Забава
Објавена фотографија на Брижит Макрон од сетот на „Емили во Париз“, ќе се појави во серијата
Првата дама на Франција, Брижит Макрон, се појавува во вториот дел од четвртата сезона на серијата „Емили во Париз“ на „Нетфликс“. Новите епизоди од серијата пристигнуваат на стриминг-платформата в четврток, 12 септември.
Објавена е и фотографија на која Брижит позира со главната ѕвезда на серијата Лили Колинс, која ја глумеше Емили Купер, и со француската актерка Талија Бесон. Сопругата на Емануел Макрон веќе е видена на сетот.
View this post on Instagram
Откриено е дека Брижит носела сопствена облека во серијата и не ѝ биле дадени посебни упатства за нејзината улога.
Креаторот на серијата, Дарен Стар, изјави за „Ел“ дека Брижит е позната по својата чудесна смисла за мода и дека е огромен талент. Идејата да се појави во серијата е на маса од 2022 година.
„Идејата ни дојде кога Дарен Стар и јас ја запознавме во Елисејската палата во декември 2022 година. Таа е огромен обожавател на серијата и со ентузијазам го прифати своето спомнување во првата сезона. Снимањето сцени со неа во четвртата сезона беше исто така чест и вистинско задоволство“, изјави Лили Колинс.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Забава
Една од најубавите жени на светот, фотографирана во бикини, ги воодушеви обожавателите
Синди Крафорд, поранешна манекенка која важи за една од најубавите жени на светот, неодамна беше фотографирана како се релаксира на плажа во Канкун, каде се забавуваше со пријателите.
58-годишната позната манекенка беше фотографирана како ужива на морето во црвено бикини со пуштена коса и очила за сонце, а фотографиите ги воодушевија обожавателите.
Синди на Инстаграм објави фотографии на кои покажа како таа и нејзиниот сопруг Ранди Гербер ја прославуваат 20-годишнината од бракот на нивните пријатели и им посака среќа.
Забава
(Видео) Десет познати личности се борат за титулата личност на годината на „Тајм“
Магазинот „Тајм“ ја објави листата на кандидати на кои размислува за титулата личност на годината. Финалистите беа објавени во емисијата „Тудеј“ на Ен-би-си, а победникот ќе биде објавен во четврток.
Десет кандидати кои беа избрани за финалисти за Личност на годината:
Камала Харис
Кејт Мидлтон
Илон Маск
Јулија Навална
Бенјамин Нетанјаху
Џером Пауел
Џо Роган
Клаудија Шејнбаум
Доналд Трамп
Марк Цукерберг
Оваа награда се доделува од 1927 година. Минатата година титулата ја понесе пејачката Тејлор Свифт, а некои од претходните добитници се украинскиот претседател Володимир Зеленски (2022), Илон Маск (2021) и Барак Обама (2012 и 2008 година).
Hitech
WhatsApp воведува нова опција, ќе ве нервира ако имате навика да ги игнорирате пораките
WhatsApp ќе се погрижи да престанете да ги игнорирате пораките.
Апликацијата најави ново ажурирање што носи функција за потсетник за непрочитана порака. Претходно, тие испраќаа само потсетници за ажурирање на статусот на одредени контакти, главно оние со кои најмногу комуницирате.
Со новото ажурирање, WhatsApp ја проширува оваа функција за да ги потсети корисниците на непрочитаните пораки од контактите. Функцијата моментално се тестира.
Овие потсетници се испраќаат за пораки од луѓето со кои најмногу разговарате. Ако оставите непрочитана порака, WhatsApp ќе ве извести за да не заборавите да одговорите. Апликацијата користи алгоритам за избирање на овие контакти врз основа на тоа колку често комуницирате со нив.
Меѓутоа, ако повторно ја инсталирате апликацијата, овие податоци ќе се ресетираат бидејќи не се зачувани во резервни копии или на серверите на WhatsApp. WhatsApp исто така тврди дека потсетниците се релевантни и корисни и дека не се направени за да ги нервираат, туку да им помогнат на корисниците.
Забележано е дека оваа функција би можела да биде особено корисна за деловните субјекти кои најчесто комуницираат со своите клиенти преку WhatsApp. Сега апликацијата ќе ги потсети ако не одговорат на клиентот, што би можело да ја подобри комуникацијата на компанијата.