Забава
Овие хороскопски знаци сакаат да патуваат и се вистински авантуристи

Летото е за многумина најзабавното време од годината. Покрај морето и капењето, летните месеци се идеални и за патување и запознавање нови дестинации. Тоа е одлична можност да вкусиме нешто ново и да ги прошириме нашите хоризонти, да запознаеме интересни луѓе и да пробаме различни јадења. Повеќето луѓе сакаат да патуваат барем повремено, но дознајте кои се знаците на кои патувањето им е насушна потреба.
Стрелец
Ова се најголемите авантуристи во зодијакот кои не сакаат долго да се задржуваат на едно место. Тие копнеат по нови искуства, а не им е тешко да патуваат сами бидејќи ќе најдат интересни придружници по пат. Сакаат да посетуваат различни места, но најмногу ги привлекуваат далечните земји и култури. Сакаат вистински да го искусат местото што го посетиле и да ги запознаат обичаите, луѓето, храната и културата.
Водолија
Водолиите се исто така зависни од патување. Не сакаат рутина и досада, па со заминување на пат ќе се обидат да ја разбијат монотонијата на секојдневието. Сакаат да запознаваат други земји и култури, а најмногу се радуваат на нови познанства и интересни разговори. Не ги привлекуваат популарни и нагласени места, туку се поддржувачи на одење на необични и непознати дестинации каде што можат да стекнат уникатни искуства.
Близнаци
Близнаците не поднесуваат досада. Кога се дома, се чувствуваат како нешто да им фали. Сакаат промени, интересни места и нови луѓе, а особено уживаат во посета на знаменитости и музеи кога патуваат. Тие не се поддржувачи на далечни дестинации, па затоа претпочитаат да патуваат почесто, но на пократки релации. Сакаат да посетат што повеќе места и не остануваат на ниту едно предолго за да не им здодее.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Забава
Јапонските власти трагаат по делфин кој каснал луѓе

Јапонските власти се обидуваат да откријат делфин за кој се претпоставува дека извршил најмалку шест напади врз луѓе ова лето.
Пред два дена било објавено дека делфин каснал уште двајца капачи за раката, што се верува дека е последен во серијата напади на јапонска плажа.
Според локалните медиуми, еден маж бил пренесен во болница откако бил нападнат од морски цицач.
Јапонските власти веруваат дека станува збор за истиот делфин кој постојано напаѓал луѓе ова лето, јавува Би-Би-Си.
Забава
Угина најстарата женка пингвин во зоолошката градина во Единбург, ја нападнала лисица

Најстарата женка пингвин во зоолошката градина во Единбург угина откако беше нападната од дива лисица која упадна во нејзиниот ограден простор.
„Госпоѓа Воловиц почина во средата вечерта по инцидентот“ – објавија од зоолошката градина, објаснувајќи дека другите пингвини во колонијата се неповредени.
We know so many of you loved Mrs Wolowitz, our oldest penguin ????
Sadly, we lost her last night after a fox broke into our penguin enclosure. Thankfully, the rest of our colony are unharmed and are doing well.
Her massive personality will be missed ???? pic.twitter.com/fGEu0QHzkE
— Edinburgh Zoo (@EdinburghZoo) August 11, 2022
„Знаеме дека многумина од вас ја сакаа г-ѓа Воловиц, нашиот најстар пингвин. За среќа, остатокот од колонијата е неповреден и сите се добро. Без сомнение ќе ни недостига харизмата на г-ѓа Воловиц“ – објавија од зоолошката градина во Единбург.
Од зоолошката градина најавија и дека стручни тимови секојдневно го проверуваат куќиштето за да откријат можни знаци на оштетување, бидејќи секогаш постои ризик дивите животни да упаднат во нив. Размислуваат и за можноста за дополнително зајакнување на оградите.
Забава
Илон Маск испрати уште 46 сателити Starlink во орбитата

Американската компанија „Спејс Икс“ успешно ја лансираше ракетата Фалкон 9 со нова рунда микросателити Starlink, се наведува во соопштението на веб-страницата на компанијата.
Лансирањето во петокот, од локацијата на американската вселенска база Ванденберг во Калифорнија, се случи во 14:40 часот по локално време, а во ниската орбита на Земјата беа лансирани 46 микросателити.
По етапата во која сателитите ќе се одвојат од „Фалкон 9“, леталото ќе се врати на земјата, а првата фаза од ракетата веќе е искористена во девет лансирања.
Мрежата Starlink е создадена за да обезбеди пристап до Интернет со распоредување на голем број сателити со тежина од 260 килограми.
„Space X“, компанијата на американскиот милијардер Илон Маск, проценува дека лансирањето на вкупно 11.000 сателити и нивното пуштање во употреба ќе чини 10 милијарди долари.
Од мај 2019 година, компанијата испрати повеќе од 2.500 сателити Starlink во орбитата, објави ТАСС.