (ДИК), Александар Даштевски, скопјани во вториот круг за челник...

Македонија1 ден

19 починати и 107 заболени од Ковид-19 во последните 24 часа

Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа направени се 1.668 тестирања, а регистрирани се 107 нови случаи на...

Македонија1 ден

Шилегов очекува победа во вториот изборен круг

Петре Шилегов, кандидатот на СДСМ за Град Скопје, вели дека влегува во изборната трка во втор круг, со изедначен број...

Македонија1 ден

Арсовска: Во вториот круг влегувам со голема предност, време е за модерно и современо Скопје

Независната кандидатка за градоначалничка на Скопје Данела Арсовска со повик до скопјани и во вториот круг да ја поддржат на...

Македонија1 ден

Поткуп на гласачи, изнуда, дошол пијан да гласа – Јавното обвинителство постапува по изборните нерегуларности

Во текот на организирањето и спроведувањето на локалните избори заклучно со првиот круг на гласање одржан на 17 октомври 2021...

Македонија1 ден

ВМРО-ДПМНЕ победи во 20, а СДСМ во 9 општини во првиот круг, според досега целосно обработените податоци

Oд целосно обработените податоци од Државната изборна комисија (ДИК), на локалните избори во првиот круг избрани се  32 градоначалници. Според...

Економија1 ден

Горивата поскапуваат

Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги донесе одлука со која се врши зголемување на малопродажните цени на нафтените деривати...

Македонија1 ден

ДИК го заврши пребројувањето во Куманово – Димитриевски води со 22 гласа пред Илиевски

Актуелниот градоначалник на Куманово, Максим Димитриевски, води пред кандидатот на СДСМ Оливер Илиевски за 22 гласа, согласно последната промена направена...

Досие