Забава
Николас Кејџ бил сигурен дека е од друга планета
Николас Кејџ како дете мислел дека е вонземјанин.
58-годишниот актер откри дека татко му го опишувал како вонземјанин во текот на неговото детство и раната младост и дека бил многу изненаден кога при посета на лекарската ординација сфатил дека тој, всушност, има нормален скелет и човечки органи.
„Татко ми ми кажа дека чувствува како да мора да ми се претстави затоа што сум вонземјанин“, вели Кејџ.
„Бев шокиран дента кога отидов на лекар како дете и дознав дека имам нормални органи и нормален скелет бидејќи бев сигурен дека сум од друга планета“.

Оскаровецот објасни дека секогаш се борел „да се поврзе“ со другите и на крајот бил инспириран од покојната ексцентрична поп-ѕвезда Дејвид Боуви да почне кариера во шоу-бизнисот.
Во интервју за списанието „Ремп стајл“ тој изјави: „Имав тешкотии да се поврзам со другите луѓе. Кога го видов Дејвид Боуви во The Man Who Felt to Earth, сфатив дека треба да направам нешто. Така станав актер“.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Забава
Овие три хороскопски знаци најлесно можете да ги заведете на одмор
Лето, море, коктели и чувството дека нема правила – не е ни чудо што некои хороскопски знаци се особено склони кон флертување и кратки романси во ова време. Додека некои остануваат претпазливи дури и на одмор, други лесно се предаваат на атмосферата.
Според астрологијата, овие три знаци се најлесни за заведување на одмор.

Близнаци
Близнаците обожаваат да запознаваат нови луѓе и тешко им одолева на возбудата што ја носи летото. Добар разговор, малку хумор и чувство за спонтаност се доволни за целосно да ги освојат. Најважно за нив е да не им здодее.
Ако ги насмеете и го задржите нивното внимание, тие брзо ќе покажат интерес.
Вага
Вагите се одлични романтичари и лесно се вљубуваат во летната атмосфера. Вечерни прошетки покрај морето, добра музика и малку внимание често се доволни за да се заљубат во идејата за романса.
Тие го сакаат чувството на пеперутки во стомакот и често ги идеализираат луѓето што штотуку ги запознаваат, поради што лесно се впуштаат во кратки, интензивни летни приказни.

Стрелец
Стрелците сакаат авантури, патувања и спонтани врски. Тие се особено отворени за флерт на одмор бидејќи се привлечени од слобода, забава и чувство дека може да се случи нешто возбудливо.
Ако изгледате опуштено и спонтано, лесно можете да ги освоите. Но, штом се почувствуваат под притисок или премногу сериозни, брзо го губат интересот.
Забава
(Фото) Откако почна сезоната на бикини, таа не ги соблече и никогаш не била „пожешка“
Позната по својата зачудувачка фигура и бразилска убавина што ѝ ги донесе ангелските крилја на „Викторијас сикрет“, прекрасната Алесандра Амбросио повторно успеа да привлече внимание.
Се чини дека оваа убавица веќе некое време ужива во жешките летни денови, кои вклучуваат серија атрактивни бикини и нема намера да ги соблече. На Инстаграм, каде што е често активна, ги информира фановите за актуелните настани во нејзиниот живот, а неодамна покажа како ужива на плажа со својот партнер.
Таа гордо позираше за своите обожаватели, а вниманието на јавноста го привлече нејзината облека. Носеше бикини во пудра розова боја што ја истакнуваше нејзината зачудувачка фигура, како и градите, а додаде и тесна тоалета во истата боја што совршено одговараше на овој стајлинг.
Што се однесува до фризурата, таа ја остави косата слободно да паѓа, а носеше нежни тонови на шминка што ја нагласуваа нејзината природна убавина. Обожавателите брзо коментираа на оваа сцена, кажувајќи ѝ едно нешто – дека е навистина убава!
Забава
(Фото/Видео) Мадона шокираше многумина со својот настап: „Бабо, не“
Мадона веќе некое време ја интригира јавноста, а работите уште повеќе се загреаа кога неодамна откри кој е нејзиниот најдобар љубовник. Се чини дека легендарната поп-дива ги вложува сите свои напори во својот имиџ, за да не ја изгуби трката со времето, но тоа е малку залудно потрошен труд, бидејќи полека, но сигурно, ѝ бега.
Madonna, 67, leaves fans in HORROR with dangerous stunt at Pride concert in Times Square https://t.co/QaYHX4FwFj
— Daily Mail (@DailyMail) June 5, 2026
Неодамна таа создаде вистински спектакл за време на нејзиниот музички настап на Тајмс Сквер во Њујорк по повод Месецот на гордоста. За таа пригода, таа носеше чипкана облека во розова боја што многу потсетува на нејзината „Like a Virgin“ ера, но и на нејзината естетика.
Is it time for 67 year old Madonna to retire? pic.twitter.com/vk1eCnjoyx
— Oli London (@OliLondonTV) June 5, 2026
Сепак, многу нејзини обожаватели останаа во шок кога Мадона направи еден потег. На висока сцена, каде што имаше пластична ограда, пејачката во еден момент ја префрли ногата, а дел од нејзиното тело висеше преку оградата.
Овој момент ги исплаши многу нејзини обожаватели на концертот, а видеа и фотографии се проширија низ мрежите.
67 year old Madonna performs in Times Square wearing lingerie to promote her upcoming album. pic.twitter.com/sD2C4WCpgR
— Oli London (@OliLondonTV) June 5, 2026
„Како вреснав: ‘Мадона, не, немој!’ кога висеше преку оградата!“, „Тоа ме направи толку нервозна“, „Бев преплашена до смрт“, „Бабо, не, о боже“ и „Најдобра, сите бевме нервозни, хахахаха“, се само дел од коментарите…
