Контакт

Забава

Ниту Рим ниту Париз: кој европски град е најпривлечен за туристите?

Објавено пред

Етаблираниот американски туристички магазин Condé Nast Traveler ја прогласи Виена како најдобра дестинација во Европа, пред сè, поради културната понуда што австриската метропола им ја дава на посетителите.

На светската листа на најпривлечни туристички дестинации Виена е четврта, зад Токио, Кјото и Мелбурн.

Во гласањето учествувале речиси 430.000 читатели на магазинот, специјализиран за луксузни патувања, како начин на живеење, а Виена вторпат е прогласена како најдобра градска дестинација.

Во претходните години Лондон и Париз беа доминантни на листата за годинава пред нив да се најде Виена, но и Салцбург, кој е на второто место, а следуваат Хамбург, Луцерн и Базел.

Забава

Драма на небото, Вилијам и Кејт два часа заглавени во авион

Објавено пред

Војвотката од Кембриџ Кејт Мидлтон (37) и нејзиниот сопруг, принцот Вилијам (37), доживеале вистинска драма на четвртиот ден од нивната официјална посета на Пакистан. Авионот со кој летале влегол во невреме поради што морале да останат два часа во воздух. Самиот лет требало да трае само 25 минути. Авионот двапати не можел да слета во Исламабад, па затоа морале принудно слетаат во Лахоре.

Еден патник во авионот изјавил дека станувало збор за мошне непријатно невреме. Новинарот кој бил во авионот изјавил дека околу нив блескале молњи. Принцот Вилијам го прашал екипажот дали е сè во ред и се пошегувал: „Јас сум пилотирал!“.

Вилијам порано возеше хеликоптер за спасување.

Ова е прва посета на членовите на британското кралско семејство на Пакистан од 2006 година кога земјата ја посетија принцот Чарлс и неговата сопруга Камила.

Прикажи повеќе...

Забава

Џенифер Лоренс викендов подготвува тајна венчавка со галеристот

Објавено пред

Осум месеци по свршувачката со Кук Марони (33), овој викенд оскаровката Џенифер Лоренс (29) ќе се венча со галеристот и трговец со уметнички дела, пренесува ТМЗ. Двојката неодамна била видена во Њујорк како ги завршува формалностите околу свадбата, што значи дека се приближува свечениот момент.

Актерката и нејзиниот свршеник ја објавија својата врска во 2018 година, а името на Марони за сите во светот на шоубизнисот било целосно непознато. Кук ја води познатата галерија „Гладстон 64“, сместена во Апер Ист Сајд во Њујорк, и ретко се појавува на друштвени настани.

Џенифер сакала да организира моминска забава за женско друштво по повод свадбата, но не поминало сè како што било планирано. Џенифер прво кажала дека нема да има моминска вечер, а пота се предомислила и сè организирала во последен момент. Но гостите не биле подготвени за нејзините чудни желби и речиси никој не можел да дојде, што многу ја погодило актерката.

Пред Марони, таа беше во врска со режисерот Дарен Аронофски, музичарот Крис Мартин и актерот Николас Хулт.

Прикажи повеќе...

Забава

Рајан Рејнолдс го покажа своето новороденче и ги предупреди сите политичари

Објавено пред

Рајан Рејнолдс (42) и Блејк Лавли (32) ја објавија првата фотографија од своето новороденче на социјалните медиуми користејќи ја објавата за да зборуваат за климатските промени.

„Ја сакам Британска Колумбија. Посакувам моите ќерки да пораснат на истото игралиште во природа како и јас. Кандидатот што ќе го изберете сега, ќе ja води политиката за климатски промени во наредните четири години. Се гордеам на напредокот што го постигнавме во последните четири години“, напиша актерот притоа откривајќи дека Блејк родила ќерка пред два месеца.

Со тоа славната холивудска двојка го прекина медиумскиот молк, а на бебето на фотографијата му го прекриле лицето. Тие се фотографирани на местото каде што се запознале.

Двојката веќе има две ќерки, Џејмс (4) и Инес (2).

Прикажи повеќе...

Најново

Европа1 час

Пучдемон им се предаде на белгиските власти

Поранешниот лидер на Каталонија, Карлес Пучдемон, им се предаде денеска на белгиските правосудни органи кога Шпанија издаде нов налог за...

Топ2 часа

Воз удри во автомобил во Прилеп, повредени четири лица

Четири лица се повредени во железничка несреќа што се случила во близина на меѓуградската автобуска станица во Прилеп. Според информациите на...

