Контакт

Екологија

Нуркачи ги ризикуваат своите животи за деликатес од дното на морето

Објавено пред

Луѓето ги ризикуваат своите животи за еден деликатес од дното на морето. Станува збор за
морските краставици кои иако не изгледаат така, всушност се многу скапоцени, судејќи според тоа колку луѓето се подготвени да платат за нив. Поточно, килограм морски краставици чини над 3.000 долари, пренесува Business Insider.

Главната причина за тоа е нивната популарност на азискиот пазар, каде што се сметаат за деликатес. Во Кина и Јапонија се повеќе нуркачи ги ризикуваат нивните животи секој ден за да го пронајдат овој редок вид.

Понекогаш се случува и по 40 нуркачи да трагаат по некој ваков редок примерок на морското дно. Тие имаат издолжено тело во должина од 20 сантиметри, со варовнички плочки од разни форми и нозе наредени во серија или расфрлани по целото тело. Тие немаат очи или мозок, туку само уста и анус, и интересно е дека кога се во опасност, низ уста ја исфрлаат утробата, која можат да ја обноват.

„Побарувачката за морски краставици драматично се зголеми во 1980-тите. Порастот на бројот на граѓани од средна класа во Кина отвори многу врати за многумина – тие конечно дошле во ситуација да можат да си го дозволат овој луксуз“, вели Стивен Персел, еден од водечките светски експерти за морски краставици.

Постојат дури 1250 различни видови на морски краставици во светот, а најбарани во Југоисточна Азија се јапонските морски краставици. Тие се сметаат за протеински деликатес, кој се дава во посебни прилики и се јаде полека за да уживате во вкусот.

Денес, најчесто се сушени и спакувани во украсни кутии, се подаруваат во посебни прилики.
Колку се поголеми морските краставици, толку е и поголема цената. Најскапата морска краставица на пазарот достигнува цена до 3500 долари за килограм. Дури и ако нарачате различни видови на Амазон, ќе платите повеќе од 170 долари за чинија.

Морските краставици содржат високо ниво на хемикалија наречена фукозилиран гликозаминогликан во нивната кожа, која луѓето низ Азија ја користат за лекување на здраствени проблеми како артритис, а од неодамна и во Европа, каде што луѓето ја користат за лекување на одредени видови рак и за намалување на згрутчување на крвта. Од Мароко до САД, сите фармацевтски компании се заинтересирани за ова морско суштество.

Светскиот експерт за морски краставици апелира да се огледуваат, наместо да се ловат овие суштества во иднина, со тоа ќе се помогне во развојот на потенцијални лекови за спасување на животи, а вооедно и ќе се зачува од изумирање ова морско суштество.

Екологија

Поларните мечки ќе исчезнат до 2100 година

Објавено пред

Поларните мечки ќе изумрат до крајот на векот ако не се направи повеќе за борбата против климатските промени, предвидува една студија.

Научниците тврдат дека некои популации веќе ги достигнале границите на опстанокот затоа што морскиот мраз на Арктикот се намалува, пренесува Би-би-си.

Студиите покажуваат дека падот на морскиот мраз, веројатно, ќе го намали бројот на поларни мечки, но новата студија објавена во списанието „Климатски промени во природата“ открива кога тоа би можело да се случи, пренесува Би-би-си.

Наодите се совпаѓаат со претходните проекции дека поларните мечки веројатно ќе постојат до 2100 година, само во неколку популации многу далеку на север ако климатските промени продолжат со истото темпо.

„Поларните мечки веќе седат на врвот на светот; ако мразот замине, тие нема каде да одат“, рече д-р Стивен Амструп, главен научник во „Полар берс интернешнл“, кој исто така беше вклучен во студијата.

Тој објасни дека првин ќе ги снема младенчињата, кои ќе се раѓаат, но женките нема да имаат доволно телесна маст за да произведат млеко. Месојадите се потпираат на морскиот мраз на Арктичкиот Океан за да ловат фоки. Како што мразот се топи, животните се принудени да патуваат на долги растојанија обидувајќи се да најдат храна за да ги прехранат своите млади.

Поларните мечки се наведени како загрозени видови од страна на Меѓународната унија за зачувување на природата (IUCN), а климатските промени се клучен фактор за нивно истребување.

Прикажи повеќе...

Екологија

Eколозите порачуваат: 15% од територијата на државата треба да бидат заштитено подрачје

Објавено пред

Светскиот ден на животната средина 5 јуни е значаен меѓународен ден за подигнување на свеста за зачувување на животната средина и се одбележува од 1974 година.

