Контакт

Забава

Објавена кореспонденција: Амбер Херд никогаш не го сакала Илон Маск

Објавено пред

Амбер Херд всушност никогаш не го сакала своето поранешно момче Илон Маск, тврди нејзиниот поранешен агент.

dobivaj vesti na viber

Кристијан Карино, кој беше агент и за Џони Деп и за Амбер Херд, сведочеше во судскиот процес по тужбата за клевета што актерот ја поднесе против неговата поранешна сопруга.

Деп бара од Херд 50 милиони долари оштета бидејќи таа го клеветела и му го уништила угледот тврдејќи во текст што го напиша за „Вашингтон пост“ во 2018 година дека била жртва на семејно насилство. Иако директно не го именува, Деп тврди дека статијата алудира на него и дека ги трпи последиците од сето тоа.

Проблемите во нивниот брак станаа јавна работа во 2016 година, кога таа се појави на суд со модринки на лицето, тврдејќи дека Деп ѝ ги нанел. Нивниот развод беше финализиран во 2017 година, а во тоа време Херд се забавуваше со Илон Маск.

Во своето сведочење, нивниот поранешен агент, Кристијан Карино, се осврна на тој период . Неговото сведочење беше снимено претходно, а снимката беше објавена во судот во средата.

На снимката е прикажан разговор, односно преписка меѓу него и и Херд во август 2017 година, кога нејзината разделба со Маск заврши во медиумите.

Агентот вели дека актерката „веднаш се префрлила“ од Деп на Маск.

„Ти не го сакаш и илјада пати ми кажа дека само го пополнуваш просторот со него“, ѝ напишал Карино откако се пожалила на фактот дека медиумите дознале дека врската е завршена.

„Знам, но сакав време за тагување и закрепнување“, одговорила таа.

Маск, кој го купи „Твитер“ неделава, беше наведен како потенцијален сведок во корист на Херд, но не е познато дали тој навистина ќе биде повикан да сведочи.

Забава

Луѓето ја коментираат реакцијата на Херд кога Кејт Мос сведочеше за Деп

Објавено пред

Манекенката Кејт Мос, која беше повикана како сведок од адвокатите на Џони Деп, во средата сведочеше преку видеолинк во рамките на спорот помеѓу Амбер Херд и ѕвездата на „Пиратите од Карибите“.

dobivaj vesti na viber

Кејт, која беше во врска со Деп од 1994 до 1997 година, ги демантира шпекулациите дека нејзиниот поранешен партнер Деп еднаш ја турнал по скалите.

А реакцијата на Херд во текот на исказот на манекенката беше повод за многубројни негативни коментари на социјалните мрежи насочени кон поранешната сопруга на Деп.

„Кејт е елегантна и достоинствена. Нешто што Амбер никогаш нема да биде“. „Амбер е лута и сигурно ќе пукне однатре“, „Колку е страшна“. „Така се однесуваше татко ми кога ќе го фатеа во лага – бргу трепка и воздивнува“.

„Лицето на Амбер кажува сè“. „Смешно е да се видат нејзините очи како трепкаат кога е бесна“. „Ги врти очите, не знае каде да гледа поради експлозивниот бес што го држи во себе“.

„Јасно е дека Амбер не сака да слуша дека Кејт и Деп имале долга врска“, „Сликата на Амбер како пука во тишина е веројатно најсмешното нешто што сум го видел“.

„Многу чудно однесување за некој што бил малтретиран,“ напиша друг. „Амбер е нарцисоидна и не може да поднесе што Џони не е нејзина сопственост“, „Ооо, таа полуде. Не може да го поднесе фактот што е фатена во своите лаги и дека Кејт е многу поубава од неа“, ова се само некои од многуте коментари за вчерашното судење.

Прикажи повеќе...

Забава

Кан 2022: Нина Добрев поробува со својот изглед во црвен фустан

Објавено пред

Меѓу многуте гламурозни настани во рамките на Филмскиот фестивал во Кан, на распоредот беше и еден со хуманитарен предзнак – amfAr гала – каде што преку аукции се собираат финансиски средства што ќе бидат донирани за потребите на програмите за истражувања во борбата против сидата.

dobivaj vesti na viber

Десетици супермодели, актери и други славни личности не го пропуштија овој настан, па го привлекоа вниманието на медиумите во блескави тоалети, а меѓу нив беше и Нина Добрев.

