Контакт

Естрада

Оливер Драгоевиќ погребан во родната Вела Лука

Објавено пред

Хрватскиот пејач Оливер Драгоевиќ беше погребан попладнево на месните гробишта во родната Вела Лука.

Од пејачот се простија илјадници луѓе кои пристигнаа од повеќе делови од земјата.

Ден претходно во Сплит со Оливер се збогуваа дестици илјади луѓе, а освен семејството, пријателите, колегите и фановите, присуствуваа и многубројни политичари, меѓу кои и премиерот и претседателката на Хрватска.

Великанот на хрватската музика, Оливер Драгоевиќ, почина во неделата на 71 година во сплитската болница кога ја загуби битката со тешката болест. Зад себе остави 23 студиски албуми, многубројни компилации, награди и концерти во светот.

 

Естрада

Русите ја нападнаа Гага, ќе го вратат Бредли како што го вратија Крим

Објавено пред

Профилот на пејачата Лејди Гага (33) на социјалните мрежи е полн со коментари на лути Руси што ја напаѓаат поради наводната афера со актерот Бредли Купер (44), поранешното момче на руската моделка Ирина Шајк (33). На пејачката ѝ пишуваат на кирилица да ѝ го врати Бредли на девојката на која тој навистина ѝ припаѓа – Ирина.

Русите се лути бидејќи се чини дека Ирина е понижена во целата таа приказна, па се обидуваат да ги поправат работите.

„Го вративме Крим, ќе го вратиме и Бредли“, пишува во еден коментар.

Цело време пејачката добива потценувачки коментари во кои ја навредуваат и понижуваат, а Ирина ја фалат. Поради многуте коментари на кирилица, се чини дека никој друг не ѝ пишува на пејачката.

Прикажи повеќе...

Естрада

Децата на Пинк трчкаа околу споменикот на холокаустот во Берлин

Објавено пред

Пејачката Алесија Мур, попозната како Пинк, помина неколку дена во Берлин, каде што одржа концерт, а таму ги поведе и своите деца, осумгодишната ќерка Вилоу и двегодишниот син Џејмсон.

На „Инстаграм“ објави фотографија на која се гледаат нејзините деца кои трчкаат околу споменикот на холокаустот, што ги вознемири нејзините следбеници.

Иако во описот на фотографијата таа напиша дека нејзините деца се Евреи по мајка ѝ, обожавателите сметаат дека не требало да им дозволи да трчкаат таму.

Пинк напиша дека американскиот архитект Петар Ајзенман, кој го изградил споменикот, верувал дека децата треба да бидат деца, но и дека нема проблем со тоа дека луѓето што го посетуваат не се само тажни и уплакани додека се таму.

Прикажи повеќе...

Естрада

Албанија забрани емитување на спотови од Цеца

Објавено пред

Албанската агенција за аудиовизуелните медиуми (АМА) го предупреди албанскиот јавен радиотелевизиски сервис РТШ поради емитување песни од српската пејачка Светлана Ражњатовиќ – Цеца, инаку сопруга на покојниот Жељко Ражњатовиќ – Аркан, што следува по жалбите кога во програма наменета за малцинствата бил емитуван спот од пејачката.

Како што пренесува „Танјуг“, ваквата мерка е изречена поради тоа што пејачката во неколку наврати имала антиалбански изјави против Косово и бидејќи нејзините песни, како што се тврди, ги инспирирале злосторствата во Босна и Херцеговина и во Косово, пишуваат албанските медиуми.

Во соопштението се наведува дека програмата наменета за малцинствата треба да служи за градење пријателство и солидарност меѓу народите и културите наместо да промовира луѓе што конкретно со своите постапки го покажуваат токму спротивното.

Во соопштението на албанската агенција Ражнатовиќ е опишана како проблематична пејачка, која со своите постари песни и изјави ги инспирирала злосторства во БиХ и во Косово и ги поддржувала нехуманите дела на својот сопруг Жељко Ражњатовиќ – Аркан, како и на српските воени и паравоени формации што ги водел тој.

„Се надеваме на вашето внимание и очекуваме во иднина да ги избегнуватe ваквите случаи“, велат од АМА обраќајки им се на албанските радиодифузери.

Прикажи повеќе...

Најново

Европа3 часа

Шефот на кабинетот: Меркел е добро, планира да го отслужи целиот мандат

Здравјето на германската канцеларка Ангела Меркел е добро и таа планира да го отслужи целиот мандат до 2021 година во...