Програмата на Обединетите нации за животна средина (УНЕП) како и многу невладини организации, заедници и влади во повеќе од 150 држави во светот годинава овој ден го одбележуваат со различни онлајн настани под мотото „Време е за природата“ (#ForNature), a домаќин на официјалната манифестација годинава е Колумбија во соработка со Германија.

Годинава во фокусот е биодиверзитетот којшто бара итна заштита, но и е од витално значење за опстанокот на човекот.

Годинава сите случувања почнувајќи од масовните пожари во Австралија, Бразил и САД, па сè до наездата со скакулци во Источна Африка, а сега и глобалната пандемија со Ковид-19 – ја истакнуваат поврзаноста на човекот со природата и природните циклуси.

Македонското еколошко друштво (МЕД) се придружува кон овие пораки и потсетува дека биодиверзитетот во делови од земјава е исклучително важен за зачувување не само од аспект на национално богатство туку и заради неговото европско и светско значење.

Мрежата на заштитени подрачја вклучува 86 подрачја, на површина од 230,083 хектари или околу 8,9% од територијата на државата.

Според Стратегијата за биолошка разновидност 2018-2023 земјава треба да ја зголеми површината на заштитени подрачја до 15% и да се обезбеди нивно функционално поврзување како еколошка мрежа и да се воспостави ефективно управување со заштитените подрачја во соработка со локалните заедници.

„Здрава планета е основа за здраво општество и треба да извлечеме поука од оваа криза. Вештините кои ги стекнавме изминатите месеци за новите начини на комуникација и спроведување на работните обврски и штедливото користење на ресурсите се надевам ќе внесат нов фокус на нашиот живот свртен кон природата. Време е да се тргнеме од линеарниот економски модел кој е неодржлив со преголемо користење на ресурси и создавање преголеми количини отпад, и преку иновативни зелени бизниси да се преориентираме кон циркуларната економија – ќе користиме помалку ресурси и енергија и со тоа ќе го заштитиме нашето природно богатство“, изјави по повод Денот на животната средина, извршната директорка на МЕД, Робертина Брајаноска.

Животниот стил и технологијата имаат сериозни последици врз животната средина, затоа треба да размислиме како може да ја зачуваме животната средина и да го намалиме отпадот.

Според експертските проценки, на годишно ниво светот губи 27.000 видови, а доколку овој тренд продолжи, во следните 30 години би загубиле 25% од живите организми, односно, една четвртина од сиот жив свет на Земјата.

Прикажи повеќе...

Екологија

На секои шест секунди се уништува прашума со големина на фудбалско игралиште

Објавено пред

Минатата година огромни области прашума беа опажарени, а подрачје со големина на Швајцарија било исечено за да се направи пат за добиток и да се отвори простор за земјоделски површини, велат научниците.

Сателитски снимки покажуваат дека третина од загубите се на територијата на Бразил, додека ДР Конго и Индонезија се на второто и третото место, соопшти организацијата „Глобал форест воч“.

Минатата година биле уништени 38.000 квадратни километри дождовна шума, што е еквивалент на област колку едно фудбалското игралиште на секои шест секунди.

Вкупната површина на тропските шуми уништена од пожари и булдожери всушност лани била трипати поголема, но особено вредни се древните дождовни шуми, односно прашумите кои се создадени од природата и кои се развиваат без никакво влијание на цивилизацијата.

Тие досега беа незафатени од современиот развој и се засолниште за најразновиден животински свет на Земјата и во себе „придушуваат“ огромни количини јаглерод. Кога се палат овие шуми, јаглеродот бега во атмосферата како штетен јаглерод диоксид.

„Кога отсега натаму никој не би ги допирал, ќе бидат потребни децении, па дури и векови, овие шуми да се вратат во нивната првобитна состојба“, вели Микаела Вајс од „Глобал форест воч“.

Шумските пожари кои зафатија делови од Амазонија во Бразил ги наполнија насловните страници на светските медиуми минатата година, но тие не се главната причина за уништување на прашумата. Главен проблем е нелегалната сеча, најчесто во области населени со домородни народи.

Ова беше така пред бразилскиот претседател, Жаир Болсонаро, да објави ублажување на законите во овие, во нормални околности, заштитени подрачја, за да се олеснат комерцијалното рударство и земјоделството, како и експлоатацијата на нафта и гас. Сето ова може дополнително да го прошири уништувањето на шумите.

Прикажи повеќе...

Најново

Свет8 часа

Германија размислува за задолжително носење маски во училниците

Претседателот на Здружението на германски наставници, Хајнц Питер Мејдингер побара носењето маски да биде задолжително во училниците како заштита од...

