Контакт

Забава

Нобеловец тврди дека животот на друга планета е глупост

Објавено пред

Мајк Мејор и неговиот колега, исто така добитник на Нобеловa награда, Дидиер Квелоз, ја откриле во 1995 година првата егзопланета, која има сличен потенцијал со развојот на животот на Земјата.

Тие пресметале дека таа е на исто растојание како и Земјата, дека има своја ѕвезда и дека најверојатно има вода на неа.

Но, Мејор вели дека полагањето надеж во свет надвор од нашиот Сончев систем е глупава идеја.

„Ако зборуваме за егзопланети, работите треба да бидат јасни: ние нема да мигрираме таму. Овие планети се премногу далеку“, рече тој за агенцијата „Франс прес“.

Добитникот на Нобеловата награда по астрофизика смета дека човештвото треба да се фокусира на решавање проблеми на планетата Земја.

„Ние мора да се грижиме за нашата планета“, вели тој.

Климатските промени се забрзуваат со зголемувањето на нивото на јаглероден диоксид, со зголемувањето на нивото на морето, а глечерите се топат побргу од кога било, предупредуваат експертите. Ова мислење доаѓа од Светската метеоролошка организација, која учествуваше на самитот на ООН за климатски промени.

Забава

(Видео) Ѓоковиќ во Мелбурн го претстави новиот спаринг-партнер

Објавено пред

Во паузите од мечевите на Австралиан опен, за време на тренинг во Мелбурн, на Новак Ѓоковиќ му се придружи необичен спаринг-партнер, разигран лабрадор, подготвен за игра и дружење.

Најдобриот српски тенисер на својот профил на Твитер објави фотографија, на која се гледа дека друштво му прави разиграниот лабрадор, кој не умее да врати топче со рекетот, но умее да ја донесе.

„Човеку, сакам кучиња“, Новак кусо ја прокоментира дружбата.

Прикажи повеќе...

Забава

(Видео) Научници оживеаја глас на 3 илјади години стар египетски свештеник

Објавено пред

Научниците ја исполниja желбата на мумифицираниот египетски свештеник за живот по смртта, преку реплицирање на неговиот глас со вештачки гласни акорди, објави Би-би-си.

Гласот на Несјамун се репродуцираше како самогласен звук, кој потсетува на крвавење на овци.

Свештеникот живеел за време на политички нестабилното владеење на фараонот Рамс XI, помеѓу 1099 и 1069 година. Како свештеник во Теба, му требало силен глас за неговите ритуални должности, што вклучувало и пеење.

Кога тој умрел, неговиот глас замолкна, но по 3.000 години, тим истражувачи го вратија во живот. Тие го сторија тоа со производство на 3Д печатена говорна кутија, заснована на вокалниот тракт на Несјамун, која била скенирана за да се утврдат нејзините прецизни димензии.

Користејќи го гласовниот тракт со вештачки звук на ларинксот, тие синтетизирале звук на самогласките, чија цел е да биде слична на гласот на Несјамун.

Прикажи повеќе...

Наука

(Видео) Првпат снимено поврзување и раздвојување атоми

Објавено пред

Научници успеаја првпат во историјата да снимат видео со поврзување и раздвојување атоми, процес што се одвива на скала што е 500.000 пати помала од дијаметарот на човечкото влакно.

Користејќи напредни микроскопски методи, физичарите и хемичарите од Универзитетот „Улм“ во Германија и Универзитетот „Нотингем“ во Велика Британија беа во можност да го регистрираат поврзувањето, а потоа и раздвојувањето два атома со големина помеѓу 0,1 и 0,3 нанометри, пренесе „Скај њуз“.

За да го постигнат ова, тие користеле посебен микроскоп преку кој со високоенергетски тенок сноп од електрони може да се набљудуваат многу тенки примероци.

„Заробивме неколку атоми  рениум (Re), кои се здружија и формираа Re2. Бидејќи раниумот има висок атомски број, поедноставно беше да го видиме со нашиот микроскоп за разлика од некои полесни елементи, па секој атом од овој метал можевме да го регистрираме како темна точка“, објасни хемичарот Андреј Хлобјостов од Универзитетот „Нотингем“.

Инаку, рениумот е еден од најретките елементи во природата. Станува збор за многу цврст метал во сребрено-бела боја, кој има голема густина и висока точка на топење. Неговиот атомски број е 75.

Во видеото може да се види како двата атома на рениумот се спојуваат еден со друг, а потоа се движат и вибрираат пред да се разделат и да ја прекинат врската.

Прикажи повеќе...

Најново

Свет22 минути

Гутереш: Ја губиме војната против климатските промени, постои закана за опстанок на човештвото

Генералниот секретар на ОН, Антонио Гутереш оцени денеска во Давос дека светот продолжува да ја губи војната против климатските промени....

