Контакт

Hitech

Новиот „самсунг галакси С10“ ќе има верзија и со рамен екран

Објавено пред

Корејската компанија „Самсунг“ планира на почетокот од следната година да претстави нови модели на мобилни телефони од серијата „галакси С“. За разлика од актуелните С9 и С9+, моделот С10 ќе има три  верзии, од кои две ќе имаат закривен, а една рамен екран.

Големината на екранот не би требало да се разликува од моделите на С9-серијата. Така, помалите модели ќе го задржат екранот од 5,8 инчи, а поголемите ќе имаат дијагонала од 6,2 инчи. Моделот со рамен екран се очекува да има екран од 5,8 инчи.

Во однос на екраните, треба да се наведе и дека за новата „галакси С10“ линија, „Самсунг“ подготвува нова генерација на ОЛЕД-екрани за кои се користи работниот назив M9. Според изворите, за изработка на M9-екраните се користат нови форми на органски материјали, од кои некои ќе бидат набавени и од нови фабрики – црвените ќе ги испорача американската Dow Chemical, а сините материјали SFC Chemicals, исто така од САД.

Со тоа без ангажман остануваат Duksan Neolux (црвени) и Idemitsu (сини), кои ги обезбедуваа наведените материјали за производство на органски светлосни диоди во М8-екраните користени кај С9, С9+ и ноут 9. Зелениот материјал за изработка на ОЛЕД-екраните ќе продолжат да го обезбедуваат Nippon Steel и Samsung SDI.

Hitech

Новиот „ајфон“ непријатен за луѓе кои имаат фобија од дупки

Објавено пред

Луѓето кои имаат фобија од мали дупки тврдат дека дизајнот на новиот „ајфон 11 про“ го активира ваквиот страв.

На претставувањето на новиот телефон во вторникот, вниманието на јавноста го привлече ултра широката задна камера, со три леќи поставени блиску една до друга.

Стотици корисници на паметни телефони сега тврдат дека новиот дизајн ја активирал нивната „трипофобија“, што претставува аверзија од гледање во мноштво од мали дупки, пишува Би-би-си.

Терминот „трипофобија“ првпат беше споменат во 2005 година на онлајн платформата „Редит“ и оттогаш за него многу се дебатира на социјалните мрежи.

Актерката во „Американ хорор стори“ Сара Полсон и манекенката Кендал Џенер се меѓу познатите личности кои тврдат дека страдаат од ваква состојба.

Пред извесно време научници од Универзитетот во Есекс ја спроведоа првата комплетна научна студија за трипофобија.

Тие констатирале дека гледањето во мали дупки кај некои луѓе може да предизвика екстремни последици. Така некои од испитаниците повраќале, а други рекле дека неколку денови не биле во состојба да одат на работа.

Прикажи повеќе...

Hitech

(Видео) Возач и совозач во „тесла“ спијат додека автомобилот вози со 100 на час

Објавено пред

На интернет се распространи снимка од возач и совозач во електричен автомобил „тесла“ кои спијат додека возилото се движи по автопат со брзина од околу 100 километри на час.

„Бев изненаден кога ги видов. Возев покрај нив, возачот спиеше со спуштена глава, а рацете му беа на воланот. Им свирев за да ги предупредам, но тие не реагираа. Изгледаа како да се преморeни“, раскажува Дакота Рандал, кој го снимил видеото и го објавил на „Твитер“, пренесува хрватски „Индекс“.

Иако електричните возила на „Тесла“ имаат функција за автономно возење, позната како автоплот, компанијата ги предупредува возачите да бидат будни додека возат и да ги држат рацете на воланот.

Фактот дека автомобилот има автономно управување не значи дека треба да вози без надзор и контрола на возачот.

Прикажи повеќе...

Hitech

Бил Гејтс: Најголемиот страв ми е дека мозокот ќе престане да ми работи

Објавено пред

Најголем страв на американскиот милијардер, Бил Гејтс, е дека мозокот ќе престане да му работи.

Гејтс ова го кажа во новиот документарец на „Нетфликс“ во три дела, наречен „Во мозокот на Бил: Декодирање на Бил Гејтс“.

Во неодамна објавената најава за овој филм, чиј режисер и извршен продуцент е Дејвис Гугенхајм, се обелоденува дека неговата тематиката е да открие што се случува во главата на вториот најбогат човек во светот, која неговата сопруга Мелинда Гејтс ја нарекува мултипроцесор.

Мелинда вели дека Гејтс цвета во комплексни ситуации.

„Тој прави рамка во својот ум и тогаш почнува да ги сортира информациите. Ако нешто не се вклопува, навистина се фрустрира“, објаснува госпоѓа Гејтс.

Прикажи повеќе...

Најново

Европа1 час

Макрон: „Жолтите елеци“ ме наведоа подобро да ги слушам луѓето

Францускиот претседател Емануел Макрон откри дека кризата со граѓанското движење „Жолти елеци“ на некој начин била добра за него, бидејќи...

