Контакт

Забава

„Нетфликс“ подготвува серија базирана на видеоиграта „Дијабло“

Објавено пред

Пред речиси еден месец „Близард“ мистериозно објави дека работи на неколку проекти од светот на видеоиграта „Дијабло“, што израдува многу фанови што беа загрижени дека „Близард“ веќе ја заборави оваа слава франшиза.

Сега се појави информација дека „Нетфликс“ и „Близард“ ги здружиле силите и набргу, веројатно на настанот „Близкон“, ќе го претстават заедничкиот проект – анимираната серија „Дијабло“.

Според овие тврдења, веќе е познато кој ќе биде сценарист на серијата. Тоа е Ендру Козби, кој ја изгради својата кариера со серијата „Еурека“ и го напиша сценариото за новиот „Хелбој“. Платформата „Нетфликс“ веќе направи една анимирана серија според видеоигра, „Каслванија“, и веројатно тој проект мина одлично бидејќи очигледно продолжува продукцијата во тие води.



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Забава

Негативецот од „Титаник“ и на 53 години изгледа одлично

Објавено пред

Американскиот актер Били Зејн (53), кој пред 22 години се прослави со улогата на негативецот Кал Хокли во филмот „Титаник“, објави фотографија на својот инстаграм-профил и предизвика лавина коментари на неговите обожаватели. Тој сè уште изгледа младолико и по него воздивнуваат многу жени во светот.

Зејн позира во куси беж панталони, без маица. Во преден план тој ги истакна своите стомачни мускули. Обожавателките на Били му поделија безброј комплименти поради изгледот, а и многу мажи му напишаа дека дури и на 53 години изгледа одлично.

Актерот често истакнува дека целиот живот се придржува кон здрава исхрана и дека редовно вежба.

Прикажи повеќе...

Забава

Кафето, рибите и компирот жртви на климатските промени

Објавено пред

Климатските промени може да предизвикаат проблеми во растот на културите и изумирањето на животните и рибите, па можеби ќе треба да се простиме од нашата омилена храна и пијалаци.

Поради глобалното затоплување, земјиштето погодно за одгледување кафе, најверојатно, ќе се преполови до 2050 година.

Се очекува дека дивите видови кафе целосно ќе исчезнат до 2080 година, објави Би-би-си.

Од климатските промени исто така ќе бидат погодени рибата и компирот.

Риба има сè помалку и помалку, според Би-би-си.

Една од причините за тоа е сè пониското ниво на кислород во океаните што се загреваат.

Доказ за тоа е глобалниот улов, кој се намали 5 проценти, а оние што ги сакаат рибите во Северното Море ќе забележат дека нивниот улов паднал за една третина.

Компирите растат под земјата, но исто така ќе страдаат од сè поголеми суши.

Само едно топло лето во 2018 година во Велика Британија влијаеше родот на компири да се намали една четвртина, а секој поединечен плод се намали три сантиметри, објавија британските медиуми.

Прикажи повеќе...

Естрада

Русите ја нападнаа Гага, ќе го вратат Бредли како што го вратија Крим

Објавено пред

Профилот на пејачата Лејди Гага (33) на социјалните мрежи е полн со коментари на лути Руси што ја напаѓаат поради наводната афера со актерот Бредли Купер (44), поранешното момче на руската моделка Ирина Шајк (33). На пејачката ѝ пишуваат на кирилица да ѝ го врати Бредли на девојката на која тој навистина ѝ припаѓа – Ирина.

Русите се лути бидејќи се чини дека Ирина е понижена во целата таа приказна, па се обидуваат да ги поправат работите.

„Го вративме Крим, ќе го вратиме и Бредли“, пишува во еден коментар.

Цело време пејачката добива потценувачки коментари во кои ја навредуваат и понижуваат, а Ирина ја фалат. Поради многуте коментари на кирилица, се чини дека никој друг не ѝ пишува на пејачката.

Прикажи повеќе...

Најново

Европа10 часа

Шефот на кабинетот: Меркел е добро, планира да го отслужи целиот мандат

Здравјето на германската канцеларка Ангела Меркел е добро и таа планира да го отслужи целиот мандат до 2021 година во...

Македонија13 часа

Боки 13 и Милевски остануваат во притвор, судот им ги одби жалбите

Кривичниот суд попладнево соопшти дека им ги одбил жалбите на осомничените во предметот за изнуда со трговија на влијаније. Тоа...

