Забава
Новите сопственици на зоолошката од „Кралот на тигрите“ треба да ги предадат младенчињата

Новите сопственици на приватна зоолошка градина со тигри во Оклахома, прикажана во хит-документарецот Tiger King на „Нетфликс“, добија наредба да ѝ ги предадат на сојузната влада сите тигарчиња и нивните мајки.
Случајот е поднесен против Џеф и Лорен Лоу, сопственици на паркот со егзотични животни Greater Wynnewood. Тие се обвинети за кршење на Законот за загрозените видови и Законот за благосостојба на животните.
Џеф Лоу е поранешен деловен партнер на Џо Егзотик, ексцентричниот крал на тигри, кој беше главна sвезда на документарецот.
Егзотик, кому вистинско име му е Џозеф Малдонадо-Пасаж, во моментот издржува 22-годишна казна затвор за вмешаност во заговор за убивање и злоупотреба на животни.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Забава
Совршен зимски стајлинг: Оливија Палермо на прошетка во Њујорк

Таа стана славна личност благодарение на популарното реалити-шоу The City („Градот“) кое почна да се емитува на „Ем-ти-ви“ во 2008 година.
И повеќе од една деценија подоцна Оливија Палермо таа слава ја искористи како моден инфлуенсер и популарна блогерка која поставува модни трендови.
Во четвртокот таа беше забележана како ги покажува своите модни акредитиви на секојдневна прошетка во Њујорк во џемпер во боја на камила и син капут – урбана и гламурозна икона на стилот – коментираат таблоидите.
Каде и да оди, на прошетка или на модна свеченост, таа секогаш изгледа беспрекорно.
Модната инфлуенсерка (35), која ја нарекуваат модна икона на денешницата, е основачка на групацијата „Оливија Палермо“.
Палермо е едно од најфотографираните лица во светот на модата и важи за трендсетерка чиј стил го копираат илјадници девојки од целиот свет.
Има над 6.5 милиони следачи на социјалните мрежи и редовно објавува тренди облека, дизајнерски креации и лајфстајл-производи. Нејзиниот моден стил одушевува поради урбаната елеганција и умешното спојување на различни стилови.
Забава
Лиам Нисон ќе ги пречека кино-посетителите на премиерата на „Марксмен“

Љубителите на филмот се подготвуваат за повторно отворање на киносалите во Њујорк викендов, а можеби ќе ги пречека познато лице: Лиам Нисон.
Тој, наводно, лично ќе ги поздравува луѓето кои ќе дојдат на премиерното прикажување на неговиот филм „Марксмен“.
„Холивуд репортер“ објави дека 68-годишниот актер ќе биде присутен да ги поздрави љубителите на филмот на плоштадот „АМЦ Линколн“ на горната западна страна на Њујорк во петок навечер пред да започнат прикажувањата.
Актерот ја прими првата доза од вакцината против Ковид-19, и откри во едно интервју неодамна дека со нетрпение го очекува незаборавното искуство.
„Ова треба да се напише во дневник. Ќе биде убаво да ги пречекувам луѓето. Мислам дека одењето во кино е еден вид свето искуство. Така се чувствував уште како дете,“ рече тој.
Забава
Адвокатот на Меган Маркл: Бакингемската палата ја користи приказната на „Тајмс“ за ширење лажен наратив пред интервјуто за Опра

Во минатото кралското семејство беше познато по тоа што одржуваше внимателна дистанца од популарниот печат, ретко се занимаваше со шпекулации и новинарски статии. Оваа недела, сепак, во изненадувачки потег, Бакингемската палата веднаш и директно реагира на обвинувањата протов војвотката од Сасекс изнесени во „Тајмс“.
Палатата почна истрага за наводите на весникот дека војвотката од Сасекс малтретирала членови на персоналот пред таа и принцот Хари да ги напуштат кралските должности. Тим за човечки ресурси детаљно ги истражува наводите и ќе стапи во контакт со лица што во тоа време работеле во палатата.
Војвотката од Сасекс живееше во палатата Кенсингтон речиси една година по венчавката со принцот Хари во 2018 година и според приказната во британски „Тајмс“, формалната жалба била поднесена преку електронска пошта во октомври 2018 година од Џејсон Кнауф, нивен тогашен секретар за односи со јавноста.
Портпаролот на Меган Маркл во својата најнова изјава наведува: „Војвотката многу ја натажи овој последен напад врз нејзиниот лик, особено како некој што бил цел на малтретирање и е длабоко посветен на поддршка на оние што доживеале болка и траума. Таа е решена да продолжи со својата работа градејќи сочувство во целиот свет и ќе продолжи да се стреми да дава пример правејќи го она што е исправно и што е добро“.
Адвокатите на Хари и Меган изјавија за „Тајмс“ дека целата сторија се користи од страна на Бакингемската палата за ширење целосно лажен наратив пред интервјуто за Опра.
Според портпаролот, сето ова е калкулирана клеветничка кампања, која се темели на штетни дезинформации. „Разочарани сме што гледаме дека на овој клеветнички приказ на војвотката од Сасекс му е даден кредибилитет од страна на еден медиум“.
- Книги3 месеци
Македонски лекар ја објави последната исповед на Јосип Броз Тито
- Македонија3 месеци
(Видео) Отстранети два нелегално изградени објекта во општина Центар
- Македонија2 месеци
Возачот на „бентлито“ што „влета“ на плоштад казнет со 45 евра, објавена фотографија од записникот
- Регион2 месеци
(Видео) Прекината прес-конференција на градоначалникот на Бања Лука: „Луѓе ова е сериозен земјотрес“
- Регион2 месеци
(Видео) Снимен моментот на потресот во Петриња – луѓе не можат да се задржат на земјата
- Европа2 недели
Планот за отклучување на Германија протече во медиумите, Меркел: Имаме трет бран
- Свет1 месец
Поради примање мито во Кина погубен поранешен државен функционер
- Економија3 недели
Сите брендови на Индитекс доаѓаат во „Ист гејт мол“