Контакт

Забава

Објавени фотографии што покажуваат како изгледа вулканската ерупција на Хаваите од вселената

Објавено пред

Вулканот на Хаваите е активен веќе дванаесетти ден по ред, а сега на социјалните мрежи се појавија нови фотографии од ерупцијата, овој пат од вселената.

Имено, двајца астронаути од Меѓународната вселенска станица направиле фотографии кои покажуваат како од нивна перспектива изгледа вулканската ерупција, а потоа ги споделиле на социјалните мрежи.

Првата фотографија била направена на 12 мај и на неа може да се види чадот што се шири од вулканот, а втората фотографија е направена пред два дена. Од неа може да се забележи дека по неколку дена ситуацијата станала посериозна.

По ерупцијата на вулканот Килауеа, најопасна е седумнаесеттата пукнатина (од вкупно 21), која се отворила пред неколку дена и од која излегува најмногу лава, во некои случаи во висина од 150 метри.



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Забава

Хрватскиот водител преку билборд во Нови Сад му порача на Балашевиќ дека сè уште го чека во „Недела во 2“

Објавено пред

Хрватскиот водител Александар Станковиќ веќе со години се обидува да го донесе Ѓорѓе Балашевиќ во својата емисија „Недела во 2“, но никако да успее во тоа, па реши да отиде чекор подалеку и пред неколку дена во Нови Сад се појави билборд со натпис:

„Драг Ѓоле, сè уште те чекам… Миа Раденковиќ“

Додека сограѓаните на Балашевиќ се прашуваа на кого е упатен, Александар Станковиќ потврди дека тој стои зад овој гест, пишува „Данас“.

„Веќе 15 години се обидувам да го донесам Балашевиќ во мојата емисија. Ми падна на ум дека можам да закупам голем плакат во Нови Сад. Јас сум негов голем обожавател и го слушам од детството. Бев на четири негови концерти. Со неговите песни се вљубував“, рече водителот на ХРТ за хрватските медиуми надевајќи се дека овој пат Балашевиќ ќе се согласи да му биде гостин.

Прикажи повеќе...

Забава

Отвориле врата од болничко возило за да ги видат и да ги фотографираат повредените

Објавено пред

Германската полиција трага по луѓе што биле толку многу фасцинирани од сообраќајна несреќа што дури ги отвориле вратите на возилото на брзата помош и зјапале во повредените.

Во полицијата велат дека подинци отвориле врата за да може одблиску да ги видат повредените и да ги фотографираат по несреќата што се случила вчераутро во јужна Германија.

Во судир на два камиона починал еден човек, а имало и повредени.

Прикажи повеќе...

Екологија

(Видео) Ромео, најосамената жаба во светот, конечно ја пронајде својата Јулија

Објавено пред

Сeчуанската водна жаба е ендемичен вид и е на работ на изумирање. Како што известува Си-ен-ен, Ромео живее во музеј во Боливија и се претпоставува дека е последниот примерок од тој вид жаба.

Тој помина сам цели 10 години, но сега научниците му најдоа партнерка, која ја нарекоа Јулија, преку сервисот за запознавање Match.co, каде што Ромео има свој профил, кој го освои интернет.

Нивниот прв состанок беше договорен на Денот на вљубените бидејќи се работи за зачувување на видот и сè мора да биде совршено.

Сè почна кога музејот за природна историја на Боливија – Alcide d’Orbigny и конзерваториумот Global Wildlife ги здружија силите и тргнаа во потрага по партнерка на Ромео.

Тие отпатуваа на експедиција во Боливија за да ја најдат Јулија и сето тоа траеше долго и сите беа исцрпени и уморни. Овие жаби живеат под вода и морало да го испитаат секој поток и вир.

Кога конечно наидоа на слична жаба, сфатија дека е машка и одлучиле да продолжат да бараат уште еден ден. Тие најдоа две машки и две женски жаби и веднаш на едната ѝ дадоа име Јулија бидејќи е во години за репродукција, а другите женки биле помлади и сè уште не се подготвени.

Научниците се надеваат дека Ромео и Јулија ќе се заљубат на прв поглед. Ромео е срамежлив и мирен, а Јулија е енергична и разиграна. Можеби овој пат таа се спротивставува на спротивностите.

Ако Ромео и Јулија не успеат, научниците ќе сторат сè за да не изумре овој вид жаба.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија1 час

Миленко Неделковски: Не сум виновен

Новинарот и водител Миленко Неделковски денеска првпат седна на обвинителна клупа како обвинет за ширење расистички и ксенофобичен материјал на...

