Контакт

Забава

Објавена листата на најдобри градови за живеење во светот, Виена повеќе не е на врвот

Објавено пред

Виена повеќе не е најдобриот град за живеење во светот.

По три години на врвот на годишната листа на Economist Intelligence Unit (EIU), австриската престолнина е победена од прекрасниот, прекрасен Копенхаген. Данската престолнина го зазеде првото место на рангирањето на најдобрите градови во светот за живеење во 2025 година.

Десетте најдобри градови за живеење во 2025 година:

Копенхаген, Данска
Виена, Австрија
Цирих, Швајцарија
Мелбурн, Австралија
Женева, Швајцарија
Сиднеј, Австралија
Осака, Јапонија
Окленд, Нов Зеланд
Аделаида, Австралија
Ванкувер, Канада

EIU, сестринска организација на списанието „Екомномист“, рангира 173 града од целиот свет врз основа на низа фактори, вклучувајќи здравје, образование, стабилност, инфраструктура и животна средина.

Копенхаген триумфира откога доби совршени оценки за стабилност, образование и инфраструктура, а Виена го делеше второто место со швајцарскиот град Цирих.

Мелбурн, Австралија, го задржа четвртото место, а Женева, Швајцарија, се најде на петтото место. Веднаш надвор од првите пет, Сиднеј, Австралија, се искачи на листата скокнувајќи од седмото на шестото место, а Осака, Јапонија, и Окленд, Нов Зеланд, го делеа седмото место.

На деветтото место е Аделаида, третиот австралиски град што се најде меѓу првите 10, а Ванкувер, Канада, се најде на 10-тото место.

Животот во Копенхаген

Жителите на Копенхаген, кој исто така беше прогласен за најсреќен град во светот според Индексот на среќни градови, велат дека е многу безбеден, како и Данска како целина. Дени Мајорка, кој го води блогот „Дени на север“, живее во Копенхаген веќе некое време и вели дека данското општество е многу гостопримливо кон новодојденците, тие се грижат за животната средина и лесно е да се стекнат пријатели.

Таа вели дека добила впечаток оти Данска е добра земја за одгледување деца, со многу опции за здрава храна, луѓето сакаат возење велосипед и е добро поврзана со други земји кога станува збор за патување. Најважното нешто што го истакнува е дека платите се во согласност со трошоците за живот. Илана Бул, Американка, која се преселила во Копенхаген, размислува слично.

Зошто Виена не е на првото место оваа година?

Иако австрискиот град постигна добри резултати во повеќето категории, неговиот резултат во категоријата стабилност значително се намали, а Копенхаген постигна висок резултат во сите делови. Остриот пад на резултатите за стабилност се припишува на неодамнешните инциденти во Виена, вклучително и заканата со бомба на концертот на Тејлор Свифт минатото лето, што доведе до откажување на настанот.

Најново

Забава37 минути

Кристијано Роналдо се ожени со долгогодишната партнерка Георгина Родригез

Кристијано Роналдо (41) се ожени со својата долгогодишна партнерка Георгина Родригез (32). Португалската фудбалска ѕвезда и манекенката се венчаа на...

Свет55 минути

Прашањето на германскиoт новинар до Зеленски предизвика бура од реакции

„Што можеме ние Европејците конкретно да направиме за да ви помогнеме да убиете повеќе Руси? Секако, повеќе руски војници?“ Ова...

Свет2 часа

ОН: Авганистан е единствената земја во светот каде девојчињата не смеат во средно училиште

Пет години по доаѓањето на талибанците на власт во Авганистан, околу 2,4 милиони девојчиња и натаму немаат пристап до средно...

Македонија2 часа

Надминат проблемот со здравственото осигурување на вработените во МВР

Министерството за внатрешни работи и Фондот за здравствено осигурување информираат дека проблемот со здравственото осигурување на вработените во МВР е...

Регион3 часа

Грчкиот премиер Мицотакис примен во болница по пад од велосипед

Грчкиот премиер Киријакос Мицотакис бил примен во болница по несреќа што ја доживеал додека возел велосипед. Според локалните медиуми, Мицотакис...

Свет3 часа

Либан ја укинува смртната казна

Либанскиот парламент денеска изгласа укинување на смртната казна, со што земјата би станала првата на Блискиот Исток што официјално го...

Свет3 часа

Путин ослободи американски маринец од руски затвор, Трамп: Немаше размена

Русија го ослободи американскиот државјанин Роберт Гилман, поранешен американски маринец кој од 2022 година беше во затвор во Русија. Американскиот...

Забава3 часа

Пет хороскопски знаци што не се плашат од ризик во кариерата

Кариерата ретко напредува по целосно права линија, а големите професионални успеси често бараат храброст и подготвеност за промени. Некои луѓе...

Култура4 часа

Концертот на Иван Наумовски и Елена Атанасовска-Ивановска, насловен „Ideale“, на „Бит Фест“

На 15 август, со почеток во 20:00 часот во Офицерскиот дом, како дел од програмата на битолското културно лето „БИТ...