33-годишната актерка блесна на најгламурозниот настан на филмскиот фестивал, галата amfAr, која како и секоја година се одржува во Hotel du Cap-Eden Roc.

Таа се појави во друштво на своето момче, сноубордерот Шон Вајт.

Актерката, која се прослави со филмот The Vampire Diaries („Вампирски дневници“), блеска додека позира како бура во хотелот Du Cap-Eden-Roc.

Елегантниот црвен фустан со смело деколте во форма на солза ја истакнува нејзината фигура нa песочен часовник. Креацијата е без ракав од едната страна, а од другата страна има подигнато рамо и долг ракав закачен на ракавица.

Традиционалниот настан е со хуманитарен предзнак. Преку аукции се собираат финансиски средства, што ќе бидат донирани за потребите на програмите за истражувања во борбата против сидата.

Прикажи повеќе...

Забава

АББА повторно се обедини за виртуелен концерт во Лондон

Објавено пред

Членовите на легендарниот шведски бенд АББА го направија своето прво јавно појавување по 14 години на премиерата на нивниот концерт Abba Voyage во Лондон во четвртокот.

dobivaj vesti na viber

Агнета, Фрида, Бени и Бјорн повторно се обединија на отворањето на виртуелниот концерт, кој всушност содржи дигитални верзии од нив.

Фрида го гледаше шоуто со широка насмевка на лицето, а Бени стана и ракоплеска на големиот хит Dancing Queen.

Тие на крајот се појавија пред завесата со заглушувачки аплауз од публиката.

„АББА никогаш не нè напушти, во моето срце“, изјави пејачката Агнета Фалтског за Би-би-си на црвениот тепих.

„Не беше толку тешка одлуката повторно да се собереме бидејќи музиката е дел од нас“.

„Сонував за ова со години“, додаде Ани-Фрид Лингстад. „Ја сакаме нашата музика, сакаме да пееме“.

На почетокот на вечерта присуствуваа голем број музички ѕвезди, меѓу кои Кајли Миног, Софи Елис-Бекстор, Џарвис Кокер и Кира Најтли.

Шведскиот крал Карл Шеснаесетти Густаф и неговата сопруга Силвија исто така ѝ се придружија на публиката – што значи дека присуствуваше вистинска кралица на танцувањето (асоцијација на песната Dancing Queen).

Концертот се подготвуваше уште од 2016 година и содржи револуционерна нова технологија, која ја рекреира глетката на АББА во нивниот врв од 70-тите, со хитовите како SOS, Voulez-Vous и Lay All Your Love On me.

За да се направи спектакл, бендот пет недели настапуваше во специјални костими за снимање движења, со 160 камери, кои го скенираа движењата на телата и изразите на лицето.

Познати како „АББА-тари“, ликовите не се 3D-холограми, како што сите инволвирани во продукцијата се трудат да истакнат.

Наместо тоа, ликовите се појавуваат на масивен екран од 65 милиони пиксели, со светла и други ефекти што ја бришат границата помеѓу дигиталните елементи и реалниот свет во арената.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија1 час

Од денес повторно отворена македонската амбасада во Киев

Министерот за надворешни работи, Бујар Османи, во рамките на посетата на Украина ја отвори Амбасадата на Република Северна Македонија во...

Македонија3 часа

Османи: Слободата на Северна Македонија и секоја друга европска земја денеска се брани во Украина

Министерот за надворешни работи, Бујар Османи, во рамките на посетата на Украина оствари средба со својот домаќин Дмитро Кулеба. Ова...

Свет3 часа

Лавров: Западот ѝ објави тотална војна на Русија

Рускиот министер за надворешни работи, Сергеј Лавров, ги обвини западните земји дека водат тотална војна против Русија и рускиот народ...