Македонија2 часа

Без многу оптимизам се очекува конечната одлука за преговори со ЕУ

Денешните разговори на лидерите на ЕУ во Брисел се последна надеж дека земјава може да го добие очекуваниот датум за...

Свет3 часа

Трамп во нова трговска офанзива, воведе царини на многубројни европски производи

Дополнителни царини во вредност од 7,5 милијарди американски долари за низа европски производи денеска воведоа САД, што претставува нова трговска...

Свет3 часа

Eксплозии и пукање во Сирија еден ден по договорот за прекин на огнот

Експлозии на гранати и пукање во областа на градот Рас ел-Ајн во североисточна Сирија на само еден ден по договорот...

Европа4 часа

(Видео) Барселона во пламен, протестите излегоа од контрола

Илјадници луѓе синоќа излегоа на протест на улиците на Барселона, четврти ден по ред. Како што пренесуваат локалните медиуми, на...

Свет16 часа

Турција ги прекинува воените операции во Сирија

Американскиот потпретседател Мајк Пенс изјави дека постигнал договор со турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган за прекин на огнот во северна...

Регион18 часа

Рама: Направивме сè што побараа од нас

Го направивме тоа што го бараа, изјави албанскиот премиер Еди Рама., по состанокот со комесарот на ЕУ за соседска политика...

Македонија19 часа

Францускиот сенат го ратификуваше Протоколот за членство во НАТО

Францускиот Сенат го усвои предлог-законот за ратификација на Протоколот за членство на Република Северна Македонија во НАТО. Предлог-законот беше усвоен...

Свет19 часа

Лајен: Длабоко жалам, но најверојатно и денеска нема одлука за проширување

Нема сигнал дека на состанокот на лидерите на ЕУ во Брисел ќе биде постигната одлука за процесот на проширување на...

Регион20 часа

(Видео) Борисов: Македонија е колку Софија, каков ризик може да биде?

Бугарскиот премиер Бојко Борисов пред почетокот на самитот на лидерите на ЕУ рече дека Македонија и Албанија треба да добијат...

Македонија21 час

(Видео) Пакети со хигиенски влошки ќе се донираат на сиромашни жени и девојчиња

Пакети со хигиенски влошки, кои граѓаните ги донираа денеска на собирен пункт во „Веро Центар“, ќе бидат поделени на жени...

Македонија22 часа

(Видео) Манчевски: Регистарот на населението ќе помогне за прочистување на Избирачкиот список

Регистарот на населението ќе биде алатка што ќе го помогне спроведувањето на пописот, а податоците од Регистарот ќе бидат искористени...

Македонија22 часа

Сивиот дом замина во историјата, децата од „Ранка Милановиќ“ сместени во групни домови

Во двата мали групни дома отворени денеска се згрижени децата што досега престојуваа во поранешната установа „Ранка Милановиќ“. Од денеска...

Топ24 часа

Скопјанец со пиштол на дијаболи сакал да ограби златарници во Охрид

Дваесет и тригодишен скопјанец со пиштол на дијаболи влегол во златарници во Охрид сакајќи да ги ограби. Според информациите на...

Македонија24 часа

(Видео) „Екогерила“: Масовна сеча на шума на Шара за да се градат хидроцентрали

Се опустошува шумата на Шар Планина, масовно се сечат дрвјата за да се градат хидроцентрали, апармираат невладините организации од Тетовскиот...

Топ1 ден

Расчистено убиството во Кочани – синот го избол татка си до смрт

Полицијата го расчисти убиството што се случи на крајот на септември во Кочани. Истрагата покажала дека синот со нож го...

Македонија1 ден

Заев-Тимерманс: ЕУ да донесе одлука за почеток на преговорите

Европската Унија сега треба да го направи одлучниот чекор и да донесе одлука за почеток на преговорите за пристапување во...

Европа1 ден

Постигнат договор за брегзитот

Договорот за брегзитот, конечно, е постигнат денес во Брисел, јавуваат странските медиуми. Велика Британија и ЕУ се согласија за новиот...

Македонија1 ден

Меркел: Се исплаќа на Северна Македонија и на Албанија да им се даде европска перспектива

„Мислам дека се исплаќа на Северна Македонија и на Албанија да им се даде европска перспектива“, порача германската канцеларка Ангела...

Досие