Забава
Новиот филм за Вили Вонка регрутира ново актерско трио

Филмот „Вонка“ пронајде уште неколку протагонисти. На Тимоти Шаламе како титуларен лик ќе му се придружат Роуан Аткинсон („Мистер Бин“), Сали Хокинс („Обликот на водата“) и Оливија Колман („Круната“).
Претстојниот филм, насловен „Вонка“, е претходник на класикот „Чарли и фабриката за чоколади“ и се фокусира на раниот период од животот на ексцентричниот чоколадер Вили Вонка.
Режисер на претстојниот филм е Пол Кинг („Падингтон“) . Дејвид Хејман, кој соработуваше со Кинг на „Падингтон 2“, а претходно работеше на филмовите од франшизата „Хари Потер“ ќе биде копродуцент заеднос со Лук Кели.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Забава
Памела блеска во црвено на премиерата на својот документарец

Памела Андерсон го преиспита својот култен изглед во црвено на синоќешната премиера на својот документарен филм „Памела: Љубовна приказна“ во Лос Анџелес.
На актерката (55) ѝ се придружија синовите Брендон Томас (26) и Дилан Ли (25) од бракот со поранешниот сопруг Томи Ли.
Поранешната плебој-зајчица и ѕвезда на ТВ-серијата Baywatch („Чувари на плажата“) ги покажа својата беспрекорна фигура и затегнатите раце во тесен црвен фустан до подот.
И документарниот филм Pamela: A Love Story и нејзините долгоочекувани мемоари Love, Pamela ќе бидат објавени во вторник.
Документарецот, кој ќе се емитува на платформата „Нетфликс“, содржи искрени признанија за нејзините шест неуспешни брака, а го продуцираа нејзините синови Брендон и Дилан Ли. Според некои медиуми, токму тие ја убедиле да ја сподели својата животна приказна.
Познатата чуварка на плажата од времето на хит-серијата.
Забава
Присила Присли го оспорува тестаментот на ќерката Лиза Мари

Присила Присли, поранешна сопруга на легендата на рокенролот Елвис Присли, поднесе правно барање да ја оспори валидноста на тестаментот на нивната покојна ќерка, објави Би-би-си.
Лиза Мари Присли, единственото дете на парот, почина на 12 јануари на 54-годишна возраст од срцев удар.
Со поднесокот до судот се оспорува дополнувањето на тестаментот на Лиза Мари од 2016 година со кое Присила е отстранета како управител на имотот.
Според адвокатите на Присила, нејзиното име е погрешно напишано на документот и потписот изгледа необичен. Во поднесокот пред Врховниот суд во Лос Анџелес адвокатите на 77-годишната Присила тврдат дека таа станала свесна за наводната измена од 2016 година дури по смртта на Лиза Мари.
Дополнувањето на тестаментот ги отстранува Присила и поранешниот деловен менаџер Бери Сигел како коизвршители и ги заменува со нејзините деца Рајли (33) и Бенџамин Киу. Бенџамин почина во 2020 година на 27-годишна возраст.
Забава
Внукот ќе го игра Мајкл Џексон во биографскиот филм за кралот на поп-музиката

Џафар Џексон доби улога на својот покоен чичко, Мајкл Џексон, во претстојниот биографски филм, кој ќе го документира животот на поп-пејачот.
Џафар, кој е син на Џермејн, братот на Мајкл Џексон, е најавен како дел од актерската екипа на филмот.
Антоан Фукуа, кој го режира биографскиот филм „Мајкл“, рече дека е „се гордее што го најавува Џафар како Мајкл и дека тоа е кинематографски настан што го истражува патувањето на човекот што стана крал на попот“.
Датумот на премиера на „Мајкл“ сè уште не е објавен, но Фукуа напиша дека „доаѓа набргу“.
Џафар на социјалните мрежи напиша:
„Чест ми е што можам да ја оживеам приказната на мојот чичко Мајкл. До сите фанови во светот, се гледаме набргу“.
I’m humbled and honored to bring my Uncle Michael’s story to life. To all the fans all over the world, I’ll see you soon.
Photo by Jourdynn Jackson pic.twitter.com/Xow9Mkakup— Jaafar Jackson (@JaafarJackson) January 30, 2023