Свет9 часа

Катастрофа во Индискиот океан: од брод кој заринка истекоа 1.000 тони нафта

На бродот кој на 25 јули заринка во корален гребен во Индискиот океан кај Маурициус се појавиле пукнатини, кои претставуваат...

Македонија10 часа

Нема договор меѓу Заев и Ахмети

Лидерот на СДСМ, Зоран Заев и лидерот на ДУИ, Али Ахмети не постигнаа договор за коалиција во новата Влада ниту...

Свет11 час

(Видео) Пустош во Чикаго по протестите: повредени се 13 полицајци, уапсени се повеќе од 100 лица

Повеќе од 100 лица се уапсени, а 13 полицајци се повредени откако стотици луѓе се судрија со полицијата во Чикаго.Тие...

Македонија11 час

Регистрирани 109 нови случаи на Ковид-19, починало едно лице, а оздравеле 422 пациенти

Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа се направени 762 тестирања, а регистрирани се 109 нови случаи на...

Свет12 часа

Падна либанската влада

Либанската влада поднесе оставка, потврди министерот за здравство Хамад Хасан. „Целата влада си поднесе оставка“, рече Хасан. Либанската влада падна...

Свет12 часа

(Видео) 13 лица повредени во пожар на бензинска пумпа во Русија

13 лица се повредени во пожар на бензинска пумпа во рускиот град Волгоград, јави АПА повикувајќи се на ТАСС. Според...

Свет13 часа

Бројот на заразени од коронавирус надмина 20 милиони

Бројот на луѓе што се заразиле од коронавирусот во светски рамки надмина 20 милиони и сега изнесува 20.023.522, објави страницата...

Македонија14 часа

МВР: Актите за двојазичните унифoрми треба да се достават до Владата

Министерството за внатрешни работи се повикува на Законот за употребата на јазиците откако денеска министерот Агим Нухиу потпиша правни акти...

Македонија16 часа

„Повторно ќе го живеам животот со полни гради“, вели Иван кому му беше трансплантирано срце

Насмеан и полн со енергија, утрово Иван беше на контрола на Клиниката за државна кардиохирургија. Тој е првиот пациент во земјата...

Македонија16 часа

Состанокот за протоколите за училиштата ќе продолжи утре

Утре ќе продолжи состанокот на Комисијата за заразни болести со претставници на Министерството за образование и наука, на кој се...

Македонија17 часа

Министерот Нухиу го потпиша актот за двојазични натписи на полициските униформи

Држејќи двојазична плакета, министерот за внатрешни работи, Агим Нухиу, соопшти дека ги потпишал актите, со кои полициските униформи ќе добијат...

Свет19 часа

(Видео) Насилни протести во Белорусија, полицијата уби најмалку еден човек

Најмалку еден човек е убиен, а десетици се повредени за време на антивладините протести во Белорусија. Како што пренесуваат светските...

Македонија19 часа

Министерот Адеми се излекува од коронавирусот

Министерот за образование, Арбер Адеми, соопшти дека се излекувал од Ковид-19. „Конечно заврши предизвикот со Ковид-19! По две негативни последователни...

Свет19 часа

Младите во светот со неодговорното однесување го шират коронавирусот

Здравствените власти што се борат со пандемијата на коронавирусот се соочени со нов проблем – однесувањето на младите, кои ги...

Регион20 часа

Пет лица загинаа во поплавите на грчкиот остров Евија, меѓу нив и бебе

Пет лица, меѓу кои и бебе, загинаа, а уште едно исчезна во неделата кога поројни дождови и поплави го погодија...

Македонија21 час

Само во Пехчево нема ниту еден заразен од коронавирус

Пехчево е единствениот град во Македонија, во кој во моментот нема ниту еден активен случај со коронавирус. Во Пехчево, досега...

Свет1 ден

Европска комесарка: Вакцината против Ковид-19 може да биде достапна до крајот на годинава

Европската комесарка за здравство, Стела Киријакидес, рече дека вакцината против Ковид-19 може да биде достапна до крајот на оваа година....

Македонија1 ден

Директорката на санитарниот и здравствен инспекторат во самоизолација, имала контакт со заболено лице

Директорката на Државниот санитарен и здравствен инспекторат, Ирина Сотирова – Бухова, ќе помине 14 дена во самоизолација затоа што имала...

Македонија1 ден

Македонија на второ место по стапката на смртност од Ковид-19 во регионот

Во регионот, најголема стапка на смртност од коронавирус е регистрирана во Словенија, а потоа следат Северна Македонија и Албанија, објави...

Досие