Македонија6 часа

Боки 13 и Милевски остануваат во притвор, судот им ги одби жалбите

Кривичниот суд попладнево соопшти дека им ги одбил жалбите на осомничените во предметот за изнуда со трговија на влијаније. Тоа...

Македонија6 часа

Васко Ковачевски нов директор на ЕЛЕМ

Владата на денешната седница, по предлогот за разрешување на околу 40 директори во јавните претпријатија, донесе одлуки и за препораки...

Македонија11 час

(Видео) Заев: Обвинителството ќе каже дали Катица Јанева е злоупотребена или има докази против неа

Премиерот Зоран Заев изјави дека не се слушнал со Катица Јанева по шпекулациите дека специјалната обвинителка контактирала со високи функционери пред...

Македонија11 час

(Видео) Разрешени директорите на МЕПСО и ЕЛЕМ

Премиерот Зоран Заев соопшти дека на денешната седница ќе предложи разрешување на десетици директори на јавни претпријатија и членови на...

Европа12 часа

Лагард поднесе оставка: Тоа е во најдобар интерес на ММФ

Кристин Лагард поднесе оставка од лидерската позиција во Меѓународниот монетарен фонд, која ќе стапи во сила во средината на септември....

Македонија12 часа

(Видео) Нуркачи ја извадија кадата фрлена во Охридското Езеро

Нуркачи ја извадија кадата фрлена во Охридското Езеро. Нуркачкиот клуб „Акватек“ објави дека е извадена кадата што била забележана пред...

Свет12 часа

Затворот во кој оди Ел Чапо го сметаат за непробојна тврдина и е полн со озлогласени цимери

Еден од најпознатите наркобосови, 62-годишниот Хоакин Гусман, познат по прекарот Ел Чапо, на кој денеска во Њујорк треба да му...

Топ13 часа

Петнаесетгодишно девојче падна во бездна на Селечка Планина

Петнаесетгодишно девојче од Прилеп вчера паднало во бездна и добило повреди на местото наречено Чуле на Селечка Планина. Полициски службеници...

Свет13 часа

Нетанјаху ќе влезе во историјата на Израел со најдолга премиерска функција

Израелскиот премиер, Бенјамин Нетанјаху, на крајот од оваа недела ќе го надмине Давид Бен-Гурион и ќе стане претседател на владата...

Свет13 часа

Конгресот ги осуди расистичките коментари на Трамп, поднесено е и барање за импичмент

Претставничкиот дом на американскиот Конгрес со резолуција ги осуди наводните расистички коментари на претседателот Доналд Трамп, кој, според резолуцијата, ги...

Свет14 часа

Бајден го предизвикува Трамп да се натпреваруваат во склекови

Поранешниот американски потпретседател, Џо Бајден (77), кој најави дека влегува во трката за демократската претседателска номинација за изборите во 2020...

Европа14 часа

Салвини тврди дека група украински неонацисти сакале да го убијат

Италијанскиот министер за внатрешни работи Матео Салвини тврди дека група украински неонацисти, сакале да го убијат. Тие се уапсени поради...

Свет15 часа

Татко и син отвориле фабрика за лажни ,,ламборџини” во Бразил

Татко и син се уапсени, откако е откриена нивната фабрика во која произведувале лажни автомобили од познатите марки „ферари“ и...

Македонија1 ден

Земјотрес во Струмица, Валандово и околината

Земјотрес со јачина од 2,8 степени според Рихтеровата скала вечерва во 21 и 17 минути бил почувствуван во Струмица, Валандово...

Регион1 ден

Хакери украле податоци на милиони Бугари

Хакери украле лични и финансиски податоци на милиони бугарски граѓани. Тие насилно влегле во системот на државната даночна управа, соопшти...

Европа1 ден

Урсула фон дер Лејен е нова претседателка на Европската комисија

Европскиот парламент официјално ја избра германската демохристијанка Урсула фон дер Лејен за нова претседателка на Европската комисија, на местото на...

Свет1 ден

Трамп: Во мене нема ни трошка расизам

Претседателот на САД, Доналд Трамп, жестоко се бранеше дека не е расист по вербалниот напад на четири конгресменки. Но, неговите...

Македонија1 ден

Владата одобри 9 милиони денари за замена на системот за греење во студентскиот дом „Кузман“

На денешната седница Владата донесе одлука за одобрување средства од буџетот за 2019 година во висина од девет милиони денари...

Европа1 ден

Западна Грција ја погодија поплави

Властите во неделата евакуираа десетици граѓани од поплавените домови во западна Грција, само неколку дена по загинувањето седум лица во...

Досие