Свет2 часа

Вирусната болест во Кина не е вонредна глобална здравствена ситуација

Во седиштето на Светската здравствена организација, во Женева, беше одржан состанок на кој е одлучено дека вирусната болест во Кина...

Регион2 часа

(Видео) Маж се самоуби пред парламентот во Белград

Непознат маж, на околу 50-годишпна возраст, изврши самоубиство вечерва пред зградата на Собранието во Белград, соопшти српската полиција, пренесуваат српските...

Македонија4 часа

(Видео) Стаменковска: Фрчат дисциплински за тие што не се блиски до СДСМ, човек беше казнет што не вклучил греалка

Фрчат дисциплински постапки, незаконски распределувања и се подговуваат откази на административци кои не се партиски истомисленици на СДСМ, за да...

Европа6 часа

Смртоносниот корона вирус стигна во Европа, четири лица во карантин во Шкотска

Корона вирусот пристигна и во Европа. Британските медиуми пренесуваат дека најверојатно корона вирусот стигнал во Велика Британија, каде четворица кинески...

Македонија6 часа

(Видео) Со хипотека на имот од над 3 милиони евра, Камчев бара да му се вратат пасошите

Орце Камчев понудил хипотека на недвижен имот од над 3 милиони евра, за да му се вратат македонскиот и бугарскиот...

Македонија7 часа

(Видео) Таткото на исчезнатиот Арбен Аслани бара средба со Чулев

Таткото на исчезнатиот Арбен Аслани бара средба со техничкиот министер за внатрешни работи Наќе Чулев. Бекир Аслани вели дека и...

Македонија8 часа

ЕСЧП пресуди во корист на детето со попреченост, кое беше врзувано за кревет – државата системски потфрлила

Хелсиншкиот комитет за човекови права во 2015 година, во име на малолетниот Л. Р., лице со повеќекратна попреченост, поднесе апликација...

Топ9 часа

Скопјанец со тупаници го тепал едногодишното дете на својата партнерка

Триесет и четиригодишен скопјанец е обвинет дека физички го малтретирал едногодишното дете на својата партнерка. Според истрагата, тој го тепал...

Свет10 часа

Во Кина прогласен најголемиот карантин во историјата

Кинеските власти во средата прогласија најголем карантин во историјата за да спречат ширење на новиот корона вирус за кој во...

Свет11 час

Си-ен-ен: Откриен е изворот на корона вирусот

Изворот на новиот корона вирус, кој се појави во Кина, би можеле да бидат змиите кинеска кобра и кинески краит,...

Македонија12 часа

(Видео) Бојан Јовановски: Не играјте си со мојот живот, 55 пати сум носен во болница

Педесет и петпати сум носен во болница. Пред малигнитет сум. Ве замолувам, не играјте си со мојот живот, изјави денеска...

Свет12 часа

Кинеското министерство: Автобусите и траектите повеќе не одат во Вухан

Кинеското Министерство за транспорт го прекина целосно автобускиот и траектниот сообраќај кон градот Вухан поради епидемијата на вирусот корона, од...

Македонија12 часа

(Видео) Рочиштето за „Рекет“ одложено вторпат

Поради влошена здравствена состојба на адвокатите на ексшфицата на СЈО, Катица Јанева, Дељо Кадиев и Ирена Фрчкоска, вторпат се одложува...

Регион12 часа

По 20 дена, ослободени киднапираните грчки морнари

Осум члена на екипажот на грчки танкер се ослободени по 20 дена од киднапирањето од вооружени напаѓачи на брегот на...

Свет13 часа

СЗО денеска ќе одлучува дали ќе прогласи вонредна состојба

Светската здравствена организација (СЗО) денеска ќе донесе одлука дали да прогласи глобална вонредна состојба поради избувнување на новиот корона вирус,...

Македонија1 ден

Изгласан Законот за младински додаток: Младите до 23 години ќе добиваат по 3.000 денари за работа во производство

Вечерва во Собранието пратениците го изгласаа Законот за младински додаток по скратена постапка. Овој закон предвидува на младите до 23...

Македонија1 ден

Раскината концесијата за Охридското Езеро, Димковски тврди дека концесионерот ги кршел законите

Владата донесе одлука за раскинување на договорот за концесија за Охридското Езеро со концесионерот „Летница-Белвица“. Причината за оваа одлука, како...

Македонија1 ден

Костадинов: ВМРО-ДПМНЕ со 3.000 амандмани го блокира предлог-законот за отпис на камати

ВМРО-ДПМНЕ поднел 3.000 амандмани за предлог-законот за отпис на камати и репрограмирање на долгови и трошоци на јавните препријатија, за кој...

Македонија1 ден

ВМРО-ДПМНЕ ќе ја тужи Царовска за в.д. директорите во центрите за социјална работа

Опозициската ВМРО-ДПМНЕ најави дека ќе биде поведена постапка за злоупотреба на службена дожност против ексминистерката Мила Царовска поради тоа што,...

Досие