Забава
Новата девојка на Бред Пит многумина ја споредуваат со Амал Клуни
Бред Пит и Џорџ Клуни дојдоа на 81. Филмски фестивал во Венеција со своите партнерки. Бред со себе ја донесе својата 26-годишна девојка Инес де Рамон, а Џорџ дојде со сопругата Амал.
Откако четворицата се прошетаа на црвениот тепих пред премиерата на филмот Wolfs, во кој глумат Пит и Клуни, многумина на социјалните мрежи почнаа да пишуваат дека Инес и Амал неверојатно си личат.

„И Бред е со Амал“, „Зарем само мене ми изгледаат исто?“, „Бред ја најде истата девојка како Џорџ“, „Тие се како близначки“, се дел од коментарите.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