Македонија1 час

Агенцијата за обезбедување СГС доби нов тендер од 113 илјади евра

Агенцијата за обезбедување „Секјурити груп сервисес“ (СГС), која се поврзува со поранешниот директор на УБК, Сашо Мијалков, доби нов тендер...

Македонија3 часа

Стразбур ја донесе првата пресуда во корист на девојка од Македонија што го смени полот

Европскиот суд за човекови права во Стразбур, денеска, првпат се произнесе за случај на македонско трансродово лице и пресуди во...

Македонија4 часа

Владимир Талески и 20 обвинети во „Транспортер“ слушаа разговор меѓу Јанкулоска и Ставрески

Во кривичниот суд во Скопје продолжи изведувањето на писмените докази во случајот на СЈО со кодно име „Транспортер“. Претходно беше...

Монструм Монструм
Македонија4 часа

Косово сè уште молчи за екстрадицијата на обвинетите во ,,Монструм”

Министерството за правда сè уште нема добиено одговор од Косово за екстрадиција на двајцата обвинети за петкратното убиство кај Смилковското...

Свет4 часа

(Видео) Пронајдена коса од двегодишното дете што падна во бунар во Шпанија

Спасувачките екипи пронајдоа коса од двегодишното дете што падна во длабок бунар во Шпанија. Со ДНК-тестовите е потврдено дека детето...

Свет5 часа

Тереза Меј подготвена да соработува со опозицијата за да се оствари брегзитот

Британската премиерка, Тереза Меј, изјави дека на опозицискта Лабуристичка партија ѝ се отворени вратите за преговори за брегзитот, при што...

Вести5 часа

Секој трет вработен во ОН бил сексуално вознемируван

Секој трет вработен во Обединетите нации бил сексуално вознемируван во последните две години, покажува извештај на оваа меѓународна организација, објави...

Свет6 часа

Путин во Белград со двајца двојници

Владимир Путин денеска ќе пристигне во Белград во придружба на 30 најблиски специјалци од Федералната служба за обезбедување, а околу...

Свет7 часа

Исчезната германска туристка пронајдена мртва во австралиската дивина

Телото на една германска туристка, која исчезна претходно овој месец, било пронајдено во средата во пеколно жешката австралиска пустелија, соопшти...

Свет8 часа

Планот на САД за Блискиот Исток: 90 отсто од Западниот Брег за Палестина и поделен Ерусалим

Планот за мирно решавање на кризата на Блискиот Исток, кој го подготвува администрацијата на американскиот претседател Доналд Трамп, ќе биде...

Регион17 часа

Ципрас ја доби довербата од Парламентот

Со 151 глас, Владата на грчкиот премиер, Алексис Ципрас, ја доби довербата во Парламентот по дебатата која траеше два дена....

Европа18 часа

Преживеа Владата на Тереза Меј

Владата на британската премиерка Тереза Меј вечерва ја доби довербата од Парламентот. 306 пратеници гласаа против Меј, а 325 за неа....

Македонија19 часа

(Видео) Власта и опозицијата се договорија – Антикорупциска ќе има увид во банкарските сметки на функционерите

Прашањето за директен увид во сметките на носителите на јавни функции е затворено, Државната комисија за спречување  корупцијаа ќе има...

Македонија22 часа

Избега еден од осудените напаѓачи на Села, распишана е потерница

Никола Војминовски, кој е осуден на 13 и пол години затвор за обидот за убиство на пратеникот Зијадин Села на...

Економија23 часа

И официјално заврши стечајот за „Фени“, апелација ги одби жалбите

Судот во Велес денес соопшти дека е правосилно одобрен планот за реорганизација на „Фени индустри“ од Кавадарци со што и...

Македонија23 часа

Меѓународна криминална група осомничена за кражби од сефови во македонски банки

Обвинителството отвори истрага против седум лица, и тоа четворица државјани на Украина и по еден државјанин од Молдавија, Казахстан и на...

Македонија1 ден

(Видео) Анкета: Џабе ни е јазикот кога младите си заминаа во странство

„Џабе ни е двојазичност кога младите континуирано бегаат од државата. Заев само зборува, зборува на празно, каде е таа плата...

Македонија1 ден

Три илјади анкетни листови за имотот на функционерите заглавени во антикорупциската комисија

Повеќе од 60 претставки за корупција и триесетина предмети за судир на интереси стојат во фиоките на Државната комисија за...

Македонија1 ден

(Фото) Олимпија фати морбили

Посине споменикот на мајката на Александар Македонски, Олимпија, која се наоѓа на плоштадот Карпошово востание. На спомениците на Олимпија и...

Досие