Контакт

Забава

Нов рекорд на голи пливачи, 2505 голи жени се собраа на плажа во Ирска

Објавено пред

Илјадници голи жени се собраа на плажа во Ирска за да го надминат рекордот во светот за најголема група на голи жени кои пливаат во морето.

Настанот се одржа во петокот на плажата “Магермормор” во Виклоу. Жените од цела Ирска и пошироко се собраа во обид да создадат најголемо масовно и голо пливање. Фотографиите покажуваат море со голи тела кои трчаат во водата, оставајќи купови облека на плажата зад нив.

Претходниот светски рекорд беше поставен во март 2015 година, кога 786 луѓе се собраа во Перт, Австралија. Финска, исто така, тврдеше дека има најголем собир на голи тела, кога 789 тела се соблекоа на музички фестивал во 2017 година.

Овие жени на ирската плажа, лесно го надминаа рекордот, со 2.505 лица кои се соблекоа и трчаа во морето.

Настанот има хуманитарен карактер, со цел да се соберат пари за деца кои боледуваат од канцер. Голем дел од голите жени, боледуваат од канцер.

Забава

„Лего“ влезе во Гинисовата книга на рекордите

Објавено пред

„Лего“ влезе во Гинисовата книга на рекордите благодарение на расцветаното дрво со цреши изработено во природна големина од минијатурни лего-коцки. Со оглед на тоа дека цветот од цреша е симбол на новиот живот на Истокот, ова дрво е склопено и поставено во леголенд во Нагоја во сезоната на ханами, традиционален обичај за уживање во цветот на црешата.

За изработка на дрвото „Лего“ искористил 881.470 коцки, а за склопување на дрвото биле потребни повеќе од 6.500 часа. Ова величествено дрво е високо околу 4 метри, направено е од зелена основа, големи гранки, крошни со цветови и украсено е со лампиони што го осветлуваат ноќе.

 

Прикажи повеќе...

Забава

Учителка доби отказ поради фотографии во костим за капење

Објавено пред

Од

Учителка во Русија доби отказ поради фотографии споделени на „Инстаграм“, на кои позира во костим за капење за плуз-сајз девојки.

Викторија Попова доби голема поддршка од јавноста откако руските медиуми ја објавија приказната за отказот кој го добила во училиштето поради, како што посочиле, лошата репутација која му ја донела на училиштето и на својата професија.

Иницијатори за отказот биле лутите родители на нејзините ученици кои ги виделе фотографиите на социјалните мрежи.

„Со ширењето на несериозни фотографии на интернет за да се промовира бизнис проект, бесповратно му наштети на угледот на училиштето. Го прекрши кодексот на однесување во училиштето кое поддржува морал и етика“, изјавија од Градското собрание на Омск.

Сепак, Викторија не се согласува со таквото објаснување.

„Не разбирам за што ме обвинуваат. Не позирав во долна облека или во чорапи. Па зарем не знаат за американскиот пин-ап стил од педесеттите? Луѓето денес се фотографираат. Позираат на одмори и споделуваат фотографии на социјалните мрежи. Ова беше само реклама за костим за капење“, изјави учителката.

Таа доби поддршка од повеќе од три илјади луѓе на Инстаграм, кои ги споделуваа нејзините фотографии во костими за капење со хаштагот „И учителите се луѓе“.

Прикажи повеќе...

Забава

Струга денеска ќе биде центар на електронската музика

Објавено пред

Од

„Дримон фестивал“ и „Десонанц фестивал“ денеска со почеток во 22 часот организираат целовечерен настан во Струга. Во склопот на овој настан ќе настапат 8 диџеи на два стејџа и афтер на брод сè до утринските часови. Покрај британскиот диџеј Иниго Кенеди, ќе настапат и македонските диџеи Андреас Херц, Клара, Митрик, Меги, Оги, Боби, Кроном.

Главната сцена на која ќе настапи гостинот од Англија и нашите Андреас Херц, Клара и Митрик ќе биде сместена во големиот хангар што се наоѓа во комплексот од центарот за култура во Струга, а на летната сцена ќе биде сместен вториот стејџ, каде што ќе има настап на Боби и Оги до полноќ. На врата ќе може да се купат беќезици за афтер на бродот за кој ќе биде организиран и автобуски превоз до локацијата за кој се планирани Меги и Митрик.

Кенеди претставува икона во светот на електронската музика со над 100 музички изданија и две децении активна инволвираност во британската и интернационалната сцена, како и актуелно име што често можете да го сретнете во програмите на елитните технохрамови во светот, како: „Фабрик“, „Бергхајн“, „Трезори“ сл. Како музичар и продуцент неговата иновативност и уникатен пристап се легендарни со каталог на изданија на водечките техноетикети како „Токен“, „Семантика“ и неговата сопствена издавачка куќа „Асиметрик“. Долгогодишното искуство и високите стандарди на селекција ги прават неговите сетови незаборавни патувања на подиумот. Билети во претпродажба во строго ограничен број ќе може да се набават преку продажните мрежи на mktickets.mk и karti.com.mk и пред почетокот на настанот на врата.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија5 часа

(Видео) Архитектите не сакаат да проектираат болница за 12 денари по квадрат, Филипче ги повикува на дискусија

Тендерот што го распиша Министерството за здравство на кој се бара идејно решение за нова градска болница на местото на...

