Забава
„Не e време за умирање“ ги урива рекордите на Бонд на британските киноблагајни

Последниот филм на Даниел Крег како Џејмс Бонд го постигна највисокото отворање викендов во Обединетото Кралство од сите филмови 007.
Креговото петто појавување како таен агент 007 во првиот викенд од неговото прикажување оствари приход од 21 милион фунти помеѓу петокот и неделата, според Comscore.
Ги претрка „Скајфол“ (20,2 милиони фунти) и „Спектре“ (19,8 милиони фунти). Овие два филма се на наоѓаат на второ и трето место на британскиот боксофис на сите времиња.
Многумина во индустријата се надеваат дека „Не е време за умирање“ ќе ги покрене киноблагајните откако киносалите беа затворени во текот на пандемијата.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Забава
Шерон Стоун го краси црвениот тепих на годишната гала на Клајв Дејвис

Шерон Стоун ги привлече сите погледи на себе кога пристигна на годишната гала на Клајв Дејвис, која традиционално се одржува во Лос Анџелес еден ден пред доделувањето на Греми-наградите.
64-годишната актерка од „Ниски страсти“ изгледа модерно и елегантно во розов костим украсен со тил на саботниот настан што ги собра ѕвездите на Холивуд.
Цртите на лицето, кои видно им пркосат на годините, ги истакна со блескава палета на шминка.
Изгледот го комплетира со раскошен сребрен ѓердан, а таблоидите коментираат дека зрачи со самодоверба додека позира пред камерите.
Забавата позната како Pre-Grammy Gala е меѓу последните настани што се одржуваат во текот на неделата на „Греми“, а која кулминира со најголемата вечер во музиката.
65. доделување на Греми-наградите се одржи синоќа во арената „Крипто“ во Лос Анџелес.
Забава
(Видео) Антонио Бандерас открива дека неговиот лик во „Индијана Џонс 5“ е сојузник

Мачорот во чизми на Антонио Бандерас ги натера гледачите да молат за милост, но неговиот лик во „Индијана Џонс и бројчаник на судбината“ не е само со остри заби и канџи.
Во интервју за „Инсајд тотал филм“, Бандерас открива дека неговиот лик игра многу мала улога и е пријател на славниот Индијана Џонс кого го глуми Харисон Форд, еден и единствен, како што го нарече.
Бандерас говореше и за своето искуство со работа со Форд, негова икона уште од детството, и за возбудата што еден ден ќе го сподели филмот со своите внуци.
„Беше прекрасно само да бидеш блиску до него. Некои денешни интервјуери ми велат: О, боже, имав седум години кога излезе ‘Шрек 2’, а сега имам 27 години и ве интервјуирам и од тогаш ги гледам вашите филмови“.
„Истата работа ми се случи со Харисон. Се сеќавам на првиот пат кога го гледав ‘Индијана Џонс’ и откачив“, рече актерот. „Самото тоа што сум таму. Самото тоа што моето име е поврзано со Индијана Џонс е нешто големо. Ако мојата ќерка некогаш добие бебе, можам да ѝ кажам: еј, дедо направи филм со Индијана Џонс“.
Во режија на Џејмс Менголд, петтото продолжение со оригинален наслов Indiana Jones and the Dial of Destiny прикажува како Форд се враќа во својата легендарна улога на археолог авантурист и се бори со своите стари непријатели, нацистите.
Филмот треба да пристигне во кината на 30 јуни 2023 година и, најверојатно, е големото збогување на Харисон Форд со познатиот авантурист археолог имајќи предвид дека актерот веќе наполни 80 години.
Забава
(Видео) „Греми“ 2023: Зад песната на годината се крие неверојатна приказна

Бони Рајт беше вчудоневидена кога освои „Греми“ за песна на годината на соноќешната церемонија во Лос Анџелес, еден од најголемите настани во музичката индустрија.
73-годишната пејачка и текстописец се закити со една од главните награди. Нејзината песна Just Like That беше прогласена за песна на годината.
Џил Бајден ѝ ја врачи наградата, а Бони не можеше да поверува дека е победничка во оваа престижна категорија. „О, боже. Многу сум изненадена. Не знам што да кажам. Ова е нереален момент”, рече Бони. Таа ѝ се заблагодари на Академијата што ја цени уметноста на пишување песни и што ѝ оддаде почест.
„Не пишувам многу песни, но толку сум горда што ја цените оваа“, додаде таа. „Песна на годината е прилично важна работа. Ова е голема работа за мене и многу сум горда.“
Медиумите потсетуваат на неверојатната приказна зад Just Like That, која беше објавенa во април 2022 година. Се појави на истоимениот албум, кој се искачи на 44-то место на Билборд Топ-200.
Песната ja напиша Бони, која откри дека била инспирирана од приказната за една жена која срцето на својот починат син му го дала на друго дете. Бони ја посвети песната на својот пријател и колега Џон Прајн, кој почина во 2020 година по борбата со коронавирусот.
„За оваа песна ме инспирираше неверојатна приказна за љубовта, милоста и великодушноста на некој кој ги донира органите на својата сакана личност за да помогне на друга личност да преживее“, изјави Рајт. „Оваа приказна е толку едноставна и толку убава за овие времиња. И луѓето реагираа на песната, делумно поради тоа колку го сакав и сите го сакавме Џон Прајн, и тоа беше инспирација за музиката за оваа песна“, додаде таа.