Забава
„Не е време за умирање“ одложен третпат

Премиерата на новиот филм за Џејмс Бонд е одложена трет пат поради корона-кризата.
„Не е време за умирање“ веќе двапати беше туркан наназад, а сега ќе дебитира на глобално ниво на 8 октомври, се вели во објавата на веб-страницата на филмот.
Првично требаше да се појави во киносалите во април 2020 година.
Филмот е 25-то продолжение во франшизата за Бонд и во него Даниел Крег петти и последен пат ќе го игра агентот 007 на британската тајна служба.
Доцнењето ќе дојде како дополнителен удар врз киносалите, кои беа принудени да се затвораат со месеци поради пандемијата.
На почетокот на оваа недела водечките филмаџии, вклучувајќи ги Дени Бојл и сер Стив Меквин, ѝ пишаа на владата на Обединетото Кралство повикувајќи на финансиска поддршка за киносинџирите со образложение дека кината во Британија стојат на работ на бездната.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Забава
Лиам Нисон ќе ги пречека кино-посетителите на премиерата на „Марксмен“

Љубителите на филмот се подготвуваат за повторно отворање на киносалите во Њујорк викендов, а можеби ќе ги пречека познато лице: Лиам Нисон.
Тој, наводно, лично ќе ги поздравува луѓето кои ќе дојдат на премиерното прикажување на неговиот филм „Марксмен“.
„Холивуд репортер“ објави дека 68-годишниот актер ќе биде присутен да ги поздрави љубителите на филмот на плоштадот „АМЦ Линколн“ на горната западна страна на Њујорк во петок навечер пред да започнат прикажувањата.
Актерот ја прими првата доза од вакцината против Ковид-19, и откри во едно интервју неодамна дека со нетрпение го очекува незаборавното искуство.
„Ова треба да се напише во дневник. Ќе биде убаво да ги пречекувам луѓето. Мислам дека одењето во кино е еден вид свето искуство. Така се чувствував уште како дете,“ рече тој.
Забава
Адвокатот на Меган Маркл: Бакингемската палата ја користи приказната на „Тајмс“ за ширење лажен наратив пред интервјуто за Опра

Во минатото кралското семејство беше познато по тоа што одржуваше внимателна дистанца од популарниот печат, ретко се занимаваше со шпекулации и новинарски статии. Оваа недела, сепак, во изненадувачки потег, Бакингемската палата веднаш и директно реагира на обвинувањата протов војвотката од Сасекс изнесени во „Тајмс“.
Палатата почна истрага за наводите на весникот дека војвотката од Сасекс малтретирала членови на персоналот пред таа и принцот Хари да ги напуштат кралските должности. Тим за човечки ресурси детаљно ги истражува наводите и ќе стапи во контакт со лица што во тоа време работеле во палатата.
Војвотката од Сасекс живееше во палатата Кенсингтон речиси една година по венчавката со принцот Хари во 2018 година и според приказната во британски „Тајмс“, формалната жалба била поднесена преку електронска пошта во октомври 2018 година од Џејсон Кнауф, нивен тогашен секретар за односи со јавноста.
Портпаролот на Меган Маркл во својата најнова изјава наведува: „Војвотката многу ја натажи овој последен напад врз нејзиниот лик, особено како некој што бил цел на малтретирање и е длабоко посветен на поддршка на оние што доживеале болка и траума. Таа е решена да продолжи со својата работа градејќи сочувство во целиот свет и ќе продолжи да се стреми да дава пример правејќи го она што е исправно и што е добро“.
Адвокатите на Хари и Меган изјавија за „Тајмс“ дека целата сторија се користи од страна на Бакингемската палата за ширење целосно лажен наратив пред интервјуто за Опра.
Според портпаролот, сето ова е калкулирана клеветничка кампања, која се темели на штетни дезинформации. „Разочарани сме што гледаме дека на овој клеветнички приказ на војвотката од Сасекс му е даден кредибилитет од страна на еден медиум“.
Забава
На кралицата ѝ донеле две нови кученца за да ја утешат во стресно време

Сопругот на кралицата, војводата од Единбург, со кого е во брак 73 години, е во болница од средината на февруари.
Добро познат факт е дека најдобриот пријател на човекот честопати е утеха во стресни ситуации. Всушност, има кучиња што се користат поради нивната емоционална осетливост помагајќи им на оние на кои им е најпотребна нивната поддршка.
Некои британски медиуми објавија дека нејзиното височество, кралицата Елизабета Втора – долгогодишен љубител на кучиња, неодамна добила две нови кученца велшки корги пемброк (нејзината омилена раса) со цел да ја утешат додека нејзиниот сопруг, војводата од Единбург, е во болница.
Весникот „Сан“ известува дека двата нови члена на кралското домаќинство пристигнале во февруари откако принцот Филип бил примен во болница поради постојната срцева состојба. Додека закрепнува од операцијата во болницата „Св. Бартоломеј“ во Лондон, овие две кученца без сомнение ѝ даваат многу потребно внимание на кралицата.
„Кралицата е воодушевена. Незамисливо е таа да нема ниеден корги. Тоа е како лондонската кула да ги нема гавраните чувари. Тие се таму само неколку недели, но велат дека се преслатки и палатата ја направиле свој дом“, изјавил анониимен извор за весникот. „Внесуваат многу бучава и енергија во палатата додека Филип е во болница“, додава изворот.
Последното куче на кралицата, Вулкан, за жал, почина веднаш по Божик. Тоа беше со нејзиното височество од 2007 година.
Таа долго време чувала корги, а досега имала најмалку 30. Се смета дека зголемената популарност на оваа раса во последните години е нејзина заслуга.
Кралицата со еден од коргите во 1970 година.
- Книги3 месеци
Македонски лекар ја објави последната исповед на Јосип Броз Тито
- Македонија3 месеци
(Видео) Отстранети два нелегално изградени објекта во општина Центар
- Македонија2 месеци
Возачот на „бентлито“ што „влета“ на плоштад казнет со 45 евра, објавена фотографија од записникот
- Регион2 месеци
(Видео) Прекината прес-конференција на градоначалникот на Бања Лука: „Луѓе ова е сериозен земјотрес“
- Регион2 месеци
(Видео) Снимен моментот на потресот во Петриња – луѓе не можат да се задржат на земјата
- Европа1 недела
Планот за отклучување на Германија протече во медиумите, Меркел: Имаме трет бран
- Свет1 месец
Поради примање мито во Кина погубен поранешен државен функционер
- Економија3 недели
Сите брендови на Индитекс доаѓаат во „Ист гејт мол“