Забава
Новите тетоважи на Анџелина Џоли не и го спасија бракот

Не е тајна дека холивудската актерка Анџелина Џоли е голем љубител на тетоважи и дека досега своето тело го има украсено со најмалку 15 цртежи.
Неколку месеци пред разводот, Анџелина и Бред го повикале познатиот тату мајстор Ајам Ну Канпаи во Камбоџа со намера да направат тетоважи кои ќе ги поврзат како маж и жена и ќе го зацврстат нивниот брак, пишува Daily Mail.
Во февруари 2016 година, холивудската актерка, која во Камбоџа го режираше нејзиниот филм „Прво го убија татко ми“, со авион го донесе тату-мајсторот од Бангкок за да направи симболични тетоважи за неа и за Бред.
Истиот тату-мајстор, поранешен тајландски монах, пред повеќе од една година ѝ ја дополнил тетоважата на грбот, а сега фотографиите се појавија и на социјалните мрежи. Бред Пит во меѓувреме истетовира будистички симбол.
Иронично, дизајнот на тетоважата на поранешната двојка беше наменет „да ги поврзе симболично како маж и жена“, но нивниот брак не го издржа тестот на времето.
Неколку мееци подоцна тие објавија дека дошол крај на нивната љубовна идила. крај/мф/вс
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Забава
Скриени фетиши на секој од хороскопските знаци

Според астролозите, ѕвездите го одредуваат и однесувањето во креветот.
Кои се најголемите фетиши на секој од хороскопските знаци.
Овен
Овните најмногу ги возбудува ненадеен утрински секс и кога некој силно ќе ги повлече за коса за време на сексуалниот однос.
Бик
Биковите обожуваат бакнежи по вратот и чоколадо. Бидете креативни и искомбинирајте ги двете.
Близнаци
Секс на брзинка и орален секс е она во кое најмногу уживаат Близнаците. Фетиш им се и сексуалните играчки.
Рак
Раковите најмногу сакаат допири по стомакот и градите.
Лав
Лавот сака груб секс и комплименти. Никогаш немојте да заборавите да го пофалите сексуалното знаење на Лавот – тоа е неговиот најголем фетиш!
Девица
Девицата го крие својот најинтимен фетиш, а тоа е врзувањето и лисиците.
Вага
Ништо не ја возбудува Вагата како страсни допири по задникот.
Шкорпија
Фетиш на овој хороскопски знак е секс во вода и на јавно место.
Стрелец
Предложете му каква било сексуална авантура и возбуда, и веднаш ќе го откриете неговиот сексуален фетиш.
Јарец
Јарците обожуваат секс на големи височини. Омилено место за секс би бил пикник во планина.
Водолија
Фетиш на Водолијата во кревет е групен и телефонски секс. Ако се впуштите во страстен секс со Водолијата, слободно употребете сексуални играчки – сигурно нема да погрешите.
Риби
Хороскопскиот знак Риби сака да се снима за време на сексуалните игри, а најмногу уживаат кога некој им ги допира стапалата.
Забава
Доли Партон верува дека флертувањето со други мажи е здраво за бракот: „Не сме љубоморни и никогаш не сме се изневериле сексуално“

Пејачката Доли Партон има зачинет отворен брак со сопругот Карл Томас Дин (56). Таа имала само 18 години кога го запознала 21-годишниот Карл, а парот набрзо се венчал во 1966 година.
Иако никогаш не добиле деца, таа помогнала во одгледувањето на неколку нејзини помали браќа и сестри, како и внуки и внуци.
А тајната за толку долг, среќен брак? Очигледно флертувањето со други луѓе било дозволено. Кралицата на кантри музиката Доли признава дека мажите се нејзината слабост, но вели дека Карл знае дека е лудо вљубена во него. Пишувајќи во своите мемоари од 2017 година таа призна:
„Тој не е љубоморен и не сум му љубоморна. Тој знае дека флертувам. И тој флертува. Да, тоа е отворена врска, но не и сексуална и би го убила ако воопшто мисли да го направи тоа. И тој мене. На крајот на денот, лудо се сакаме“.
Доли сака да изгледа што е можно подобро за својот маж. Зборувајќи за „Е!“, таа објасни:
„Секој ден се шминкам и ја поправам косата затоа што си мислам: ‘Па, цел свет има можност да ме види цела дотерана, а јас не сакам да му изгледам лошо кога сум тука дома. Важно ми е да изгледам најдобро’. Мислам дека тој став помага нештата да останат зачинети“, рече таа.
Во една прилика за „Дејли Мејл“ го призна следново:
„Мажите ми се слабост. Низок, дебел, ќелав или слаб – се заљубувам во многу необични мажи, но Карл знае дека секогаш ќе се вратам дома и нема да сум интимна со овие луѓе – само флертувам и се забавувам“.
Иако никогаш физички не го изневерувала својот маж, Доли признала дека се впуштила во катастрофална емоционална афера. Таа сфатила дека има чувства кон маж чиј идентитет никогаш не го открила, што отишло предалеку.
Забава
(Видео) Сите луксузни вили на Новак Ѓоковиќ

Најдобриот тенисер на светот, Новак Ѓоковиќ дел од парите од својата плодна кариера ги вложи во недвижнини, па ги има многу ширум светот, пишува „Б92“.
Новак Ѓоковиќ моментално се одмара со семејството во својата вила во Марбела која чини 10 милиони евра и е нивна сопственост од 2020 година.
Њујорк
Новак поседува два пентхауса во „Големото јаболко“, за кои платил 10 милиони долари. Тие се наоѓаат во населбата Сохо, а архитектот Ренцо Пијано ги дизајнирал така што зрачат со луксуз.
Мајами
Њујорк не е единственото место каде што Ѓоковиќ поседува недвижен имот, со оглед на тоа што светскиот рекет број еден си создаде оаза и во Мајами. Куќата е со големина од 35 хектари и има поглед на океанот. Бидејќи никогаш не сакале да живеат таму, го купиле имотот за 5 и го продале за 7,15 милиони.
Космај
Купиле куќа и на Космај која чини 2,9 милиони, но веднаш решиле да ја реновираат. Парцелата на која ја купиле куќата се простира на неколку хектари.
Херцег Нови
Новак Ѓоковиќ купи луксузен имот и во новоотворената населба Порто Нови за 10 милиони евра. Сигурно сте обрнале внимание каде семејството Ѓоковиќ ги поминува летните паузи меѓу турнирите, а најчесто тоа е токму во црногорската луксузна населба. Не е непознато дека Новак и Јелена за сите семејни веселби ја избираат Црна Гора, па често летуваат во овој комплекс.
Монако
Може да се каже дека Новак најмногу инвестирал во недвижнини во Монако. Тој има имот во Монте Карло, кој е свртен кон Средоземното Море. Не е познато колку точно пари вложил во него.
Белград
Тенисерот број еден во главниот град на Србија поседува пентхаус во луксузната населба Вест 65, кој го платил 545.000 евра. Една од работите што ја имаат во него е тераса од 100 метри квадратни со базен.
Павловачко езеро
Семејството Ѓоковиќ има и вила покрај Павловачкото езеро, во близина на Рума. Величествениот објект има 1.200 квадратни метри, а самиот имот е со големина од неколку хектари.
Откако се појави информацијата дека најдобриот тенисер на светот ја избрал оваа дестинација за инвестирање, цените на земјиштето пораснаа на овие простори.