Македонија6 часа

(Видео) Димитров: Сите ја сакаме татковината и сакаме да го зачуваме идентитетот

Предлог-законот за ратификација на договорот за решавање на спорот за името e пред Комисијата за европски прашања, каде што расправата...

Македонија8 часа

Жителите на Тимјаник го намалиле отпорот за отворање мал групен дом во нивното село

Месното население во Тимјаник, една недела подоцна откако предизвика голем револт кај јавноста бидејќи протестира против отворањето мал групен дом...

Македонија10 часа

(Видео) ВМРО-ДПМНЕ денес не се враќа на седница

Пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ денеска нема да учествува во работата на Собранието заради, како што велат, кршење на Уставот и...

Македонија10 часа

(Видео) Делегација на демонстрантите бара средба со лидерот на ВМРО-ДПМНЕ

Демонстрантите, кои во пресрет на седницата за ратификација на договорот за решавање на спорот за името, започнаа протест пред Собранието...

Македонија10 часа

(Видео) Демонстрантите ги повикаа Мицкоски и пратениците да излезат од Собранието и да им се придружат

Помала група демонстранти се собраа пред зградата на парламентот поради закажаната седница, на чиј дневен ред е предлог-законот за ратификација...

Македонија10 часа

Собранието по скратена постапка ќе го ратификува договорот со Грција

Oд 109 гласа, со 69 „за“ и 40 „против“ Собранието ја усвои потребата договорот со Грција да биде ратификуван по...

Македонија11 час

(Видео) „Предавник“, извикуваат пратениците од ВМРО-ДПМНЕ до Димитров

Министерот за надворешни работи, Никола Димитров, во собраниската сала пред пратениците образложи зошто договорот со Грција треба да биде донесен...

Македонија11 час

(Видео) Демонстрантите пред Собранието бараат оставка од Владата, а не ратификација на договорот за името

Помала група граѓани денеска повторно излегоа на протест пред Собранието на РМ поради закажаната седница, на чиј дневен ред е...

Македонија13 часа

Со почеток на расправата за договорот со Грција, почнуваат и протести пред Собранието

Договорот за промена на името, со кој се решава спорот меѓу Македонија и Грција, денес ќе биде ставен во процедура...

Македонија1 ден

(Видео) Солза Грчева: Народот е доведен до ѕид од една предавничка тајфа

Нашиот глас ќе стигне до секој. Синоќа се случи нешто што неверував дека во мојата земја ќе биде.30 шок бомби...

Македонија1 ден

(Видео) Демонстрантите со порака до Владата да се откаже од договорот со Грција

На протестите пред Собранието на Република Македонија, кои продолжуваат веќе петти ден, демонстрантите порачаа дека македонскиот народ не го заслужил...

Македонија1 ден

Протест пред Собранието на Република Македонија

Петти ден по ред, пред Собранието на Република Македонија толпа граѓани протестираат поради договорот со Грција за промена на името...

Македонија1 ден

(Видео) Бачев: Спасовски наредил брутално да се нападнат граѓаните пред Собрание

Според наши сознанија министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски ја издал наредбата полицијата брутално да реагира токму во моментот кога...

Македонија1 ден

(Видео) Демонстрантите се жалат на употребата на шок-бомби, МВР вели – полициска процена

Демонстрантите што синоќа протестираа пред Собранието реагираат дека полицијата прекумерно употребила сила врз нив, како и дека без потреба биле...

Македонија1 ден

Обвинителството и МВР ќе истражуваат – кој испраќа заканувачки пораки и слики на „Фејсбук“

Основното јавно обвинителство Скопје информира дека било известено од страна на Министерството за внатрешни работи за заканувачки пораки и слики...

Македонија1 ден

Приведениот новинар одбил да се легитимира, велат од МВР

Во врска со новинарот на порталот „Инфомакс“, ја информираме јавноста дека тој одбивал да се легитимира, а притоа дал активен...

Македонија1 ден

Демонстрантите демолирале кафулиња, палеле автомобили и фрлиле солзавец, велат од МВР

26 демонстранти привела полицијата за време на синоќешниот протест пред Собранието. Повредени биле 10 полицајци, а седуммина побарале лекарска помош....

Македонија1 ден

Левица: МВР употреби прекумерна сила на синоќешните протести

Силите на МВР употребија прекумерна сила, големо количество солзавец и шок-бомби врз мирните невооружени демонстранти, реагираат од Левицата. Оваа акција...

Македонија1 ден

Владата ќе го достави законот за ратификација на договорот до Собранието

Владата ќе го достави до Собранието предлог-законот за ратификација на договорот со Грција, соопшти владината прес-служба по одржувањето на денешната...

Досие