Свет3 часа

Трудо среде скандал, најмалку трипати се маскирал како црнец

Канадскиот премиер Џастин Трудо денеска западна во голем скандал. Утрово беше објавена негова стара фотографија на која тој е облечен...

Македонија8 часа

Обвинение против ексградоначалник на Демир Хисар, незаконски вработувал луѓе

Битолското Обвинителство поднесе обвинение против три лица за незаконски вработувања. Обвинети се поранешен градоначалник на Демир Хисар, раководител на Центарот...

Македонија8 часа

(Видео) Трајанов: Со една изборна единица ќе се стави крај на прелевањето на гласовите на малите партии

Претседателот на Демократскиот сојуз, Павле Трајанов, рече дека очекува поддршка со консензус на иницијативата за промена на Изборниот законик да...

Македонија9 часа

Судењето за „Талир 2“ повторно одложено

Судењето за предметот „Талир 2“ на СЈО, судијката Даниела Алексова-Стојановска го одложи за 15 октомври. Причина за одлагањето е доуредување...

Регион9 часа

Mакедонски државјанин фатен при шверц на антички предмети на граничниот премин Прешево

Српските цариници во соработка со полицијата, во вторникот, 17 септември, на граничниот премин Прешево спречија обид за шверц на антички...

Топ10 часа

Обвинение и за девојката што учествувала во убиството на Пино Секондо

Обвинителството поведе обвинение и против девојка од Скопје за која се смета дека е соизвршител во убиството на Пино Секондо,...

Македонија10 часа

Палмер: САД се надеваат дека Северна Македонија ќе ги почне преговорите во октомври

Специјалниот претставник на државниот секретар на САД за Западен Балкан, Метју Палмер, вели дека очекува Северна Македонија да ги почне...

Топ11 час

Тракторист загина во сообраќајна несреќа на патот Струга – Дебар

Четириесет и осумгодишен тракторист од струшкото село Велешта загина во сообраќајна несреќа што се случи синоќа на регионалниот пат Струга...

Свет12 часа

Обелоденети 76 милиони податоци од Mинистерството за внатрешни работи на Австрија

Во Министерството за внатрешни работи на Австрија, според информациите од интернет-страницата „Буре без дно“, дошло до масивно обелоденување полициски податоци....

Свет12 часа

(Видео) Уапсен маж кој пукаше и го блокира стратешкиот мост во Киев

Украинските специјални сили уапсија вооружен маж кој го блокира стратешкиот мост во Киев и се закани дека ќе предизвика експлозија...

Свет12 часа

Њујорк и Мичиген ги забранија ароматизираните електронски цигари

Њујорк е првата сојузна американска држава која забрани продажба на ароматизирани електронски цигари по речиси 400 случаи на сериозни болести...

Македонија13 часа

Собранието ја почнува расправата за ребалансот на буџетот

Во Собранието од денеска почнува расправата по ребалансот на буџетот за 2019 година. Предлогот за изменување и дополнување на Буџетот...

Македонија13 часа

Здружението Е.Д.Е.Н. предлага субвенционирање фотоволтаици за борба против загадувањето

Според извештајот на Европската агенција за животна средина објавен во 2018 година во земјава околу 3.000 смртни случаи годишно се...

Спорт1 ден

Македонец станува селектор на светските шампиони САД?

Македонецот Влатко Андоновски, тренерот на НВСЛ тимот Рејн ФЦ е главен кандидат да стане нов тренер на светските шампиони во...

Македонија1 ден

Продолжен притворот на Катица Јанева

Судот ѝ го продолжи притворот на поранешната специјална јавна обвинителка Катица Јанева, која е осомничена во случајот „Рекет“ на Основното јавно...

Македонија1 ден

Со лажна диплома од Приштина работел како професор по математика во Куманово

Педесет и едногодишен маж со фалсификувана диплома од универзитет во Приштина, Косово, се вработил како професор по математика во основно училиште во...

Македонија1 ден

Ексминистерот за правда, Беџети, одбил да ја потпише екстрадицијата за обвинети во „Монструм“

Ексминистерот за правда од ДУИ, Блерим Беџети, одбивал да го потпише барањето за екстрадиција за двајцата обвинети во „Монструм“, Африм...

Македонија1 ден

Случај „Монструм“: во судницата се слушаат разговори во врска со настанот на луѓе блиски до Груевски

Приватни и несуштински разговори беа пуштени во 13 од 25 бомби во судницата за случајот „Монструм“. Во разговорите се слушаат...

Македонија1 ден

(Видео) Филипче: Полицајци ќе патролираат кај најкритичните здравствени објекти

Министерот за здравство, Венко Филипче, го поддржа денешниот протест на здравствените работници против насилството врз нив. Тој рече дека почнале...

Досие