Забава
Новата сезона на „Бриџертон“ доаѓа в петок

Милиони фанови го чекаат петок, 25 март, за да го гледаат продолжението на „Бриџертон“, една од најпопуларните серии на „Нетфликс“ на сите времиња.
Оваа историска драма од риџенси-ерата, која ги собори сите рекорди на гледаност во првата сезона, беше прогласена за најжешка серија на стримерот поради експлицитните сцени. Главниот актер Реџе Жан Пејџ ги освои срцата на илјадници жени, но тој нема да се врати во улогата на војводата од Хејстингс во оваа сезона, на која, најверојатно, ќе ѝ недостига еротика.
Оние што очекуваат жешки сцени и голотија би можеле да бидат разочарани, велат професионалните критичари во рецензиите што веќе ги објавија некои медиуми.
Иако во срцето на серијата е љубовна приказна, овој пат помеѓу Ентони Бриџертон (Џонатан Бејли) и Кејт Шарма (Симон Ешли), таа е бавна и напната наспроти фаталната привлечност и хемија помеѓу војводата од Хејстингс и Дафне.
Првата сезона докажа дека кога станува збор за сексуални монтажи, Шонда Рајмс знае како да го направи тоа. Во една од најкоментираните сцени, со оркестарска верзија на Wildest Dreams на Тејлор Свифт во заднина, Сајмон и Дафне си ги истражуваа телата на меден месец дома.
Всушност, ваквите сцени донесоа висока гледаност.
Но, критичарите го делат мислењето дека и продолжението има многу што да понуди. Тие главно ја оценија серијата со четири ѕвезди фалејќи ги добредојдената несериозност и гламурот во мрачните времиња.
Дејството на серијата е сместено во Лондон од 19 век. Продуцент е Шонда Рајмс, зад која стојат голем број успешни серии, меѓу кои и „Вовед во анатомија“.
Втората сезона ја следи втората книга во книжевниот серијал „Бриџертон“ на Џулија Квин, со наслов „Виконтот што ме сакаше“ (The Viscount Who Loved Me).
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Забава
Наоми Кембел воодушеви со својот изглед во Кан, но момчето со кое дојде останува енигма

Меѓу многуте ѕвезди што годинава дојдоа на Канскиот филмски фестивал е и славната манекенка Наоми Кембел.
Наоми пред три дена пристигна во Франција, а папараците ја уловија во градот Антиб, каде што престојува со маж, чиј идентитет не е познат.
Со неа и со непознатиот маж е и нејзината едногодишна ќерка, која вешто ја крие од очите на јавноста. Тие беа фотографирани додека шетаат во лежерно издание.
Инаку, таа се појави и на црвениот тепих во раскошна креација на модната куќа „Валентино“ привлекувајќи ги погледите на присутните.
Човекот со кој шеташе низ градот не се појави со неа на црвениот тепих.
Да потсетиме, Наоми минатата година стана мајка и ги изненади сите со веста дека се породила бидејќи не се знаело ни дека е бремена. На почетокот на оваа година манекенката откри дека ќерка ѝ не е посвоена, како што многумина шпекулираа. Сепак, Наоми сè уште не открила кој е таткото на девојчето.
Забава
Џони Деп на суд: Тврдењата на Херд се сурови и лажни

Актерот Џони Деп во средата повторно сведочеше во рамките на судскиот спор против поранешната сопруга Амбер Херд.
Деп се врати како сведок за да го побие тврдењето на Херд во судската битка за клевета потенцирајќи дека наводите за злоупотреба што таа ги изнесе против него се незамисливо брутални, сурови и лажни.
Ѕвездата на „Пиратите од Карибите“ (58) ја тужи Херд и бара отштета од 50 милиони долари бидејќи го клеветела кога тврдела дека трпи семејно насилство. Херд (36) поднесе контратужба за 100 милиони долари поради тоа што Деп и неговиот адвокатски тим ја нарекуваат лажга.
Во средата Деп и неговите адвокати се обидуваа да го побијат сведочењето на Херд дека физички и сексуално ја малтретирал повеќепати пред и за време на нивниот брак, кој заврши во 2017 година.
Забава
Деми Ловато најавува нов сингл

Деми Ловато соопшти дека ќе објави нов сингл, Skin of My Teeth.
Хитмејкерката ги потврди шпекулациите на социјалните мрежи дека ќе го објави главниот сингл на својот осми студиски албум – кој има исто име како и водечката нумера – и покрај тврдењата дека ја остава музиката зад себе.
Откако еден фан напиша на „Твитер“: „Skin of My Teeth е водечка според улиците“, тоа предизвика коментар од друг фан, кој праша: „Која улица“. Коментарите го привлекоа вниманието на поп-ѕвездата, која се приклучи, пишувајќи: „Мојата улица“.
Деми претходно откри дека многу се гордее на новата музика што ја создава додавајќи дека е апсолутна најдобра досега.