Македонија13 часа

Васко Ковачевски нов директор на ЕЛЕМ

Владата на денешната седница, по предлогот за разрешување на околу 40 директори во јавните претпријатија, донесе одлуки и за препораки...

Македонија18 часа

(Видео) Заев: Обвинителството ќе каже дали Катица Јанева е злоупотребена или има докази против неа

Премиерот Зоран Заев изјави дека не се слушнал со Катица Јанева по шпекулациите дека специјалната обвинителка контактирала со високи функционери пред...

Македонија18 часа

(Видео) Разрешени директорите на МЕПСО и ЕЛЕМ

Премиерот Зоран Заев соопшти дека на денешната седница ќе предложи разрешување на десетици директори на јавни претпријатија и членови на...

Европа19 часа

Лагард поднесе оставка: Тоа е во најдобар интерес на ММФ

Кристин Лагард поднесе оставка од лидерската позиција во Меѓународниот монетарен фонд, која ќе стапи во сила во средината на септември....

Македонија19 часа

(Видео) Нуркачи ја извадија кадата фрлена во Охридското Езеро

Нуркачи ја извадија кадата фрлена во Охридското Езеро. Нуркачкиот клуб „Акватек“ објави дека е извадена кадата што била забележана пред...

Свет19 часа

Затворот во кој оди Ел Чапо го сметаат за непробојна тврдина и е полн со озлогласени цимери

Еден од најпознатите наркобосови, 62-годишниот Хоакин Гусман, познат по прекарот Ел Чапо, на кој денеска во Њујорк треба да му...

Топ20 часа

Петнаесетгодишно девојче падна во бездна на Селечка Планина

Петнаесетгодишно девојче од Прилеп вчера паднало во бездна и добило повреди на местото наречено Чуле на Селечка Планина. Полициски службеници...

Свет20 часа

Нетанјаху ќе влезе во историјата на Израел со најдолга премиерска функција

Израелскиот премиер, Бенјамин Нетанјаху, на крајот од оваа недела ќе го надмине Давид Бен-Гурион и ќе стане претседател на владата...

Свет20 часа

Конгресот ги осуди расистичките коментари на Трамп, поднесено е и барање за импичмент

Претставничкиот дом на американскиот Конгрес со резолуција ги осуди наводните расистички коментари на претседателот Доналд Трамп, кој, според резолуцијата, ги...

Свет21 час

Бајден го предизвикува Трамп да се натпреваруваат во склекови

Поранешниот американски потпретседател, Џо Бајден (77), кој најави дека влегува во трката за демократската претседателска номинација за изборите во 2020...

Европа22 часа

Салвини тврди дека група украински неонацисти сакале да го убијат

Италијанскиот министер за внатрешни работи Матео Салвини тврди дека група украински неонацисти, сакале да го убијат. Тие се уапсени поради...

Свет22 часа

Татко и син отвориле фабрика за лажни ,,ламборџини” во Бразил

Татко и син се уапсени, откако е откриена нивната фабрика во која произведувале лажни автомобили од познатите марки „ферари“ и...

Македонија1 ден

Земјотрес во Струмица, Валандово и околината

Земјотрес со јачина од 2,8 степени според Рихтеровата скала вечерва во 21 и 17 минути бил почувствуван во Струмица, Валандово...

Регион1 ден

Хакери украле податоци на милиони Бугари

Хакери украле лични и финансиски податоци на милиони бугарски граѓани. Тие насилно влегле во системот на државната даночна управа, соопшти...

Европа1 ден

Урсула фон дер Лејен е нова претседателка на Европската комисија

Европскиот парламент официјално ја избра германската демохристијанка Урсула фон дер Лејен за нова претседателка на Европската комисија, на местото на...

Свет1 ден

Трамп: Во мене нема ни трошка расизам

Претседателот на САД, Доналд Трамп, жестоко се бранеше дека не е расист по вербалниот напад на четири конгресменки. Но, неговите...

Македонија2 дена

Владата одобри 9 милиони денари за замена на системот за греење во студентскиот дом „Кузман“

На денешната седница Владата донесе одлука за одобрување средства од буџетот за 2019 година во висина од девет милиони денари...

Европа2 дена

Западна Грција ја погодија поплави

Властите во неделата евакуираа десетици граѓани од поплавените домови во западна Грција, само неколку дена по загинувањето седум лица во...

Досие