Македонија4 часа

(Видео) Црвенковски: Договорот со Бугарија со формулацијата „заедничка историја“ беше голема грешка

Договорот со Бугарија не само што не затвори ниту едно прашање туку, напротив, ја отвори Пандорината кутија и создаде основа...

Македонија5 часа

Во Софија вонреден коалициски совет за Северна Македонија

На вонреден состанок на коалицискиот совет вечерва ќе се соберат владините партнери. Средбата е по барање на премиерот Кирил Петков....

Регион5 часа

Русија протера петмина хрватски дипломати

Русија прогласи за непожелни пет хрватски дипломати во хрватската амбасада во Москва, а на хрватскиот амбасадор му беше врачена нота....

Свет5 часа

Најбогатиот човек во Украина и сопственик на „Азовстал“ ќе ја тужи Русија

Најбогатиот човек во Украина и сопственик на фабриката за челик „Азовстал“, Ринат Ахметов, вели во Мариупол дека планира да ја...

Македонија6 часа

Османи во Украина: Она што го видов ме убеди колку е оправдан нашиот став за агресијата

Во рамките на својата работна посета на Украина, министерот за надворешни работи, Бујар Османи, придружуван од претставници на украинската Влада,...

Македонија7 часа

Земјотрес утрово регистриран во Тетовско

Земјотрес од 3,6 степени утрово го стресе Тетовскиот Регион, а беше почувствуван и во Скопје. Според податоците, земјотресот се случил...

Свет8 часа

Медведев: Условите на Зеленски се категорични до идиотизам

Дмитриј Медведев денеска изјави дека условите што му ги постави претседателот на Украина, Володимир Зеленски, за примирје не се остварливи....

Свет8 часа

САД подготвуваат досега најмоќно оружје против Русија

Администрацијата на американскиот претседател Џозеф Бајден се подготвува да го зголеми оружјето на Украина. Администрацијата има намера да го направи...

Свет20 часа

Лавров: Испораката на оружје способно да погоди руска територија е чекор кон неприфатлива ескалација

Рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров предупреди дека „испораката на оружје за Украина способно да ја погоди руската територија...

Економија22 часа

Ковачевски: Во ребалансот на буџетот направиме намалување на непродуктивните трошоци, нè oчекува тешка зима

„Ребалансот на буџетот е насочен главно кон справување со економската криза, ревидирање на фискалните проекции, реконструирање на буџетските расходи, зачувување...

Спорт22 часа

РК Вардар го прегази Тиквеш и го потврди 15. шампионски пехар (ФОТО)

Македонскиот ракометен првак Вардар ја освои двојната круна оваа сезона, откако денеска со триумфот против Тиквеш (37:25) го потврди и...

Економија1 ден

Путин: Санкциите против Русија му се вратија на Западот како бумеранг

Рускиот претседател Владимир Путин денеска оцени дека антируските санкции се вратиле како бумеранг за оние што ги применувале бидејќи, како...

Македонија1 ден

Кривични пријави за двајца управители во ЕВН и за петмина други за продажбата на парцели во Делчево

Управата за финансиска полиција поднесе кривична пријава против седум лица за продажбата на парцели на ЕВН во Делчево за изградба...

Македонија1 ден

Собранието: Деловникот дозволува можност за затворање на вратите на салата на барање на претседателот

Проѕирна е намерата на опозицијата, која сите овие години ја опструира работата на законодавниот дом и оневозможува донесување битни закони...

Топ1 ден

Дете загина во тешка сообраќајна несреќа на автопатот Скопје – Велес

Едно дете загина, а две лица се тешко повредени во сообраќајна несреќа на автопатот Скопје – Велес. Според информациите од...

Македонија1 ден

ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата ќе поднесат интерпелација за Талат Џафери

Пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата „Обнова за Македонија“ ќе поднесат интерпелација на претседателот на Собранието, Талат Џафери, најави координаторот...

Европа1 ден

Кадиров ѝ се заканува на Полска: Ако добиеме наредба, за шест секунди ќе ви покажеме на што сме способни

Чеченскиот лидер Рамзан Кадиров ѝ се закани на Полска. Тој на својот канал на „Телеграм“ објави видео во кое вели...